Свет
Во Техеран убиен внукот на опозицискиот лидер Мусави
Во судирите меѓу иранската полиција и демонстрантите во Техеран убиен е внук на опозицискиот лидер Мир Хосеин Мусави, соопштија опозициските сајтови Џарас и Парлеманњуз, пренесоа агенциите
Триесет ипетгодишниот Саид Али Мусави починал во болница откако бил повреден во градите на плоштадот „Ензелаб“ во центарот на Техеран.Интернет-страницата Џарас објави дека опозицијата планира митинзи на неколку плоштади во Техеран, како продолжение на антивладините демонстрации што се одржаа утрово.Во судирите меѓу полицијата и демоснтрантие во недела загинаа вкушно четири лица. Тројца демонстранти биле убиени при судир на полицијата со реформистичките сили во иранскиот главен град Техеран. Инцидентот се случил во центарот на Техеран, кога демонстрантите се судриле со полицијата.„Бројката на демонстрантите беше голем. Полицијата ги обиколи, а тие се разбегаа. Една група барајќи засолниште се затскри во една куќа во близина на плоштадот „имам Хосеин“ изјавил очевидец, чија изјави не може да биде потврдена од локалните медиуми, а ниту од меѓународните, бидејќи забрането е известувањето на странсктие новинари.Според друг сведок полицијата ги гонела демонстрантите на мотоцикли низ улиците на ТехеранПриврзаниците на опозицијата се собрааво саботата да демонстрираат против владата, на седмиот ден на смртта на големиот ајатолах Хосеин Али Монтазери, а во недела продолжуваат гоелмите протести.Иранската полиција со солзавец во недела ги растерува опозициските демонстранти во центрот на Техеран. Според интерентските страници на опозиција, на вториот ден протестите се шират.Демонстрантите запалиле полициски мотор, а полицијата ги блокирала приодите кон улиците каде се наошаат демонстрантите, пренесува Reuters повикувајчи се на опозициските станици.Агенцијата Associated Press наведува дека илајди полицајци интервенирале со поддршка на елитната единица Чувари на револуцијата во цетнарот на Техеран.Очевидците на интернетсктие страниц кои се единствената комуникациај што светот ја има со случувањата во иран, откако тамошните власти ги забранија странските дописништва, наведуваат дека илајдници демонстранти мирно одат кон плоштадот „имам Хусеин“, од каде теба да почне големиот протест.Страницата .Џарас пренесе утрово дека се’ почести се судирите меѓу демоснтрантите и полицијата.„Судирите се случуваат во различни делови на Техеран, вклучувајќи ја и улицата Харк. Таму има многу демоснтранти и нивната бројка постојано се зголемува“, пишувало на оваа интернет страница.Околу пладне иранската опозиција преку интернет страницата Џарас, соопшти дека во судирите со полицијата во иранската престолнина било убиено уште едно лице, пренесе Reuters.„Демонстрантите носејќи го неговото тело извикуваа антивладини пароли“, пренесува итнернетската страница Џарас.Убиениот бил застрелан близу местото каде што претходно во недела наутро беа убиени други тројца демонстранти на иранската опозиција. Очевидци кои поставуваат информации на интернетски странци како единствен извор на информации од Техеран, напишале дека мобилните телефони не работат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади
Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата на Трамп да преземе превентивни напади, изјави државниот секретар Марко Рубио, нудејќи ново објаснување за влегувањето на Вашингтон во конфликтот.
Таа логика предизвика поделени реакции меѓу водечките членови на Конгресот кои синоќа го слушнаа првиот брифинг на администрацијата на Трамп откако ги нареди нападите за време на викендот, објави „Гардијан“.
Рубио, директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, и претседателот на Здружениот штаб на вооружените сили, Ден Кејн, им се обратија на пратениците зад затворени врати на Капитол Хил пред гласањето за резолуцијата за воени овластувања. Се очекува резолуцијата да се гласа во Претставничкиот дом подоцна оваа недела.
„Беше кристално јасно дека ако Иран биде нападнат од некого, без разлика дали станува збор за САД, Израел или трета страна, тој ќе возврати со напад и ќе возврати врз САД“, им рече Рубио на новинарите.
„Знаевме дека Израел подготвува акција. Знаевме дека тоа ќе предизвика напад врз американските сили и знаевме дека ако не нападнеме превентивно пред да ги започнат своите напади, ќе претрпиме големи загуби“, додаде тој.
Потпретседателот Џеј Ди Венс синоќа во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека целта на САД е да се осигурат дека „Иран не може да има нуклеарно оружје“.
„Претседателот сака да им испрати јасна порака на Иранците и на целиот свет дека нема да застане сè додека не постигне исклучително важна цел – да се осигура дека Иран не може да добие нуклеарно оружје“, рече Венс, кој беше еден од најсилните противници на воената интервенција во администрацијата на Трамп и зборуваше поретко од Рубио за американските акции во Иран.
Свет
(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии
Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен од САД и Израел во текот на ноќта во понеделник, соопшти иранската влада.
Damage to UNESCO-listed Golestan Palace has been reported following recent U.S. and Zionist regime attacks. Cultural Heritage Minister Seyed Reza Salehi Amiri visited the site, as officials assessed the impact on this historic landmark.#iran https://t.co/OdBZ0bXcHc pic.twitter.com/hFOdvSufxz
— Government of the Islamic Republic of Iran (@Iran_GOV) March 2, 2026
Делови од палатата, вклучувајќи дрвени врати, традиционални персиски прозорци познати како орси и делови со украсни огледала, беа оштетени. Штетата ја потврди министерот за културно наследство, туризам и занаетчиство Сејед Реза Салехи Амири за време на посетата во понеделник, 2 март 2026 година.
Golestan Palace, a sparkling wonder in the center of Tehran, Iran.
A UNESCO Site with some of the most beautiful mirror mosaics from floor to ceiling ✨ pic.twitter.com/ZSfosR75Iv
— Muse (@xmuse_) January 8, 2026
Тој најави дека ќе биде составен извештај за инцидентот и доставен до УНЕСКО, нагласувајќи дека нападот е кршење на меѓународното право.
📷 Damage caused to the World Heritage site of Golestan Palace by the U.S-Israeli attack (1)
Golestan Palace was among the sites that sustained serious damage and destruction following the attacks carried out by the United States and the Israeli regime on Sunday night.#Iran pic.twitter.com/8AHPASkNue
— Government of the Islamic Republic of Iran (@Iran_GOV) March 2, 2026
Музејските артефакти од Палатата Голестан не беа оштетени бидејќи претходно беа преместени на безбедна локација. Преместувањето се случи по 12-дневната војна во јануари оваа година.

Палатата Голестан е историски комплекс од згради и градини кои датираат од времето на владеењето на шахот Тахмасп I од династијата Сафавид. За време на периодот Занд, палатата кратко служела како резиденција на Карим Кан, а за време на династијата Каџар била значително проширена за да стане дом на кралското семејство во новиот главен град.

За време на ерата на Пахлави, била користена за официјални церемонии и за прием на претседатели и истакнати странски гости. Впишана е на списокот на светско наследство на УНЕСКО во јули 2013 година.

Свет
Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток
Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток, вклучувајќи ги Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, поради нападите на САД и Израел врз Иран.
Помошникот државен секретар за конзуларни работи Мора Намдар изјави дека американските граѓани треба да заминат користејќи го достапниот комерцијален превоз „поради безбедносни ризици“.
Предупредувањето дојде откако одделот во последните денови ги ажурираше своите предупредувања за патување за неколку земји во регионот, советувајќи да не се патува. Предупредувањето издадено во понеделник ги опфаќа Бахреин, Египет, Иран, Ирак, Израел, Западниот Брег и Газа, Јордан, Кувајт, Либан, Оман, Катар, Саудиска Арабија, Сирија, Обединетите Арапски Емирати и Јемен.
Амбасадата на САД во Аман, Јордан, претходно во понеделник соопшти дека нејзиниот персонал ја евакуирал локацијата „поради заканата“.
Одделот, исто така, активираше меѓуагенциска кризна работна група за управување со ситуацијата и координирање на одговорот на САД на конфликтот, изјави американски функционер.

