Свет
Во офанзивата на НАТО убиени 27 талибани
Во заедничката офанзива на авганистанската армија и меѓународните сили предводени од американските маринци, билe ликвидирани 27 талибански бунтовници а загинале и четири војници на НАТО. Според последните информации на Reuters, маринците биле нападнати и водат престрелка со група талибани
команданти изразуваат задоволство од досегашниот тек, пренесуваат агенциите.Околу 15 илјади војници се движат во офанзива кон градот Марџах а командата на здружените сили во операцијата „Заедно“ соопшти дека во досегашниот тек биле ликвидирани 27 талибански борци, а загинал еден американски и еден британски војник.Генералот Гордон Месенџер, портпарол на британската војска во Авганистан соопштил дека меѓународните сили влегле во градот Мар, каде ги обезбедуваат стратешките објекти. Тој додал дека досега војската наишла на неочекувано слаб отпор.Авганистанскиот министер за одбрана Рахим Вардак, изјавил дека во регионот останале неколку стотици талибански борци а другите избегале уште пред почнувањето на офанзивата. Операцијата на заедничките трупи на Авганистан и на НАТО беше најавена две седмици однапред, што требаше да има ефект брз колебливите бунтовници и врз локалното население да се евакуира за да се избегнат цивилни колатерални жртви и да не бидат жив ѕид на талибаните.Во саботата беше преземена досега најголема офанзива насочена кон талибанските упоришта на југ од Авганистан. Операцијата Муштарак (Заедно) почнала откако претходно е изведен хеликоптерски десант на американските маринци и авганистански војници на подрачјето на градот Маџрах. Како што најави претходно командата на НАТО, првенствената цел на оваа офанзива е да се направи пресвртница во воената ситуација во земјата во моментите кога талибаните ги интензивираа своите акции и самоубиствени напади во авганистанските градови.Новата офанзива подготвена од САД има цел да им зададе силен удар на талибаните а главна цел е Марџах, градот во јужната провинција Хелманд кој е главното место за нивната логистика.Британските војски во Авганистан уште минатата сабота почнаа со хеликоптерски напади во провинцијата Хелманд, подготвувајќи го теренот за офанзива на градот Марџах. Борбите што се очекува да се случат за неговото освојување, ќе бидат едни од најжестоките и најголеми во осумгодишната војна во земјата, пишуваат американските медиуми. Според нив, нападот на градот ќе претставува тестирање на новата тактика која претходно е испробана во Ирак.Првиот напад врз градот со 80 илјади жители, треба да го изведат неколку илјади американски маринци и војници на НАТО, а веднаш по нив ќе следат екипи кои треба да помогнат во воспоставување на јавните служби и власта во градот, за да се добие поддршка од локалното население.Американските аналитичари забележуваат дека талибаните засега не покажуваат знаци на вознемиреност, иако во Авганистан ќе бидат распоредени уште дополнителни 30 илјади странски војници. Напротив, тие ги проширија нападите до југот на земјата развлекувајќи ја поставеноста на меѓународните војски. „Бројката талибански борци се зголемува секој ден. Нема значење колку војска ќе испратат Американците, талибаните и натаму ќе продолжат со џихадот“, изјавил еден од нивните портпароли.НАТО има проценка дека бројката на бунтовниците од 400 во 2004 г. се зголемил сега дури на 30 илјади. Многу од локалните селски старешини за Associated Press изјавиле дека многу бунтовници се враќаат од Пакистан, каде се засолнуваат.Талибаните во сите авганистански провинции воспоставија паралелна власт, а нивните шеријатски судови побрзо ги решаваат споровите за земјата отколку авганистанските судови. Тие на своите борци им даваат поголеми плати од платите во авганистанската армија. Нивниот главен проблем е што не можат да регрутираат борци надвор од паштунската заедница кое е 40 отсто до вкупното население.Ричард Барет кој го води тимот на Обединетите нации за следење на талибаните и Ал Каеда, смета дека талибаните најверојатно дошле до крајните граници на нивното ширење но истовремено стануваат и позбиено движење кој има командна структура од лидерот Мулах Мохамед Омар до командантите на теренот.Американските аналитичари велат дека претседателот Барак Обама доцни со стратегијата, која според нив е компромис меѓу барањата на командантите во Авганистан и она што домашната јавност може да го апсорбира без поголеми противеа.Инаку, генералот Дејвид Петраус, автор на стратегијата применета во Ирак, изјави дека Авганистан ќе биде најкрвавата и најтешка војна која САД ќе ја водат по подолго време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина го осуди притисокот од Унгарија и Словачка
Министерството за надворешни работи на Украина го осуди и отфрли, како што наведува, притисокот и ултиматумите од владите на Унгарија и Словачка поврзани со снабдувањето со енергија. Од Киев велат дека ваквите потези се провокативни и неодговорни, особено во момент кога Русија извршува масовни напади врз украинската енергетска инфраструктура.
Во соопштението се наведува дека заканите од Будимпешта и Братислава ја загрозуваат енергетската безбедност на целиот регион.
„Во услови кога Москва се обидува да им ги скрати струјата, греењето и гасот на Украинците оваа реторика му помага на агресорот и истовремено им штети на енергетските компании од Унгарија и Словачка“, се вели во соопштението.
Алтернативни начини на снабдување
Украина соопшти дека е во постојан контакт со Европската комисија за последиците од руските напади и дека им доставила информации на Унгарија и Словачка за оштетувањата на нафтоводот Дружба. Работите за стабилизирање на инфраструктурата продолжуваат и покрај постојаната закана од нови ракетни удари.
Киев, исто така, понудил алтернативни начини за снабдување со неруска нафта за Унгарија и Словачка.
„Украина секогаш била, е и ќе остане доверлив енергетски партнер на Европската унија и транзитна земја за енергенси“, се вели во соопштението.
Украина најави дека може да активира Механизам за рано предупредување предвиден со Договорот за асоцијација со ЕУ, поради како што велат, неоснованите закани.
Киев ги повика владите на Унгарија и Словачка на конструктивна соработка, истакнувајќи дека ултиматумите треба да се испраќаат до Кремљ, а не до Украина.
Закани од Словачка и Унгарија
Словачкиот премиер, Роберт Фицо, порача дека ќе ја прекине итната испорака на електрична енергија за Украина ако Киев во рок од два дена не продолжи со испорака на руска нафта кон Словачка. Словачка, заедно со Унгарија, е една од ретките земји на ЕУ што сè уште зависи од руска нафта преку нафтоводот Дружба.
И унгарскиот премиер, Виктор Орбан, се закани дека Унгарија може да ја запре испораката на електрична енергија за Украина ако не се обнови транзитот на нафтата. „Ако тоа го запреме, може да се случат сериозни последици“, рече Орбан.
Прекин на испораката на нафта
Испораката на руска нафта преку нафтоводот Дружба е прекината од 27 јануари, откако според Украина, руски дрон нападнал опрема во западна Украина. Словачка и Унгарија во последните денови ја заострија својата реторика за продолжување на снабдувањето.
Од октомври минатата година, Русија го засилила нападите врз украинскиот енергетски систем, уништувајќи снабдување со струја и топлина. И покрај војната, Украина продолжува да дозволува користење на својот територија за извоз на руска енергија во Европа, иако таа е значително намалена.
Свет
Американски професор по право: Трамп ризикува нови тужби за најновите царини
Американскиот професор по право, Алан Б. Морисон, изјави дека би бил „шокиран“ ако не следуваат нови тужби против Доналд Трамп поради најновите глобални царини што американскиот претседател ги воведе за увоз во САД.
Морисон, професор на Правниот факултет на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“, за Sky News изјави дека Трамп „се обидува да направи многу работи што според законот не може“.
„Вчера рече дека ќе воведе давачка од 10 отсто, денес е 15 отсто, утре може да биде 25 отсто“, истакна професорот.
Претходно Трамп порача дека новата глобална царина од 15 отсто за увоз стапува на сила веднаш и дека станува збор за максималната стапка што може да ја наметне според постојното законодавство.
Морисон предупреди дека претседателот има „страшна буџетска нерамнотежа“ и дека би можел да мора да врати околу 150 милијарди долари на увозниците, што би претставувало „голем проблем за него“. Парите се од претходно воведените царини кои Врховниот суд ги прогласил за незаконски, но Трамп инсистира дека нема да бидат вратени.
Професорот објасни дека Трамп можел да воведе нови царини преку други закони кои во одредени околности тоа дозволуваат, со цел да се обиде да надомести дел од загубите од претходните царини.
Свет
Трамп ги зголемува новите царини од 10 на 15%
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ќе воведе глобални царини од 15%, продолжувајќи да се спротивставува на одлуката на Врховниот суд со која се укинати неговите претходни царини за увоз.
Трамп во петокот изјави дека ќе ги замени царините што ги укина судот со данок од 10% на сите стоки што влегуваат во САД.
Но, сега на „Truth Social“ тој објави дека ова ќе се зголеми на 15%.
Новите царини ќе стапат на сила во вторник, 24 февруари, и можат да останат на сила само околу пет месеци пред администрацијата да мора да побара одобрение од Конгресот.

