Свет
Во поплавите во времето на муслиманскиот аџилак загинаа 77 лица

Во поплавите во пустинскиот дел од кралството Саудиска Арабија во текот на годинешниов муслимански аџилак во Мека животите ги изгубија 77 лица, потврдија во четврток попладне тамошните власти
Локалните власти на светиот муслимански град Мека објавија дека обилните дождови и бурата во средата биле толку силни што улиците биле претворени во потоци од кал, кои ги носеле со себе автомобилите и ги уривале куќите.Дождот кој се истурал час и половина предизвикал големи поплави во кои настрадаа 73 лица во Џеда и четири во Мека. Саудиските спасувачки екипи ссоопштија дека успеале да спасат 900 луѓе. Исто така, соопштено е дека меѓу аџиите нема загинати, но дека акцијата на спасување се’ уште трае. Во четврток дождот престанал да врне, а двата милиона аџии (колку што изнесуваа проценките на локалните власти) се собрале во подножјето на брдото Арафата, каде во пред 1.377 години порокот Мухамед ја одржал својата последна проповед. Агенциите пренесуваат дека неколку илјади Иранци одржале мал протест викајќи „Смрт за Америка, смрт за Израел“, а нивните водачи повикале на единство на муслиманите во светот. Аџиите денеска го минуваат денот во читање на Куранот и во молитви. Потоа ќе го продолжат аџилакот кон Муздалифа и ќе собираат камења со кои ги гаѓаат ѕидовите на мостот Џамарат кои го симболизираат ѓаволот (шејтанот), а во петок во Мека ќе го прослават празникот на жртвата Курбан Бајрам, кога се коле овен и месото се дели со сиромашните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Шахта во Њујорк експлодира неколку секунди откако по неа помина жена со деца

Безбедносна камера во американскиот град Паукипси, Њујорк, снимила драматичен момент кога капак на шахта експлодирал неколку секунди откако покрај неа поминала жена со количка и две деца, објави Би-Би-Си.
На видеото се гледа како жена турка количка и држи дете за рака додека оди по улица. Во моментот кога се оддалечени само неколку чекори има силна експлозија и од земјата избива оган и чад.
Според соопштението на противпожарната служба во инцидентот нема повредени, но во неколку згради во блокот била откриена висока концентрација на јаглерод моноксид.
„Жителите од околните згради се евакуирани додека нивото на гас не се сведе на безбедно ниво“, соопштија пожарникарите.
Причината за експлозијата се уште не е официјално потврдена, но се сомнева дека има технички дефект во електричната или гасната инфраструктура под коловозот.
Свет
Објавен мистериозниот портрет на Трамп кој Путин му го подари на американскиот претседател

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен го објави портретот што рускиот претседател Владимир Путин му го испрати на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март.
На него е претставен американскиот претседател по обидот за атентат, а автор на портретот е рускиот уметник Никас Сафронов.
Сликата го покажува Трамп со крената тупаница и траги од крв на лицето – потсетување на моментот на атентатот за време на настап во кампањата во Пенсилванија на 13 јули 2024 година.
Зад него се вее американско знаме, а во позадина се видливи Статуата на слободата и Менхетен во Њујорк.
Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.