Свет
Според ОН, Македонија на 72 место за квалитетот на живеење
Обединетите нации објавија индекс за квалитетот на живеење низ светот и според оваа листа, најдобро се живее во Норвешка, а најлошо во Нигер, пренесува Би Би Си
Македонија е на 72 место – таа е зад сите нејзини соседни држави.Според Обединетите нации, на Балканот, споредено со Македонија, единствено полошо се живее во Босна и Херцеговина.Подобри услови за живеење има во Албанија, која се наоѓа две места пред Македонија, како и во Србија, Црна Гора или во Романија.Најдобри услови на Балканот се бележат во Грција, се вели во извештајот.Нешто од него и за Британија, која веќе не е меѓу првите 20 земји во кои најдобро се живее.Британија од 16-то падна на 21-во место и е само неколку места пред Словенија и Андора.Во 1990-та Британија беше на високото 10-то место, но и дека нејзиниот бруто национален производ и образовен систем почнаа да каскаат зад оние во другите земји.Резултатите се темелат на податоци собрани во 2007-та поради што Исланд се наоѓа на третото место, пред да биде погоден од финансиската криза.Индексот на светската организација за човеков развој е критикуван од некои економисти дека користел сурови мерки во обид да го квантифицира квалитетот на животот по земјите.Критиките се однесуваат и на тоа што не биле земени во предвид човековата околина, нивото на загаденост и бројот на сончеви часови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

