Свет
Деветнаесет убиени во мафијашка пресметка во Мексико
Деветнаесет убиства кои според начинот на кој се извршени упатува дека станува збора за пресметка на нарко картелите, биле извршени во северно Мексико минатата вечер
Локалните власти од пограничниот град со САД, Сиудад Хуарез соопштија дека меѓу убиените е и група од шестмина мажи кои се ликвидирани со автоматско оружје во еден бар на самата граница со Тексас.Во регионот на Сиудад Хуарез од февруари се распоредени 8.500 војници, но според се’ судејќи тие се немоќни во спречувањето на бруталните пресметки меѓу локалните кланови Хуарез и Синалоа. Во овој најопасен мексикански град годинава веќе се извршени повеќе од две илјади убиства. Минатата година на подрачјето на Сиудад Хуарез се убиени 1.653, известува локалната полиција. Градот е центар на илегалните патишта на дрогата за САД, а мексиканските нарко картели во 2006 г. водат војна за контрола на црниот пазар. Од тогаш досега настрадале вкупно околу 15 илјади луѓе. Мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон за помош на полицијата во справување со бандите ангажираше 50 илјади војници, кои исто така честопати се жртви и цел на напади на осилените мафијашки кланови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

