Свет
Урагански ветрови во близина на Токио

Најмалку 30 Јапонци повредени во урагански ветрови во провинции во близина на Токио
Стихијата погоди и многу транспортни јазли по јапонското тихоокеанско крајбрежје, вклучувајќи ги аеродромите Нарита и Ханеда, во Токио, поради што беа откажани речиси сто летови.Бризината на ветрот надминуваше 30 метри во секунда, што наложи да биде запрено движењето на брзите возови меѓу Токио и вториот по население јапонски град Јокохама.Сериозно беше нарушен и сообраќајот по друга железничка линија североисточно од Токио. Над еден милион патници биле принудени да ги променат своите планови, соопштија локалните власти.Топлата воздушна маса, која ги зафати централните реони на Тихиот Океан, ја зголемија денеска температурата во реонот на Токио – над 18 степени Целзиусови, што е невообичаено за сезоната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Германија додели дополнителни три милијарди евра воена помош за Украина

Германската влада во заминување одобри доделување дополнителни три милијарди евра воена помош за Украина оваа година, објави денеска „Ројтерс“, која имала пристап до документ од германското Министерство за финансии.
Според поднесокот, германскиот министер за финансии Јерг Кукиезе ја информирал парламентарната буџетска комисија дека се исполнети условите за одобрување распределба на дополнителни средства.
Се очекува в петок собраниската комисија за буџет да ја одобри распределбата на овие средства.
Регион
Брнабиќ: Рокот за формирање нова влада е 18 април на полноќ, констатирана е оставката на Вучевиќ

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека рокот за формирање нова влада почнува утре, 20 март, и изјави дека, според законот, новата влада треба да биде формирана до 18 април на полноќ.
Брнабиќ рече дека доколку до 18 април на полноќ не се формира нова влада, претседателот е должен да го распушти парламентот и да распише парламентарни избори.
Таа на прес-конференција во српското Собрание, по седницата на која беше констатирана оставката на премиерот Милош Вучевиќ, рече дека со констатацијата на оставката во парламентот и официјално е завршен мандатот на владата.
„Српскиот парламент, во согласност со член 132 од Уставот, ја призна оставката на премиерот, а со тоа и официјално заврши мандатот на Владата на Милош Вучевиќ. Од утре, 20 март, почнува рокот за формирање нова влада“, рече Брнабиќ.
Таа додаде дека, според Уставот, процедурата сега ја презема претседателот на Републиката, кој треба да предложи нов мандатар.
„Крајниот рок за формирање нова влада е 18 април на полноќ. Вучиќ треба да предложи мандатар, а мандатарот на Собранието да ги предложи програмата на новата влада и предлогот на членовите по што пратениците ќе се изјаснат за своите ставови“, изјави Брнабиќ.
Таа посочи дека доколку до тој рок не се избере нова влада, претседателот е должен да го распушти Собранието и да распише избори.
Како што наведе таа, изборите треба да се одржат од 45 до 60 дена од денот на распишувањето, што во овој случај би било почетокот на јуни.
Регион
Пленковиќ: Можеме да обезбедиме дополнителна помош доколку македонските пријатели проценат дека им е потребна

„Најпрвин да изразиме сочувство до семејствата и до Македонија за оваа голема трагедија во Кочани. Досега пет пациенти се префрлени од Северна Македонија во Хрватска“, рече премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ.
Како што рече, остануваат подготвени и може да помогнат да обезбедат дополнителна помош доколку македонските пријатели проценат дека им е потребна.
„Попладнево, во Загреб ќе престојува и министерот за надворешни работи и заедно со министерот Хрстиќ ќе ги посети пациентите“, додаде Пленковиќ.