Свет
Девојка на Хаити спасенa жива 15 дена по земјотресот
Француските спасувачи под урнатините во Порт-о-пренс пронашле девојка која успеала да преживее 15 дена под урнатините
Седумнаесетгодишната Дарлен Етиен била извлечена жива со повредена нога и дехидрирана. Таа била најдена во урнатините на куќа во кругот на Uниверзитетот Сан Жерар, а по спасувањето била згрижена во француската болница.Еден од спасувачите за Reuters изјавил дека девојката била во шок, расплакана, но среќна и дека е вистинско чудо како издржала толку време под урнатините.Associated Press ја пренесува изјавата на нејзиното семејство кое досега сметала дека нивната Дарлен загинала во земјотресот од 12 јануари, кога беше уништeн главниот град на Хаити.Според последните проценки, во земјотресот кој имаше магнитуда од 7,3 степени според Рихтер, загинале околу 200 илјади луѓе, додека милион и пол останаа без домови. Стотици илјади преживеан се’ уште живеат на улиците, а преживуваат од хуманитарната помош.Пред Дарлен, во вторникот американските војници од урнатините на станбена зграда во центарот на градот извлекоа 35-годишен маж кој успеа да преживее затрупан 14 дена по катастрофата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.