Свет
Потпишан договорот START
Барак Обама и Дмитриј Медведев го потпишаа во четврток во Прага новиот договор за нуклеарно разоружување. Новиот договор START за намалување на нуклеарното вооружување на САД и Русија претседателите на двете држави го потпишаа во четврток напладне во Прашкиот дворец во главниот град на Чешка
Програмата за средбата на претседателите Барак Обама и Дмитриј Медведев бил допрецизирана во текот на велигденскиот викенд Новиот Договор за ограничување на стратешкото вооружување (START) ќе има важност од десет години а се надоврзува на претходниот ваков договор кој важеше од 1991 до крајот на 2009 г. На него преговарачите работеа од април 2009 г. Разговорите беа тешки, бидејќи имаше големи разлики околу верификацијата, вклучувајќи ги инспекциите на самите арсенали, како и околу проектилите кои ги носат нуклеарните боеви глави.Според податоците за новиот START, кои ги објави Белата куќа, двете земји се обврзуваат значително да го намалат стратешкото вооружување во рок од седум години од неговото стапување на сила. Тој ќе стапи откако по потписите на претседателите врз него, ќе биде ратификуван и од руската Дума и од американскиот Сенат. START 2 предвидува ограничување на разместувањето на нуклеарните боеви глави на 1.500 за секоја од страните. Тоа е ниво за 74 отсто помало од она од претходниот договор START 1 од 1991 г., и за 30 проценти пониско од она предвидено со Московскиот договор од 2002 г. Комбинираната бројка разместени и неразместени копнени и поморски лансери на интерконтиненталните балистички проектили (ICBM), како и на тешките бомбардери опремени да носат нуклеарно оружје, се ограничува на по 800 за секоја од потписничките на договорот. Со овие ограничувања се преполовени и одредбите за системите за испорачување на нуклеарното оружје. Според податоците што претходно ги објави Федерацијата на американските научници (FAS), САД моментално имаат разместени 2.100 а Русија 2.600 стратешки боеви глави. Двете земји неколку години наназад еднострано ги намалуваа бројките на лансери (ICBM), па така според истите податоци САД имаат сега помалку од 1.200 а Русија околу 800, колку и што се предвидува со новиот договор.Верификацискиот режим за кој зборуваше американскиот претседател предвидува теренски инспекции, размена на податоци и информации.Меѓутоа, потврдено е дека договорот не содржи ограничување за тестирање, развој и разместување на веќе постојните или планирани американски програми за одбрана од проектили или за постојните или планираните капацитети за конвенционални напади од долг дострел, потврди Белата куќа. Според американските медиуми, оваа одредба била една од најспорните точки од преговорите, бидејќи Русија бараше со договорот да се ограничат и системите за одбрана од проектили. Државната секретарка Хилари Клинтон и министерот за одбрана на САД, Роберт Гејтс минатиот петок изјавија дека промените нема да ја загрозат способноста на земјата да се заштити самата и нејзините сојузници. Како што пишуваат американските медиуми, Обама планира да отвори и втор круг од преговорите за натамошно намалување на нуклеарните арсенали, во кои би биле опфатени веќе складираните нуклеарки и тактичките атомски бомби, а на крајот смета во преговорите да бидат вклучени и другите нуклеарни сили, како Кина, Велика Британија, Франција итн. По потпишување на договорот со Медведев, на 12. и 13-ти април, во Вашингтон Обама организира самит на 45 држави посветен на спречувањето на ширењето нуклеарно оружје и материјали. Во мај, пак во Њујорк светските лидери ќе имаат редовна конференција за ревизија на спроведувањето на Договорот за неширење на нуклеарното оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украински генерал: Обновивме делови од Покровско
Украина, според сопствените тврдења, обнови делови од градот Покровско. Според врховниот командант Олександр Сирски, украинските трупи сè уште се борат против масовни руски напади.
Одбраната на Покровско продолжува – рече Сирски.
Од средината на ноември, украинските трупи вратија околу 13 од вкупно 29 квадратни километри од градот. Според Киев Индепендент, украинските сили наводно дополнително го зајакнуваат своето присуство во регионот.
Сирски потврди дека украинските единици морале да се повлечат од позиција од пет до седум километри надвор од Покровско, каде што руските трупи почнале силно да напредуваат. Одбраната на тие позиции повеќе не била ефикасна, рече тој. Во последните денови и недели, беше објавено дека градот е „претежно“ опкружен со руски трупи, кои наводно контролираат 95 проценти од градот.
Во исто време, Сирски тврди дека соседниот град Мирноград не е опколен од руските сили, иако логистичкото снабдување е сè потешко. Сепак, функционер на НАТО процени поинаку, според извештајот на „Украинска правда“, во кој се тврди дека градот е опколен од руски војници.
Фото: депозитфотос
Свет
Лавров: Трамп е единствениот западен лидер кој ја разбира Русија
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Доналд Трамп е „единствениот западен лидер“ кој ја разбира позицијата на Русија во врска со Украина.
Според државната агенција ТАСС, тој го пофали Доналд Трамп како „единствениот западен лидер“ кој покажува разбирање за позицијата на Москва во врска со Украина, пренесува „Скај њуз“.
Лавров се осврна и на Обединетото Кралство и на Европската Унија, велејќи дека двете страни се во „безнадежно политичко слепило“ и се залажуваат со илузијата дека можат да ја надминат Русија.
ТАСС, исто така, објави дека Лавров рекол дека Москва нема намера да војува со Европа.
Наместо тоа, Русија останува подготвена да одговори доколку во Украина бидат распоредени војници.
Фото: депозитфотос
Свет
(Видео) Објавена снимка од апсењето на Луиџи Манџионе во „Мекдоналдс“
На суд беше прикажана снимка од полициска камера која ги покажа моментите непосредно пред апсењето на Луиџи Манџионе, која наместо да биде клучен доказ, би можела сериозно да му наштети на случајот на обвинителството. Снимката од „Мекдоналдс“ во Пенсилванија стана фокус на правна битка што би можела да го одреди исходот од целото судење, објавува „Телеграф“.
Иако се очекуваше видеото да го поддржи случајот на обвинителството, одбраната сега го користи за да ја доведе во прашање легалноста на дејствијата на полицијата. Деталите снимени на видеото, велат адвокатите на Манџионе, ја зголемуваат можноста дека клучните докази против нивниот клиент се добиени нелегално.
Судот сега мора да одлучи за правната тежина и прифатливоста на самата снимка. Одлуката ќе биде клучна не само за судбината на Луиџи Манџионе, туку и за понатамошниот тек на едно од најгледаните судења во Соединетите Американски Држави.
Неговите адвокати тврдат дека полицијата не му ги прочитала правилно неговите уставни права пред да го уапси и дека ги претресла неговите работи без налог.
Манџионе е обвинет за убиството на Брајан Томпсон, извршен директор на „Јунајтед Хелткеар“, во Њујорк. Тој се изјасни за невин по федералните и државните обвиненија за убиство.
фото: Depositphotos

