Свет
Подигнато нивото на безбедност во Москва
По денешните терористички напади на московското метро, кога од бомбаши-самоубијци во две одделни експлозии загинаа најмалку 37, а 65 луѓе се повредени, претседателот, Дмитри Медведев, рече дека Русија бескомпромисно ќе се бори против терористите, до крај
Сведоците зборуваат за паника во двете подземни станици во московското метро, додека луѓето паѓале едни врз други низ чадот и прашината што се кревала, додека се обидувале да избегаат.„Бев во средниот дел на возот, кога одеднаш почувствував силни вибрации и слушнав силна експлозија некаде во вториот вагон“, вели еден неименуван сведок за РИА, руската новинска агенција.„Луѓето врескаа како да се во пекол“, додава тој. „имаше многу чад, а за две мминути ништо не се гледаше од чадот“.Некои од повредените биле по воздух однесени во болниците со хеликоптери. На другите им помагале лекарите од брзата помош на станиците, додека чекале амбулантни возила.„Се качував по подвижните скали, кога слушнав силна експлозија, вратата од метрото летна, а луѓе со викање, безглаво трчаа кон излезите“, вели Алексеј, за Русија 24.Медведев наредил подигнување на нивото на безбедност во земјата, а аеродромите се на готовс.Ниедна група не ја презеде одговорноста за нападите, но шефот на Федералното биро за безбедност, Александар Бортиков, вели дека бомбашите веројатно се припадници на Северен Кавказ, каде Москва се соочува со исламистички востаници кои се шират низ земјата од Чеченија во соседниот Дагестан и Ингушетија, пренесува Ројтерс.
Руските лидери прогласија победа во борбите со чеченските сепаратисти кои водеа две војни со Москва. Но, додека насилството престана во Чеченија, се прошири на сосдните Дагестан и Ингушетија, каде локалните кланови се судираат со банди и исламистички милитанти.Владимир Путин ја зацементира својата сила во 1998 година со победата над сепаратистичлката влада во главниот град на Чеченија, Грозни. Руските власти се плашат од загубана овој регион, затоа што тој е еден од најзначајните енергетски транзити, а неговото отцепување би значела дестабилизација на 11 часовни руски зони.Чеченските сепаратисти се обвинети за нападите, а сомнежите се свртени кон Северен Кафказ чиј бунтовнички лидер, Доки Умаров, што се бори против исламистите го држи цел регион, а на 15 февруари повика на војна против Руските градови.„Крвта повеќе нема да биде ограничена само на нашите (Кафкаските) градови. Војната ќе стигне и во нивните градови“, вели чеченскиот лидер за неофицијален исламистички сајт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп го предупреди Иран да не возвраќа на нападите извршени од САД и Израел
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го предупреди Иран да не возвраќа на нападите извршени од САД и Израел.
„Иран штотуку изјави дека денеска ќе удри многу силно, посилно отколку што некогаш удриле претходно“, напиша Трамп на Truth Social.
„Подобро да не го прават тоа“, нагласи тој.
Доколку тоа се случи, САД ќе возвратат „со сила што никогаш претходно не е видена!“, додаде американскиот претседател.
Вчерашните напади беа насочени кон клучни локации каде што се состанувало иранското раководство, при што беа убиени највисоки функционери, вклучувајќи го иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, министерот за одбрана и шефот на Корпусот на исламската револуционерна гарда, соопшти израелската војска.
Нападите, во кои загинаа повеќе од 200 луѓе според Црвената полумесечина, предизвика одмазднички удари врз Израел и американските воени сили стационирани на Блискиот Исток.
Свет
Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот
Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во американско-израелските напади.
Очевидци во катарскиот главен греад Доха известија дека утрово слушнале неколку силни детонации. Катарскиот информативен канал „Ал-Џезира“ објави за најмалку 11 експлозии во Доха.
Експлозии беа пријавени и во Манама, главниот град на Бахреин. Очевидци известија дека слушнале најмалку четири силни детонации. Во овој контекст, на социјалните мрежи беа споделени слики од погоден и оштетен хотел во Манама. Тие првично не можеа да бидат независно проверени, нагласува ДПА.
Техеран ги нападна американските воени бази во регионот повеќепати по почетокот на вчерашните американско-израелски напади врз Иран.
Во арапските заливски држави има илјадници американски војници.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА

