Свет
Ахмадинеџад: Нема причина Израел да постои

Иранскиот претседател на прес-конференција изјавил во присуство на радикалните палестински лидери, изјавил дека нема причини за постоење на Израел и дека еврејската држава е изворот на нестабилноста во регионот
„Благодарејќи на Божјата милост и на палестинскиот отпор, повеќе нема причина за постоење на окупацискиот ционистички режим“, изјавил пред новинарите Махмуд Ахмадинеџад на конференцијата на која Иран им даде поддршка на палестинските организации и движења.„Нивното присуство во регионот, па макар и да е за најмалото парче земја, е извор на закани, кризи и војни, а единствен начин да се сузбие, е отпорот на палестинската младеж во државните во регионот“, додал Ахмадинеџад, пренесуваат иранските медиуми.Лидерот на исламистичкото движење Хамас, Халед Мешал, водачот на Исламскиот џихад, Рамадан Шалах и првиот човек на Народниот фронт за ослободување на Палестина односно на главната команда, Ахмад Џибри кои живеат во егзил, биле присутни на прес-конференцијата.Иран не го признава постоењето на Израел и секогаш го помага палестинскиот отпор. Израел обвинува дека Техеран ги снабдува со ракети со кои тие ракетираат цели на неговата територија.Светските сили сметаат дека Иран иако тврди дека неговата нуклеарна програма има мирновременски цели, развива нуклеарно оружје. Израел не ја опфаќа можноста од воена интервенција за да го спречи Иран да развие нуклеарно оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии како руски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии како руски.
„Нема да признаеме ниту една територија окупирана од Русија. Тоа е факт. Нашиот народ се бореше за ова, нашите херои ги дадоа своите животи… Значи, никој нема да го заборави ова. Кога велам дека никој нема да заборави, тоа се нашите главни црвени линии“, рече Зеленски на прес-конференција.
Тој истакна дека државата нема да дозволи никој да го заборави ова злосторство против Украина. Украинскиот лидер нагласи дека доколку Русија ги отфрли предлозите изнесени за време на средбата на украинската и американската делегација во Џеда, Киев смета на силни американски чекори за притисок врз Русија.
„Колку што разбрав, можеме да сметаме на силни чекори од САД кон руската страна. Се уште не ги знам деталите, но зборуваме за санкции и зајакнување на Украина“, рече Зеленски.
Свет
Земјотрес со јачина од 5,6 степени ги погоди Филипини

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот на Филипинскте Острови, соопшти германскиот истражувачки центар за геонаука ГФЗ.
Епицентарот на земјотресот е на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за жртви или евентуална материјална штета.
Регион
Хрватскиот министер за одбрана: НАТО нема да дозволи ситуацијата на Балканот да се развива како пред 30 години

Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ денеска во врска со безбедносната состојба во регионот изјави дека внимателно ја следи политичката ситуација во Босна и Херцеговина, Србија и Косово и изрази уверување дека НАТО нема да дозволи ситуацијата да се развива како пред 30 години.
„Со големо внимание ги следиме сите политички настани, не само во Босна и Херцеговина, туку и во Косово и Србија. Гледаме дека ги следат и меѓународните политички и воени сили, како што се НАТО и Обединетите нации“, изјави Анушиќ за новинарите во Книн, објави Хрватската радио и телевизија.
Тој изрази уверување дека НАТО и меѓународната политика нема да дозволат ситуацијата да се развива како пред 25 или 30 години, но дека ќе биде „контролирана и нема да оди во несакана насока“.
На новинарско прашање за настаните во Босна и Херцеговина, Анушиќ рече дека се надева дека нема да има ескалација.