Свет
Русија “лансира” авиони од петтата генерација
Русија до крајот на јануари ќе го тестира својот нов борбен авион од петтата генерација за кој се претпоставува дека е одговор на технолошката супериорност на американското воздухопловство, изјавија извори од руската армија.
Русија до крајот на јануари ќе го тестира својот нов борбен авион од петтата генерација за кој се претпоставува дека е одговор на технолошката супериорност на американското воздухопловство, изјавија извори од руската армија.Надзвучниот борбен авион е невидлив за радарите, а има и напредни управувачки и борбени уреди.Авионот се развива во компанијата Сухој и се очекува да биде готов до крајот на овој месец.Воените експерти, новиот авион го гледаат како одговор на американскиот Ф-22 Рептор кој се смета за најнапреден авион од петтата генерација./крај/хн/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белорусија почна да ја проверува подготвеноста на вооружените сили за распоредување нуклеарно оружје
Белорусија почна да ја проверува подготвеноста на своите вооружени сили за распоредување на тактичко нуклеарно оружје паралелно со подготовките за нуклеарна вежба што ја спроведува Русија, објавија белоруските државни медиуми.
Државната новинска агенција Белта го цитираше белорускиот министер за одбрана Виктор Кренин дека претседателот Александар Лукашенко наредил ненајавена инспекција на силите одговорни за овој тип на оружје, пренесува Ројтерс.
„За време на инспекцијата ќе биде проверен целиот опсег на активности од планирање, подготовка и употреба на тактичко нуклеарно оружје“, рече Кренин, додавајќи дека проверките ја вклучуваат ракетната дивизија „Искандер“ и ескадрилата на авионите СУ-25.
Европа
Полскиот премиер: Европа мора да ја зголеми одбраната
Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека Европа ќе мора да ги зголеми своите одбранбени капацитети за да избегне конфликти и да биде побезбедна и повторно повика на развој на заеднички европски систем за противвоздушна одбрана.
Минатата година Полска одвои речиси четири отсто од својот бруто домашен производ (БДП) за одбраната со цел да ги зајакне сопствените воени капацитети.
На Европскиот економски конгрес на југот на Полска, Туск ги повика земјите од ЕУ да ги зголемат трошоците за одбрана за најмалку 100 милијарди евра.
„Европа мора да биде подготвена во следните десет месеци и следните пет години за ситуација во која ниту една сила нема да се осмели да крене рака против неа“, рече Туск.
„Голема сума пари (за европска безбедност) ќе ја оддалечи војната од европските граници долго време, можеби и трајно“, смета Туск, повторувајќи ја потребата од заеднички систем за противвоздушна одбрана.
„Мора да бидеме способни да го одбраниме нашето небо“, порача Туск.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, исто така присутна на конгресот, се согласи дека Европа мора да троши повеќе за одбраната и вети дека доколку остане на чело на Комисијата, ќе предложи нови проекти во областа на одбраната. .
Таа претходно предложи назначување постојан европски комесар за одбрана.
Европа
Шпанските студенти планираат протести против Израел
Студентите во Шпанија во наредните денови би можеле да почнат протести против „геноцидот што го изврши Израел во Палестина“ по примерот на универзитетите во САД, Холандија и Белгија, изјавија нивните претставници за шпанските медиуми.
На Филозофскиот факултет во Валенсија, приморски град на југозападот на земјата, студентите веќе една недела спијат во шатори и секојдневно протестираат.
„Бараме од нашиот универзитет да ги прекине сите врски со институциите и компаниите што соработуваат со Израел“, изјави 20-годишната Естер Монге, студентка по политички науки и социологија за весникот „Ел Паис“.
Во моментот многу универзитети одржуваат состаноци, на кои студентите и професорите гласаат за блокадите на факултетите.
„Студентскиот совет ќе одлучи за активностите во наредните денови“, рече Марија Хозе Лера, координаторка на „Палестиниум“, група за солидарност со палестинските аспирации.
Лера, која има докторат по психологија на Универзитетот во Севилја, вели дека моменно се одржуваат состаноци на универзитетите во Мадрид, Сарагоса, Барселона, Жирона, Гранада и во други градови.
Во понеделникот стотици студенти се собраа пред Универзитетот во Барселона, каде што ги развиорија своите транспаренти.
„Сакаме нашите факултети да ги прекинат сите односи со Израел и компаниите што работат таму“, рече 24-годишниот Пабло Кастиља, дипломиран студент по јавна политика.
Во Мадрид сѐ уште нема протестно кампување, но има демонстрации. На автономниот универзитет во Мадрид планираното предавање за НАТО беше откажано под притисок на пропалестинските демонстранти.
Друг јавен универзитет, Universidad Complutense de Madrid, објави декларација со наслов „Со Палестина против геноцидот во Газа“.
„По влошувањето на насилството врз палестинскиот народ, ги повикуваме професорите, истражувачите и вработените во администрацијата да се спротивстават на колективното казнување на Палестинците што го спроведува Израел“, се вели во декларацијата усвоена од администрацијата на Факултетот за политички науки и социологија.
Сведоци сме на геноцидот врз палестинскиот народ, што е продолжение на децениското систематско насилство врз палестинскиот народ и неговата присилна емиграција“, се вели во декларацијата објавена на веб-страницата на Факултетот.