Свет
Ал Каеда ја презема одговорноста за нападот во авионот над Детроит
Јеменскиот огранок на светската терористичка мрежа во понеделник навечер ја презема одговорноста за обидот со запаливо средство да се дигне во воздухот авионот кој на Божик леташе кон Детроит
Оваа изјава била проследена на неколку исламистичи интернет страници, пренесуваат агенциите, повикувајќи се на на IntelCenter кој ги лседи содржините на интернетските страници преку кои се огласуваат радикалните исламистички групи. Во пораката стоело дека тоа било одмазда за американските напади од минатата седмица против членовите на Ал Каеда во Јеменм од 24-ти декември кога нивнито водач Абдул Малик ал Хути бил тешко ранет во воздушниот напад а потоа починал. Во нападот загинаа 34 борци на Ал Каеда и исламисти, кои беа собрани со јеменската провинција Шабуа, на 650 километри источно од главниот град Сана, за да го договорат реализирањето на планираните атентати. Притоа се нагласува дека групата се заканува со нови терористички напади. Заканата е упатена и до американскиот народ. Во пораката имено се вели „Американците ги поддржуваат своите водачи и затоа треба да очекуваат наши нови напади. Имаме луѓе кои едвај чекаат да умрат“, наводно стои во изјавата.Ал Каеда на своите страници 23-годишниот Нигериец Умар Фарук Андулмуталаб го нарекува „братот од Нигерија“ кој направил „херојски напад“. Јеменските терористи, исто така, ги потврдуваат сомневањата дека Ал Каеда дошла до нов вид експлозив. Како што пишуваше во понеделник наутро The Washington Post, станува збор за експлозивот PETN, односно Абдулмуталаб на 25-ти декември сакал да детонира неколку грама од ескплозивот пантаеритритол тетранитрат. Ваков експлозив во август годинава имаше на себе Абдулах Хасан Таил Асири, се обиде да го убие припадникот на кралското саудиско семејство.И покрај тоа што како голем недостиг на обезбедувањето стои фактот дека Абдулмуталаб ги минал сите контроли, извор на американските медиуми од FBI рекол дека количеството било многу мало така што не можело да направи дупка во авионот. Дел од експлозивот бил вшиен во долната облека на Нигериецот, рекол извор на CNN. Досега се знае дека Абдулмуталаб бил придодаден на листата од 550 илјади потенцијални терористи, откако неговиот татко дал таква информација во американската амбасада во Јемен. Сепка, неговат виза била издадена во средината на 2008 г. со важност од две години, а било проценето дека информациите не се доволно убедливи за да му биде одземена визата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Свет
Уапсен уште еден осомничен за терористичкиот напад во Москва
Уште едно лице е уапсено во врска со терористичкиот напад на градското собрание Крокус во Москва на 22 март, соопшти денеска за „ТАСС“ портпаролот на полицијата.
„Уапсен е уште еден потенцијален осомничен во случајот со терористичкиот напад на Крокус. Инспекторите ја испитуваат неговата улога во тој напад“, изјави претставник на полицијата.
Полицијата уапсила државјанин на Таџикистан. Досега во врска со случајот се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворица извршители на нападот.
Според последните податоци, во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва загинале 145 лица.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.