Контакт

Свет

На Филипини уапсен главниот осомничен за масакрот на 57 политички противници

Објавено пред

Филипинската влaда во четврток наутро соопшти дека го уапсила главниот осомничен за масакрот во кој во понеделникот беа убиени 57 лица на југот од државата

dobivaj vesti na viber

Андал Ампатуан Џуниор, градоначалник на помал град и син на гувернерот на покраината Магуанданао, од островот Миндао, со хеликоптер треба да биде префрен во главниот град Манила на испитување, изјави филилипiнскиот министер за внатрешни работи, Роналдо Пуно.За масакрот во кој беа убиени вкупо 57 лица, осомничени се припадниците на полицијата под контрола на Ампатуан, кој е син на моќниот локален гувернер и член на коалицијата на претседателката Глориа Аројо. Од кланот Ампатуан ги негираат ове обвинувања.Масакрот, според локната полиција и медиумите, го извршиле вооружени лица во пресметка меѓу спротиставени локални кланови кои се судираат пред локалните избори.Локалните медиумии полицијата за масовното убиство уште во понеделникот го осомничи политичкиот сојузник на филипинската претседателка, односно  синот на гувернерот на провинцијата Магуинданао.Претседателката Аројо во вторник прогласи вонредна состојба на островот Миндао, за да се спречат поголеми крвопролевања меѓу клановите.Вооружена паравоена формација за која се верува дека е блиска на гувернерот на провинцијата во понеделникот грабна група меѓу кои имало и новинари и пратеници, и најмалку 14 жени. Потоа беа пронајдени 57 тела изрешетани со куршуми. Во групата од 57 лица имало најмалку 27 филипински новинари. Началникот на локалната полиција Џозефино Каталуна изјавил за Reuters дека бројката убиени новинари може да биде и поголема, бидејќи не се идентификувани сите жртви од масакрот кој се случи 930 километри јужно од Манила. Според локалните медиуми, убиените се упатиле кон изборната канцеларија во градот Магуинданао.Потполковникот Ромео Бравнер изјавил за Reuters дека телата биле пронајдени во област каде што луѓетo биле грабнати како заложници.„Веруваме дека повеќе тела се закопани. За жал, убиството се случило пред нашите војници да дојдат таму“, додал Бравнер.Други воени официјални лица изјавија дека убиените се поддржувачи на Геналин Тамзон-Мангудадату, која патувала да поднесе противкандидатура за нејзиниот сопруг на актуелниот гувернер на провинцијата Магуинданао, Дату Андал Ампатуан, првенец на едно од најмоќните локални семејства.Таа била придружувана од двајца адвокати, неколку членови од нејзиното семејство и  новинари. Убиените новинари ја следеле сопругата на заменик-градоначалникот на градот Балуна, Есмаел Мангудадату која требала да ја предаде неговата кандидатура за изборите на гувернер на покраината.Во јужниот дел на Филипините се води жестоко клановско ривалство меѓу семјествата Мангудадату и Ампатуан, а многу политичари и избрани функционери во регионот финасираат добро вооружени приватни армии, пишуваат локалните медиуми.Од канцеларијата на филипинската претседателка Аројо, ветија брза акција.„Шокирани сме и гневни. Правдата и казната ќе ги стигне извршителите казнети кои и да се тие“, навел во соопштението Клаудио Гаврил, политички советник на претседателката. Изборниот процес на Филипините ќе почне во мај 2010 г., а од минатата седмица почна поднесување на кандидатурите за повеќе од 17.800 локални и државни функции.Предизборната кампања официјално почнува во февруари за кандидатите за претседател, потпретседател и за 12 места во Горниот дом на Конгресот. За локалните избори и гласањето за околу 300 места во Долниот дом на Конгресот, кампањата почнува на крајот од март, а изборите се закажани за 10-ти мај.Изборите на Филипини речиси редовно се проследени со насилство меѓу локалните спротиставени страни, особено во јужниот дел на земјата, каде што безбедносните сили се борат со комунистичките бунтовници, исламските радикали и ривалските кланови.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

САД до своите граѓани: Веднаш напуштете го Израел

Објавено пред

Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби, ги повика вработените во амбасадата на САД кои сакаат да заминат да го сторат тоа „ДЕНЕС“ поради страв од можен ирански напад. Стејт департментот, исто така, ги ажурираше своите патни совети, советувајќи ги американските граѓани да не патуваат во Израел, објавува „Џерусалем пост“.

dobivaj vesti na viber

Според „Њујорк тајмс“, Хакаби испратил е-пошта до вработените во амбасадата во петокот во 00:04 часот, повикувајќи ги да резервираат летови каде и да можат за да ја напуштат земјата.

„Овој потег веројатно ќе предизвика огромна побарувачка за авионски билети денес“, напиша тој. „Фокусирајте се на обезбедување место до која било дестинација од која можете да летате до Вашингтон, но првиот приоритет е да ја напуштите земјата што е можно побрзо“.

Хакаби, исто така, рече дека ќе одржи состанок со американските граѓани во 12:30 часот за да им обезбеди дополнителни информации.

Истиот ден, Стејт департментот официјално го одобри заминувањето од Израел на владини службеници на несуштински должности и членовите на нивните семејства. Во општо соопштение, на американските граѓани им се препорачува „да размислат за напуштање на Израел додека се достапни комерцијални летови“.

Со зголемувањето на тензиите меѓу Иран и САД, кои се повеќе веројатно ќе ескалираат во вооружен конфликт, неколку земји ги повикаа своите граѓани да го напуштат Блискиот Исток или да не патуваат во регионот во последните денови. Канада издаде предупредување во петокот, повикувајќи ги сите граѓани да го напуштат Иран, предупредувајќи дека опциите за комерцијални летови може да бидат ограничени.

Кина им советуваше на своите граѓани да избегнуваат патување во Иран и ги повика оние во земјата да се евакуираат што е можно поскоро, наведувајќи ја безбедносната ситуација, објави државната новинска агенција Ксинхуа.

Австралиската влада им нареди на членовите на семејствата на австралиските дипломати во Израел и Либан да ги напуштат двете земји, наведувајќи ја влошената безбедносна ситуација. Исто така, понуди доброволно заминување на членовите на семејствата на дипломатите во Обединетите Арапски Емирати, Јордан и Катар.

Други земји кои ги предупредија своите граѓани да ја избегнуваат или да ја напуштат областа во последните месеци се Финска, Србија, Полска, Шведска, Индија, Кипар, Сингапур, Германија и Бразил.

Прикажи повеќе...

Регион

Воспитувачки во градинка во БиХ психички малтретирале петгодишно дете, му ставале пелена преку алиштата за да му се смеат

Објавено пред

Од

Две воспитувачки од предучилишната установа „Бамбини“ во Хаџиќи, кои биле уапсени вчера под сомнение за злоупотреба на деца, ќе бидат ослободени. Окружното обвинителство во Сараево му предложи на Општинскиот суд да им изрече мерки на забрана наместо притвор. Апсењата се случија околу петнаесет дена откако медиумите објавија детали за случај во кој родителите тврдат дека наставничките го понижувале и малтретирале нивниот син.

dobivaj vesti na viber

Воспитувачките А. Х. (25) и А. Х. (27) се осомничени за кривични дела психолошко насилство, занемарување или злоупотреба на дете и предизвикување полесни телесни повреди како соизвршители. Според родителите, наставниците ставале пелена преку облеката на момчето и ги охрабрувале другите деца да му се потсмеваат. Тие се осомничени и дека го повредиле додека се обидувале насилно да го стават во столче за хранење кое било премало за него.

По сослушувањето од страна на полицијата и обвинителството, побарани се мерки за забрана за осомничените, кои вклучуваат забрана за вршење работа поврзана со одгледување и грижа за деца, забрана за посета на установата „Бамбини“ и забрана за контакт со вработените.

Како дел од истрагата, директорот на градинката е уапсен и под сомнение за сторени кривични дела непријавување кривично дело или сторител, давање лажно сведочење и занемарување или злоупотреба на дете. Сепак, по кривичната обработка и сослушувањето, тој е ослободен по наредба на обвинителот.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Романија: Украинците соборија дрон на 100 метри од наше село, ние ги кренавме авионите

Објавено пред

Украина собори дрон во близина на границата со Романија за време на рускиот напад врз украинската пристанишна инфраструктура во текот на ноќта, соопшти романското Министерство за одбрана.

dobivaj vesti na viber

Министерството во соопштението наведува дека испратило борбени авиони да го следат нападот, по што дронот бил соборен на 100 метри од романското село Чилија Вече, кое е одвоено од Украина со реката Дунав.

Романија, членка на Европската Унија и НАТО, дели копнена граница од 650 километри со Украина. Дроновите постојано го нарушуваат нејзиниот воздушен простор, а делови од дронови паднале на нејзина територија откако Русија почна да ги напаѓа украинските пристаништа за време на војната.

Романија, исто така, ги крена борбените авиони во четвртокот кога дрон влезе во нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад врз украинската инфраструктура во близина на границата, соопшти Министерството за одбрана. Порано оваа недела, дрон, исто така, влезе во нејзиниот воздушен простор, додаде министерството.

Романија има законска рамка според која може да соборува дронови во мирно време ако се загрозени животи или имот, но сè уште не ја искористила.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Бајрам...

Македонија3 часа

(Видео) 73,2% ученици пушачи не биле спречени да купат цигари поради возраста, ИЈЗ спроведе истражување на 7,8 и 9-одделенци  

Од 2002 година, откога се прават истражувања за пушење меѓу учениците, во 2024 година е забележан највисок процент на ученици...

Македонија4 часа

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари

Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари....

Топ4 часа

Уапсена лихварка од Струмица: дала 2.700 евра, а барала да се вратат 15 илјади евра, фатена кога ја примала каматата

Вчера во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода 53-годишната Ј.Т. од Струмица. Според...

Македонија5 часа

10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета...

Свет6 часа

(Фото) Епстин сакал да купи вила во земја без договор за екстрадиција со САД еден ден пред апсењето

Само еден ден пред апсењето во 2019 година, Џефри Епстин се обидел да купи вила вредна повеќе милиони долари во...

Економија6 часа

Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања, известува Народната банка

Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење...

Македонија6 часа

(Видео) Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седница на пратенички прашања ја повика Владата да ја раскине концесијата за изградба на...

Регион7 часа

Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот...

Свет8 часа

Пакистанскиот премиер: Нема да има компромис во одбраната на нашата сакана татковина

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека вооружените сили на земјата „се целосно способни да ја скршат секоја агресивна намера“. „Нема...

Свет8 часа

(Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан

Пакистан го бомбардираше авганистанскиот главен град Кабул и две други провинции преку ноќ, неколку часа откако Авганистанците го започнаа својот...

Свет9 часа

Гислен Максвел: Клинтон и Епстин се запознаа преку мене

Една фотографија го прикажува Бил Клинтон како плива ноќе со Гислен Максвел, британска личност од високото општество подоцна осудена за...

Европа9 часа

Зеленски: Не сум најдобриот татко поради војната, мојот избор е должност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски проговори за личните предизвици со кои се соочува по годините војна, признавајќи дека неговите должности го...

Македонија19 часа

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија1 ден

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија1 ден

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија1 ден

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија1 ден

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија1 ден

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа1 ден

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...