Свет
Што читаат затворениците во Гвантанамо?

Неодамна британскиот магазин Times ја објави листата на најчитаните книги во затворот Гвантанамо. Во затворската библиотека има околу 14 илјади книги кои ги користат 229 затвореници
Кога еден репортер бил пратен во затворот за интервјуа со затворениците, го запрашал библиотекарот кои се трите омилени книги на овие луѓе. Без размислување: серијалот „Xари Потер“, „Дон Кихот“ на Сервантес и „Соништата на мојот татко“ од американскиот претседател Барак Обама. Во разговор со еден 36-годишен затвореник од Алжир сфатил дека она што најмногу го фасцинирало во приказните за малиот волшебник е сличноста на поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш, со злогласниот Валдеморт. Гвантанамо за овој затвореник бил еквивалент со Азакабан, затворот од „Хари Потер“ кој го чуваат бездушните мачители. „Изгледа сосем природна што фактот и фантазијата се соединуваат во Гвантанамо, објект на Бушовата администрација“, се вели во Times.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Песков: Русија и САД го продолжуваат дијалогот, Москва не го напаѓа енергетскиот систем на Украина

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија е задоволна од конструктивниот и ефикасен дијалог со Соединетите Американски Држави и дека контактите со американската страна се многу интензивни и продуктивни.
Песков потврди дека е на сила наредбата на претседателот на Русија Владимир Путин за мораториум на нападите врз украинскиот енергетски систем, пренесе Риа Новости.
Откако на 18 март беше постигнат договор со американскиот претседател Доналд Трамп дека конфликтните страни ќе се воздржат од напад на енергетски објекти, Путин и даде „соодветна наредба на руската армија“.
Иако Украина не одговори целосно на тој повик, Русија продолжи да го применува мораториумот, додека украинските сили продолжија да ги напаѓаат објектите во Русија, рече Песков.
Тој го истакна и значењето на Арктикот за Русија, наведувајќи дека Северниот морски пат е функционален и дека рударското богатство на регионот веќе се користи.
Тој нагласи дека меѓународната соработка на Арктикот е итна потреба, но и додаде дека Русија ќе продолжи да ги користи ресурсите на регионот во свој интерес.
Тој ја коментираше и 25-годишнината од првиот избор на Владимир Путин за претседател на Русија, нагласувајќи дека Русија за тоа време поминала долг пат, „од опстанок, економски и политички колапс, до развој и зголемена благосостојба“, пренесува Танјуг.
Тој додаде дека Русија сега стана стабилна земја, со развиен економски сектор и посилен територијален интегритет.
Европа
Утре во Париз самит за Украина, Макрон и Зеленски се среќаваат вечерва

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва ќе го прими својот украински колега Володимир Зеленски, пред самитот на земјите кои се подготвени да помогнат во обезбедувањето евентуален мировен договор меѓу Украина и Русија.
Франција и Обединетото Кралство ја предводат иницијативата за формирање коалиција составена од земји кои се подготвени да осигураат безбедносни гаранции во случај на прекин на огнот меѓу Русија и Украина.
Концептот треба да биде финализиран на самитот во Париз утре.
Западните сојузници на Украина размислуваат за надгледување на можна демилитаризирана зона на границата меѓу Русија и Украина, според информациите до кои дојде германската новинска агенција дпа.
Ова првенствено би се постигнало од воздух и со користење на технички средства како што се сателити и беспилотни летала. Поморските единици ќе бидат распоредени и за следење на слободата на минување во Црното Море.
Според плановите, конвенционалните мировни сили би можеле да се мобилизираат во рамките на Обединетите нации и би биле составени исклучиво од војници од непристрасни, трети земји.
Европските сили потоа би можеле да бидат стационирани на западната украинска граница и да понудат програми за обука за нивните украински партнери.
Главниот безбедносен гарант би биле Соединетите Американски Држави, нуклеарна суперсила.
Макрон ќе го прими Зеленски во 18 часот.
Регион
Уапсен Црногорец, пукал низ прозорец од неговиот стан во центарот на Белград

Белградската полиција го уапси В.М. (20) државјанин на Црна Гора, кој најверојатно рано утринава околу 6 часот од прозорецот од неговиот стан пукал со пиштол.
Неофицијално, полицијата пронашла неколку чаури пред зградата
Полицијата била повикана од преплашени граѓани кои ги слушнале истрелите.
Полицијата во станот на В.М. пронашла и неколку негови пријатели кои биле пијани.
За случајот е известено надлежното обвинителство.