Свет
Масакрот во Форт Худ го запрела мајка на две девојчиња
Полицискиот наредник во цивилната полиција Кимберли Манлеј, е личноста која медиумите ја посочуваат како лицето кое му ставило крај на убивањето во тексашката база Форт Худ
Триесет и четири годишната Кимберли Манлеј во моментот кога започнало лудилот на мајорот Нидал Малик Хасан, го регулирала сообраќајот пред базата. Воениот психолог Малик од пиштол и полуавтоматска пушка почнал да пука врз војниците кои чекале на преглед за да заминат за Ирак, при шшто уби 13 и рани 31 лице. Тогаш полицајката со колегата потрчала кон местото на нападот пред Центарот за регрутирање.„Хасан само што исзлезе од зградата и Ким се најде само неколку чекори од убиецот кој само што застрела 40 луѓе.“, изјавил командантот на Форт Худ, генералот Роберт Кон.Хасан тогаш се движел кон ранет војник кој сакал да го дотепа, а полицајката во него истрелала четири куршуми пред падне. Претходно тој пукал на неа погодувајќи ја во двата колка и во зглобот на раката. Претходно Ким била активна во армијата, но откако се омажила и забременила ја напуштила. Нејзиниот маж Метју, пред шест месеци се вратил од својата втора мисија во Ирак, а тие имаат две девојчиња, Џајден на 2,5 години и 13-годишнат Хопе, пренесуваат американските медиуми. Кимберли Манлеј е висока само 150 центиметри но е инструкторка за гаѓање и припадничка на специјалнито тим за реакции во воеаната база Форт Худ, пренесува CNN. По масакрот од април 2005 г. во камусот на колеџот Вирџинија Теч, кога беа убиени 32 ученици, таа и тимот вежбале можни сценарија на вакви инциденти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.
Во четвртокот, на состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објави Киев Индипендент.
„Во последните месеци, членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија“, рече Столтенберг.
Свет
Во Аргентина откриен нов вид диносаурус
Аргентинските палеонтолози објавија дека откриле нов вид диносаурус, наречен Chakisaurus nekul, кој живеел пред околу 90 милиони години во областа на денешна Патагонија.
Chakisaurus nekula е тревојаден диносаурус со средна големина, а фосилот е пронајден во природниот резерват Пуебло Бланко, во јужната провинција Рио Негро, каде што претходно биле пронајдени бројни остатоци од други диносауруси, цицачи и риби.
Се смета дека најголемиот чакисаурус достигнал големина од три метри во должина и 70 сантиметри во висина, а новите студии покажуваат дека овој тип на диносаурус трчал брзо и имал невообичаено закривена опашка, наведува Ројтерс.
Свет
Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми
Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на огнот во Појасот Газа, откако палестинската милитантна група ја одби понудата подготвена од преговарачите од Катар, Египет и САД, пишува The Times of Israel повикувајќи се на израелски портали.
Воениот кабинет на Израел сега е подготвен да прифати ослободување на само 20 заложници во првата фаза од договорот под услов жените, мажите над 50 години и тешко болните да бидат ослободени, а кабинетот во четвртокот го овласти преговарачкиот тим на Израел да разговара за повеќе флексибилен пристап со египетската делегација, која денеска во Тел Авив ќе има дополнителни разговори, објави израелската веб-страница Инет.
Неименуван висок израелски функционер подоцна изјави за веб-страницата дека Израел всушност се согласил да ослободи 33 заложници, а веб-страницата наведе дека Хамас инсистирал бројот на ослободените заложници да биде приближно 20.
Претходниот предлог вклучуваше ослободување на 40 заложници во тие категории, но Хамас рече дека нема толку многу жени, мажи над 50 години и тешко болни кои се уште се живи.