Свет
Научниците со години предупредувале за разорен земјотрес на Хаити
Сеизмолозите со години наназад предупредувале дека карипскиот остров Хиспањол кој Хаити го делат со Доминиканска Република е под закана од катастрофален земјотрес бидејќи лежи на тектонска раседлина
Петмина научници својот труд во кој се предупредува на можен силен земјотрес во регионот го претставиле на 18-та Карипска геолошка конференција во март 2008 г. во Сан Доминго, во Доминиканска република, нагласувајќи дека целиот регион на раседлината на јужната страна на островот претставува голема сеизмичка опасност. Земјотресот што утринава го погоди Хаити со силина од 7,3 степени по Рихтер се случил токму по должината на оваа раседлина во зоната позната како Енрикуљо-Плантан Гарден.„Ние бемве загрижени заради тоа. Проблемот со тој вид удар е дека може да остане во мирување, заспан, со стотина години. Затоа е тешко да се предвиди што ќе се случи“, изјавил за CNN еден од авторите на споменатиот труд, Пол Ман, истражувач од Институтот за геофизика на Универзитетот Тексас.Наодите на овој тим стручњаци следеле по истражувањата објавени во 2004 г. во магазинот Journal for Geophisycal Research во кои двајца научници утврдиле зголемена опасност од земјотрес во раседлината Септемтрионал која се протега долж долината Цибао на северот од Доминиканска Република. „Тоа е едно од најсеизмичките подрачја во светот. Геолозите не би требале да биде изненадени со земјотресот“, изјавил еден од авторите на таа студија, Јиан Лин од Океанографскиот институт Вудс Хол во Масачусетс. Според него, дека земјотресот, заради тоа што епицентарот бил многу блиску до главниот град и затоа што станува збор за многу густо населено подрачје и во сиромашна земја со слаби градби може да предизвика многу жртви.Мајкл Бланпејд, помошник на координаторот на Програмата за истражување на опасности од земјотреси при Геолошкиот институт на САД, на интернетската страница на институцијата вели дека од исток на запад на Хаити се протега тектонски расед кој ја дели Северноамериканската и Карипската тектонска плоча и дека при сабајлешниот земјотрес дошло до нивно хоризонтално придвижување. Последиците се катастрофални, бидејќи станува збор за релативно плиток замјотрес, епицентарот е на длабочина од само осум километри, смета Бланпејд. „Три нешта ја одредуваат силината на земјотресот: локацијата, длабочината и магнитудата. Овој земјторес е лоциран релативно плитко, затоа населените подрачја во близина на овој расед се многу силно затресени“, вели научникот. Во главниот град Порто-о-пренс се урнати илајдници згради и други објекти, а хаитскиот премиер Жан-Макс Белериве изјави во средата доцна попладне дека се страхвуа дека бројката настрадани може да биде многу поголема од сто илјади. На поширокото подрачје на градот живеат меѓу 2,5 и 3 милиони жители, од вкупно 9,6 милиони жители. Хаити е најсиромашната држава на Западната хемисфера со дури 80 отсто од населението кое живее под границата на сиромаштија, од кои половината заработуваат помалку од 400 долари годишно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.

