Контакт

Свет

Хаос во Иран

Објавено пред

Иранските безбедносни служби ги апсат лидерите на опозицијата по неделните насилни протести во повеќето ирански градови каде десетици илјади граѓани протестирале против режимот на претседателот Ахмадинеџад, пренесува BBC

dobivaj vesti na viber

Протестите на иранската опозиција ја доживеаја кулминацијата во ендела на седмиот ден од жалост апо починатиот најголем дисидент ајатолахот Хосни Али Монтазери. Прво минатиот понеделник при погребот во светиот град Ком дојде до судири меѓу присутните почитувачи на Монтазери и полицијата што го обезбедуваше овој настан, а потоа незадоволството и протестите добиваа на интензитет и се претворија во масовни протести против актуелниот претседател Махмуд Ахмадинеџад. Опозицијата предводена од нејзиниот лидер Мирхосеин Мусави и во јуни масовно протестираше тврдејќи дека тогаш Ахмадинеџад ги фалсификувал изборните резултат во полза на сопствениот реизбор на претседателската функција. големи протест. И во јуни судирите меѓу демонстрантите и партиските милиции, полицијата и елитната гарда Чувари на исламската револуција беа жестоките и со жртви, но се стивнаа откако најголемите верски авторитети во Иран, му ја дадоа поддршката на Ахмадинеџад. Тогаш во неразјаснети околности беше убиена од огнено оружје, студентката по музика Неда Ага Солтан, која стана симбол на опозицискиот отпор во Иран.Забрането информирањеВо неделата според различни извори, убиени се меѓу осум и 15 демонстранти. Меѓу убиените е и внукот на Мусави, Сејед Али Мусави, чиј брат Сејед Реза Мусави ги обвини иранските служби дека го украле телото на брат му за спречат да се органзизра негов закоп кој може да биде иницијална каписла за нови жестоки демонстрации. Интернетските страници на опозицијата, Rahasabz, Narooz и Jaras пренесуваат дека во ноќта кон понеделник, иранската полиција го уапсила поранешниот ирански министер за надворешни работи, Ибрахим Јазди, лидер на Движењето за ослободување на Иран. „Иранските сили за безбедност го уапсиле Јазди во 3 часот наутро во неговиот дом и го одвеле во непознат правец“, пишувало на страницата Rahasabz, пренесуваат западните агенции.Associated Press се повикува на друг опозициски извори и пренесува дека бил уапсен и еден од најавторитетните ирански поборници за човекови права, Емад Баги. Порталите пренесуваат дека на улиците од повеќето ирански градови полицијата се обидува со солзавец да ги растера насобраните толпи народ. Но ваквите информации не можат да бидат потврдени од независни извори, бидејќи иранските власти ја ограничија работата на странските дописништва и не дозволуваат известување на странските новинари. Единствени контакти со свето за Иранците се опозициските интернет страници кои исто така може да бидат наскоро блокирани, пишуваат западните медиуми. Опозицијата обвинува за монтирани судски процесиВо септември беа организирани судења на неколку групи од околу стотина демонстранти, и тоа беа досега најголемите процеси кои се воделе во Исламската република Иран. Меѓу обвинетите за подривање на уставниот поредок и соработка со непријателска пропагнада, се наоѓаа и поранешни високи фунцкионери, како на пример поранешниот потрпетседател на државата Мохамад Али Абтахи. Лицата беа обвинети за незаконско демонстрирање, напади на воени и владини згради, поврзаност со вооружени опозициски групи и заговор против режимот. За овој процес можеа да информираат само државните медиуми кои се под силна контрола на власта. А како што известија тие, повеќето обвиенти ги признале делата. Абтахи наводно изјавил дека и’ наштетил на државата со оспорувањето на изборните резултати според кои Ахмадинеџад уверливо победил и дека опозицискиот противкандидат Мирхосеин Мусави и поранешните претседатели Мохамад Катами и Али Акбар Рафсанџани ги организирале протестите.Тројцата опозициски лидери и набљудувачите го отфрлија ваквото признание на Абтахи и сметаа дека тоа е лажирано или изнудено со присила. Според нов, овие монтирани процеси се само доказ дека режимот се соочува со незадоволство на граѓаните. Обвинетите инаку минаа неколку седмици во притвор без можност да се сретнат со нивните адвокати. Опозицијата тврди дека тие изгледале многу лошо и смета дека врз нив е вршена психичка и физичка тортура.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Објавено пред

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.

dobivaj vesti na viber

Во четвртокот, на состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објави Киев Индипендент.

„Во последните месеци, членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија“, рече Столтенберг.

Прикажи повеќе...

Свет

Во Аргентина откриен нов вид диносаурус

Објавено пред

Аргентинските палеонтолози објавија дека откриле нов вид диносаурус, наречен Chakisaurus nekul, кој живеел пред околу 90 милиони години во областа на денешна Патагонија.

dobivaj vesti na viber

Chakisaurus nekula е тревојаден диносаурус со средна големина, а фосилот е пронајден во природниот резерват Пуебло Бланко, во јужната провинција Рио Негро, каде што претходно биле пронајдени бројни остатоци од други диносауруси, цицачи и риби.

Се смета дека најголемиот чакисаурус достигнал големина од три метри во должина и 70 сантиметри во висина, а новите студии покажуваат дека овој тип на диносаурус трчал брзо и имал невообичаено закривена опашка, наведува Ројтерс.

Прикажи повеќе...

Свет

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Објавено пред

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на огнот во Појасот Газа, откако палестинската милитантна група ја одби понудата подготвена од преговарачите од Катар, Египет и САД, пишува The Times of Israel повикувајќи се на израелски портали.

dobivaj vesti na viber

Воениот кабинет на Израел сега е подготвен да прифати ослободување на само 20 заложници во првата фаза од договорот под услов жените, мажите над 50 години и тешко болните да бидат ослободени, а кабинетот во четвртокот го овласти преговарачкиот тим на Израел да разговара за повеќе флексибилен пристап со египетската делегација, која денеска во Тел Авив ќе има дополнителни разговори, објави израелската веб-страница Инет.

Неименуван висок израелски функционер подоцна изјави за веб-страницата дека Израел всушност се согласил да ослободи 33 заложници, а веб-страницата наведе дека Хамас инсистирал бројот на ослободените заложници да биде приближно 20.

Претходниот предлог вклучуваше ослободување на 40 заложници во тие категории, но Хамас рече дека нема толку многу жени, мажи над 50 години и тешко болни кои се уште се живи.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 минути

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет28 минути

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија49 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет1 час

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион1 час

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет1 час

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија12 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија13 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија13 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија15 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија19 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ19 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија20 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија22 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија22 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија22 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија23 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија23 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија1 ден

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...