Свет
Руски мафијаш измамил американски инвеститори за 635 милиони долари
FBI распишал награда од 100 илјади долари за инфорамција која ќе помогне да биде уапсен рускиот мафијаш Семјон Могиљевич кој во САД се бара за измами од повеќе стотици милиони долари
Семјон Могиљевич од оваа седмица е ставен на список од 10-те најбарани бегалци, листа на чие чело е Осама бин Ладен.Агентите на Бирото се CCN рекел дека рускиот мафијаш е еден од најмоќните на оваа листа , дури помоќен и од босот на њујоршката мафијашко семејство Гамбино.„Тој е многу моќен човек . Мсилам дека е помоќен и од што би бил Џон Готи, бидејќи има способност да влијае врз цели нации. Готи никогаш не би тоа“, изјавил псецијалнито агент Мајк Диксон.FBI тврди дека Могиљевиќ се занимава со илегална трговија со оружје, меѓународна проституција, криумчарење дроги, уцени и палтени убиства. Но за агентите најголемиот проблем е неговото влиајние врз овие светски пазари, и неговиот пристап до големи пари и влегување во врски со криминалните организации. Според агентите тој со еден телефонски повик или наредба може дури и да влијае врз светската економија.FBI го бара заради стопанси лриминал, поточно голема финансиска измама во државата Пенсилванија. Могиљевич е обивнет дека преку неговата фирма YBM која имала канцеларии во градот Њутоун и била котирана на канадската берза, во 1993 до 1998 г. инвеститорите ги измамила за 635 милуони долари, меѓу кои имало и американски акционерикои изгубиле 150 милиони долари. Официјално, фирмата произведувала магнети во Унгарија, а највисоката вердност достигнала кога била проценета на милијарда долари. Американските власти сметаат дека YBM била дел од сложена мрежа во 20 држави, дека водела лажно книговодство, давал лажни ингормации до американската Комисија за хартии од вредност SEC, подмитувала книговодители и ги пумпала цените на своите акции. Претресот што го извршила во фирмата !998 г. открил документи кои вклучувале нарачки, сметки, товарни листови и технички цртежи, но магенти никаде немало. „Немаше махнети. Всушнсот неговите фирми само ги преместувале парите, преку банкарски сметки во Будимпешта и низ други држави, тие сметки на инвеститорите им ги прикажувале како купување суровини и продажба на магнети“, објаснил агентот Диксон.Бидјеќи Могиљевич контролирал многу акции, тој заработил огрномни пари, а кога FBI открил дека станува збор за измама, фирмата пропадна а инвеститорите ги изгубиле парите. Против Русинот во 2003 г. било подигнато обвинение од 45 точки кое содржи рекетирање, измама со обврзници, перење пари и др. Могиљевич тогаш живеел во Русија која со САД нема потпишан договор за израчување на обвинети и осудени бегалци. Руските власти го уапсиле но го пуштиле со кауција. FBI смета дека тој по уништувањето на фирмата влегол на меѓуанродниот енергетски пазар, како и дека има влијание врз гасоводи во источноевропските држави и компании кои се вклучени во споровите за гасот меѓу Русија и Украина. Преку тоа, пак, Могиљевич има влијание и врз некои влади и нивните економии, рекле за CNN федералните агенти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.