Свет
Сомалиските пирати киднапирале британски танкер во Аденскиот Залив
Сомалиските пирати киднапираа британски танкер за пренос на хемикалии, во Аденскиот Залив, потврдија денеска британските поморски власти во Лондон, пренесуваат лондонски медиуми
Бродот „Сент Џејмс парк“ е киднапиран во понеделникот доцна ноќта, додека бил на патот од Шпанија Тајланд. Откако е пресретнат од пиратите, наложено му е да го промени курсот на пловењето кон северниот брег на Сомалија, каде се очекува да пристигне вечрева. Бродот плови под британско знаме, но на него нема британска посада. Сите 26 членови на екипажот се странци, морнари и технички и помошен персонал од Русија, Украина, Полска, Романија, Бугарија, Турција, Грција, Грузија, како и од Индија и Филипините.Хемикалиите што ги пренесува британскиот танкер се наменети за производство на пластика. Морските води околу Сомалија се означени како најопасните во светот, поради широко распростанетото пиратство. Досега десетина бродови се чуваат заробени во очекување нивните сопственици да платат откуп. Пиратството во Сомалија се претвора во вносен „бизнис“ за поранешните рибари од оваа земја, што ја користат долгата политичка нестабилност и непостоењето на цврста и стабилна власт во оваа африканска држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.