Свет
Дванаесет мртви во експлозија во Кабул

Дванаесетмина загинаа, а 83 лица се повредени при експлозија на бомба во близина на индиската амбасада во Кабул, Авганистан, денеска, соопштиле од минситерството за внатрешни работи, пренесува „Ројтерс“
Експлозијата се случила во зграда во која имало пазар, спроти добро заштитената амбасада на Индија. Министерството за внатрешни работи на Авганистан е сместено во близина, а до него стигнале делови исфрлени од експлозијата.
Амбулнатни возила и друга помош тргнале кон местото на несреќата.
Полицаец за Ројтерс изјавил дека бомбата била во автомобил, но не можел да каже дали е самоубиствен напад.
„Бев зафатен со работа во близина кога се случи експлозијата. Прозорците се затресоа, а јас се стрчав кон моето комбе“, вели еден работник.
Индиската амбасада лани во јули беше нападната кога талибанец со самоубистван напад со бомба во автомобил уби 58 луѓе, вклучително и двајца индиски диппломати сениори, а ранети беа уште 141 лице.
„Последните информации што ги имаме се дека сите службеници во индиската амбасада се безбедни. Има само мали материјални оштетувања на зградата на амбасадата. Ја следиме ситуацијата“, вели за Ројтерс портпаролот на индиското Министерство за надворешни работи, Вишну Пракаш од Њу Делхи. Според него, прерано е да се шпекулира кој стои зад нападот.
Индиските власти за ланскиот напад ја обвинуваа пакистанската служба за разузнавање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелски министер за одбрана: Ако Хезболах нападне, повеќе нема да постои

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Хезболах ќе биде уништен ако либанската организација го нападне Израел како поддршка на Иран.
„Генералниот секретар на Хезболах не учи ништо од судбината на своите претходници и се заканува дека ќе дејствува против Израел по наредба на иранскиот диктатор.
Предлагам овој либански пион да биде внимателен и да разбере дека Израел го изгубил трпението со терористите кои му се закануваат. Ако се случи тероризам – Хезболах повеќе нема да постои“, напиша Кац во објава на Икс.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Израел штотуку е казнет

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека Израел „штотуку е казнет“, во порака објавена на социјалните мрежи пред неколку часа.
The Zionist enemy is being punished. It is being punished right now.
— Khamenei.ir (@khamenei_ir) June 20, 2025
Објавата, која сугерира дека Иран започнал нови напади врз Израел, дополнително ги засили тензиите меѓу двете земји.
Свет
Пожари кај канцелариите на Мајкрософт во Израел, пет лица се повредени

Фотографија покажува пожари што горат во близина на канцелариите на Мајкрософт во Бер Шева, јужен Израел, а оштетени се и станбени згради, јавува Би-би-си.
Пожарникарите и амбулантните возила се на местото на настанот. Според досегашните информации, пет лица се повредени и однесени во болница.
Се чини дека Иран повторно го нападна технолошкиот парк Гав-Јам, за кој иранските власти вчера наутро изјавија дека бил нивна цел кога ја нападнале блиската болница Сорока.