Свет
Премиерот на Хаити споменува стотина илјади жртви во земјотресот
Премиерот Жан-Мас Белериве изјавил за CNN дека страхува дека земјотресот однесол „повеќе од стотина илјади жртви“
На прашањето според проценките на властите на Хаити, колкава бројка загинати може да се очекува, премирот Жан-Макс Белериве рекол дека досега немало доволно време ниту приближно да се процени бројката настрадани, но имајќи ги предвид многуте до темел урнати објекти, во главниот град Порто-о-пренс, тој рекол дека верува оти „може да има многу над 100 илјади жртви“.Тој изразил надеж дека многу успеале да се спасат навреме бегајќи додека земјата се’ уште се тресела, бидејќи по главниот потрес улиците биле преполни со луѓе. Белериве рекол дека тој и неговите министри веднаш почнале со обиколки во разни делови на престолнината и се увериле дека станува збор за оргомни разурнувања. Екипата на CNN го прашала премиерот дали неговата влада ќе биде способна да го одржи редот по катастрофата, на што Белериве одговорил дека ситуацијата засега е мирна, дека се настојува да се пружи помош на настраданите и дека верува дека владата ќе може да го одржи мирот меѓу населението, како и по разорните торнада кои во 2008 г. ги погодија Хаити. Земјотресот со магнитуда од 7,3 степени по Рихтер го разурна главниот град Порт-о-пренс и околината, инаку густо населен регион во кој живеат меѓу 2,5 и три милиони жители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.
Свет
Саливан: САД нема на располагање ниту еден „Патриот“ систем за противвоздушна одбрана што би можел да го достави до Киев
Советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џејк Саливан, рече дека Вашингтон во моментов нема достапни системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ што би можел да му ги достави на Киев.
„Американските системи „патриот“ се распоредени низ целиот свет, вклучително и на Блискиот Исток, за да ја заштитат американската војска. Доколку има можност да се ослободи батерија, ќе ја испратиме во Украина“, рече тој, а пренесе телевизијата „Ем-ес-ен-бси“.
Истовремено, Саливан додаде дека Америка, додека не дојде во ситуација да испрати свои „патриотски“ системи во Украина, ќе работи да ги убеди своите сојузници од Европа да ги испратат своите системи за противвоздушна одбрана.