Свет
САД во Авганистан ја прават советската грешка
Вашингтон ја повторуваат истата грешка што ја правеше советската армија кога изврши инвазија врз Авганистан, изјавил во вторник рускиот амбасадор во Кабул
Амбасадорот Андреј Аветисјан за германската новинска агенција DPA, покрај друго рекол дека можеби и грешките што ги правела поранешната советска армија и, според него, сега американските војски во Авганистан, – не можат да се избегнат. „Меѓународните сили се концентрираат на покраинските центри и ги оставаат без контрола руралните подрачја. Тоа беше проблем и за советската војска,а очигледно е проблем и сега“, појаснил Аветисјан. Советската Црвена армија изврши инвазија врз Авганистан на 25-ти декември 1989 г. И тогаш раководството на СССР почна обука на авганистански војници и полицајци, но според рускито амбасадор, тогаш имало повеќе успех. Според него, од пред осум години откако почна мисијата на меѓународната заедница предводена од САД и НАТО е запоставена цивилната компонента а во војната во Авганистан не може да се победи само со воени средства.„Колку примери му треба на човештвото ова да го сфати? Ова не е Втората светска војна, ќе влезете во Берлин и ќе речете – ’Денеска е Денот на победата’. Тоа во Авганистан нема да се случи“, рекол Аветисијан.Според рускито амбасадор во Кабул, неопходно е воените операции да се комбинираат со цивилната обнова на државата што е поважно и треба д асе зајакнува. „Во спротивно, коалициските сили со години и декади безуспешно ќе се борат овде“, вели Аветисјан за кого стабилизацијата на земјата е можна само единствено ако се обнови стопанството и младите Авганистанци да добијат можност и тој процес да биде поддржан и од нив самите и до меѓународната заедница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

