Свет
На Филипини во предизборна кампања убиено 21 лице
Филипинската армија соопшти дека ги пронашла телата на 21 грабнато лице. Меѓу убиените има најмногу новинари и политичари, велат локалните медиуми
Оваа ликвидирана група, во која 13 од убиените се жени, а осум мажи, е грабната во понеделникот рано наутро на островот Миндао. Извештаите на локалните медиуми говорат дека во групата имало околу триесет лица.Според армијата на Филипини, нив ги киднапирала вооружена група, најверојатно од припадници на политичките ривали, кога сакале да ги пополнат листите за кандидатури на претстојните локални избори. Според локалните медиуми, убиените се упатиле кон изборната канцеларија во градот Магвиндау.Потполковникот Ромео Бравнер изјавил за Reuters дека телата на 13 мажи и осум жени биле пронајдени во област каде што околу 30 луѓе биле земени како заложници.„Веруваме дека повеќе тела се закопани. За жал, убиството се случило пред нашите војници да дојдат таму“, додал Бравнер. Други воени официјални лица изјавија дека убиените се поддржувачи на Геналин Тамзон-Мангудадату, која патувала да поднесе противкандидатура за нејзиниот сопруг на актуелниот гувернер на провинцијата Магуинданао, Дату Андал Ампатуан, првенец на едно од најмоќните локални семејства.Таа била придружувана од двајца адвокати, неколку членови од нејзиното семејство и неколку новинари.Во јужниот дел на Филипините се води жестоко клановско ривалство меѓу семјествата Мангудадату и Ампатуан, а многу политичари и избрани функционери во регионот финасираат добро вооружени приватни армии, пишуваат локалните медиуми.Од канцеларијата на филипинскиот претседател Макапагал Аројо, ветија брза акција.„Шокирани сме и гневни. Правдата и казната ќе ги стигне извршителите казнети кои и да се тие“, навел во соопштението Клаудио Гаврил, политички советник на претседателот Аројо. Изборниот процес на Филипините ќе почне во мај 2010 г., а од минатата седмица почна поднесување на кандидатурите за повеќе од 17.800 локални и државни функции.Предизборната кампања официјално почнува во февруари за кандидатите за претседател, потпретседател и за 12 места во Горниот дом на Конгресот. Локалните избори и гласањето за околу 300 места во Долниот дом на Конгресот, кампањата почнува на крајот од март, а изборите се закажани за 10-ти мај.Изборите на Филипини речиси редовно се проследени со насилство меѓу локалните спротивставени страни, особено во јужниот дел на земјата, каде што безбедносните сили се борат со комунистичките бунтовници, исламските радикали и на ривалските кланови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.

