Свет
Се предаде бразилскиот пратеник што нарачувал убиства

Бразилски политичар и водител на криминалистичка ТВ емисија, е обвинет дека ги нарачувал убиствата за кои подоцна зборувал во емисијата. Тој во сабота и’ се предаде на полицијата откако извесно време исчезна по истекот на неговиот пратенички мандат кој го штитеше од истрагата
Валас Соуза пратеник од брзилската сојузна држава Амазонас и водителот на телевизиската емисија „Канал Либре“ е обвиент за нарачување убиства за на своето телевизиско шоу да му го обезбеди ексклузивитетот со снимки од настаните и да ја зголеми гледаноста. Емисијата била укината при крајот на 2008 г. кога Соуза бил обвинет за трговија со дроги и илегално поседување оружје. Сега тој се сомничи за нарачка на најмалку пет убиства кои требало да му ја отстраната конкуренцијата во трговијата со дроги и истовремено да ја зголеми гледаноста на неговата емисија, пренесе Reuters. При претресот на неговата куќа биле пронајдени нелегално оружје и големо количество муниција, а покрај нив запленила и 170 илјади долари во готовина.Сепак Соуза не беше ставен во притвор, бидејќи го штитеше имунитетот како политичар. Уапсен беше и неговиот син Рафаел Соуза и уште неколкумина полицајци. Вкупно во овој случај бразилската полиција уапсила 15 лица.Соуза кој некогаш и самиот бил полицаец пред новинарите ги отфрли обвиненијата и изјавил дека тоа е монтирана хајка против него од страна на неговите противници и дека против него нема никави докази, пренесува Associated Press.Бразилскито државен секретар за безбедност, Франциско Кавалканти, тврди дека има многу докази кои упатуваат на тоа дека таткото и синот Соуза испланирале неколку убиства од кои подоцна во неговата емисијa се емитувани ексклузивни видео материјали. „Неколкупати буквално ги произведуваа фактите, ги создаваа вестите. Тој и неговиот син нарачувале убиства и и’ јавувале на телевизиската екипа која потоа прва стигнувала на местото на настанот“, изјавил Кавалкани.Државиoт обвинител Фабио Монтеиро додал дека Соуза покрај горните обвиненија е осомничен и за тргување со оружје и за формирање злосторничкa организација. Пензионираниот полицаец Моасир Дакоста и’ признал на полицијата дека му помогнал при најмалку едно убиство кое Соуза го арачал за својата емисија, којашто заради голeмата гледаност му донeсла и голема популарност во цела Јужна Америка.Неговиот адвокат Франциско Балиеро трвди дека полцијата не поседува никакви докази против Соуза. Бразилските власти на сите полициски службеници, на судиите и другите инволвирани во случајот и во истрагата им понудила постојана полциска заштита, бидејќи веднаш по објавување на случајот во август годинава добивале закани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Фицо разговараше со Мерц: Предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен

Словачкиот премиер Роберт Фицо разговараше по телефон со германскиот канцелар Фридрих Мерц за рускиот гас и антируските санкции и го пофали конструктивниот пристап на Европската комисија (ЕК) кон резервите на Словачка во врска со предложеното суспендирање на увозот на гас од Русија од 2028 година, но истакна дека предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е „идеолошки“ и „штетен“.
„Верувам дека предлогот на ЕК за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен за целата ЕУ, а особено за Словачка, која по децении транзит на руски гас е на крајот од цевката без гас и директен пристап до терминали за течен гас. Овој предлог од ЕК, чие усвојување бара само квалификувано мнозинство, дополнително ќе ја оштети конкурентноста на целата ЕУ и ќе доведе до зголемување на цените на гасот за словачките домаќинства и индустријата“, истакна Фицо.
Фицо додаде дека доколку Словачка нема доволно гаранции за минимизирање и надоместување на штетата предизвикана од предлогот на ЕК за запирање на протокот на руски гас, ќе побара одложување на гласањето за 18-от пакет антируски санкции, за што е потребна согласност од сите земји-членки на ЕУ, пренесува TASR.
Регион
Мајка им давала на децата желе бомбони направени од канабис: уапсена 29-годишна жена во Грција

Полицијата во Ираклион, на грчкиот остров Крит, уапсила 29-годишна жена за која постои сомнение дека им дала на своите деца, на возраст од 14 и 10 години, препарати со канабис во форма на желе бомбони.
По консумирањето, децата се чувствувале лошо и биле префрлени во Универзитетската болница во Ираклион, каде што биле хоспитализирани на детското одделение, објавува грчкиот весник „Катимерини“.
Директорот на болницата, Јоргос Халкиадакис, изјавил дека нивната здравствена состојба е добра.
Жената, која работи во хотел, наводно изјавила дека пронашла желе бомбони во хотелскиот простор и, мислејќи дека се обични слатки, им ги дала на децата.
Предметот на истрагата го води Пододделот за сузбивање и истрага на кривични дела во Ираклион.
Се очекува резултатите од истрагата да фрлат повеќе светлина врз тоа дали мајката ја кажувала вистината, а доколку е така, да откријат како бонбоните стигнале до хотелот и дали имало некакви пропусти во безбедносните процедури.
Свет
ЕУ лансира нова платформа за вработување работници надвор од Унијата

Базата на таленти на Европската Унија (ЕУ), платформа за вработување што ги здружува работодавачите со седиште во ЕУ и граѓаните на земјите што не се членки, влезе во понатамошни преговори со европските законодавци, објави денес истражувачкиот центар во Брисел „Институт Егмонт“.
Платформата, која колоквијално се нарекува Тиндер за баратели на работа, алудирајќи на популарната апликација за запознавање и поврзување на луѓе, се преплетува со неколку други иницијативи на ЕУ, што ја зголемуваат конкурентноста на земјата преку пазарот на трудот, според написите на медиумите во регионот.
Базата на таленти беше претставена како дел од Пакетот за мобилност на вештини и таленти и треба да им помогне на работодавачите да ги пополнат празните работни места, како и да го решат недостатокот на работни места во секторот, и да им помогне на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ да најдат работа на стандардизиран и предвидлив начин во земјите-членки на Унијата.
Работодавачите во ЕУ, тврдат дека имаат тешкотии во наоѓањето кандидати, особено во малите и средните претпријатија, а околу 74 проценти од нив изјавиле дека во моментов се соочуваат со недостаток на квалификувани работници на барем една позиција во нивната компанија.
Земји како Белгија, Италија и Холандија имаат проблем со вработувањето долго време, а тој се дуплираше во последните пет години.