Свет
Најдени телата на четирите рудари во Вирџинија
Спасувачките екипи во сабота ги пронашле телата на загинатите рудари во рудникот Апер Биг Бренч во сојузната држава Западна Вирџинија кои цела седмица се водеа како исчезнати
Овие рудари настрадаа во експлозија на метан во јагленокопот, со што бројката на загианти во најтешкат арударска несреќа во последните четири децении на американска територија се искачи на 29 жертви.Спасувачките екипи се надеваат дека четворицата рудари успеале да дојдат до енда од четирите безбедносните комори во самиот рудник, но сепак само ги нашле нивите тела, пренесе Reuters.„Не се случи чудото за коешто се молевме. Ова патување заврши, сега почнува лечењето на раните“, изјавил гувернерот Џо Маншин.Тој додал дека рударите не успеале да дојдат до една од коморите за спасување, но за утеха на нивните семејства додал дека смртта настапила моментално по страшната експлозија. Спасувачките екипи претходно пронајдоа докази дека некои рудари користеле резерви кислород од коморите во рудникот.Трагедијата во Апер Биг Бренч која однесе 29 жртви е најтешката рударска несреќа во САД по експлчозијата во рудникот Хајден во Кентаки од 1978 во која загинаа 38 рудари. Остануваат да се извлечат уште телата на 18 рудари кои настрадаа во несреќата во овој рудни кој се наоѓа на 50 килоемтри од градот Чарлстон кој е главен град на Западна Вирџинија. Седум тела беа извлечени уште во понеделникот а несреќата се случи минатата недела. Причината за експлозијата се’ уште дефинитивно не е позната, но се претпоставува дека станува дека станува збор за метан, бидејќи се работи за јагленокоп во кој и претходно имало помали несреќи предизвикани со неправилна вентилација на метан, соопштиле службени лица .Семејствата на рударите биле згрижени во управната зграда на компанијата каде на новинарските екипи им е забранет влезот, пренесе MSNBC.Последните години Massey Energy, била казнета со 382 илјади долари казни за кршење на прописите за вентилација на рудниците како и за натрупување запалива јагленска прашина и неадекватна противпожарна опрема.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: САД се подготвени да им помогнат на демонстрантите во Иран
САД „се подготвени да им помогнат“ на иранските демонстранти, изјави американскиот претседател Трамп, додека бројот на загинати во демонстрациите низ Иран се искачи на повеќе од 100, соопштија активисти.
Додека протестите низ Иран влегуваат во третата недела, иранските власти воведоа комуникациски прекин, а државните медиуми за немирите ги обвинуваат „терористичките агенти“ од САД и Израел.
Бројот на загинати во протестите се зголеми од 65 на 116, со над 2.600 уапсени лица, според американската новинска агенција „Активисти за човекови права“.
Американскиот претседател, кој го бомбардираше Иран минатото лето, ја објави својата поддршка за демонстрантите на Truth Social.
„Иран гледа кон слобода, можеби како никогаш досега“. САД се подготвени да помогнат!“, рече тој.
Не е јасно на каков вид поддршка мисли Трамп, а неговата изјава доаѓа еден ден откако кажа дека САД „многу силно“ би го погодиле Техеран доколку иранската влада „почне да убива луѓе“.
Британската министерка за надворешни работи, Ивет Купер, синоќа ја пофали „храброста“ на демонстрантите кои излегуваат на улиците и покрај насилната репресија.
„Ова се основни права: слобода на говор, мирно собирање и користењето на тие права никогаш не смее да биде проследено со закана од насилство или одмазда“, изјави таа.
Претходно, иранскиот јавен обвинител, Мохамад Мовахеди Азад, упати закани кон демонстрантите дека ќе се соочат со обвинение за „мохаребех“ и ќе им се суди како „непријатели на Бога“.
Делото „мохаребех“ во Иран се казнува со смртна казна.
Обвинителот додаде дека обвинението ќе важи за „немиротворци и терористи“ кои оштетувале имот, ја загрозувале безбедноста, како и за оние кои им помагале.
Исти закани во петокот упати и обвинителот од Техеран, Али Салехи, откако врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ги обвини демонстрантите дека дејствуваат во интерес на Доналд Трамп.
Свет
(Видео) „Европските идиоти сакаат војна, ова е она што ќе го добиете“, рече Медведев и објави снимка од руски напад со балистичка ракета
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, објави снимка од руски напад врз западна Украина, во кој беше искористен системот „орешник“, како предупредување до европските функционери кои, како што наведе, ја промовираат идејата за распоредување на НАТО и европски трупи во Украина.
„На крајот на краиштата, владејачките европски идиоти сакаат војна во Европа. Илјада пати е кажано: Русија нема да прифати никакви европски или НАТО трупи во Украина, но не – ‘Микрон’ (францускиот претседател Емануел Макрон) продолжува да ја шири оваа бедна глупост. Па добро, тогаш, да се соочиме со тоа. Ова е она што ќе го добиете“, напиша Медведев на социјалната мрежа Икс, приложувајќи снимка од надзорни камери од напад со ракетниот систем „орешник“, пренесува агенцијата РИА Новости.
The ruling European dimwits want a war in Europe after all. It’s been said a thousand times: Russia won’t accept any European or NATO troops in Ukraine, but no, Micron keeps peddling this pathetic bullshit. Well, come on then. This is what you’ll get: pic.twitter.com/6XqMMn2ILP
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) January 10, 2026
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во ноќта меѓу 8 и 9 јануари е изведен напад на територијата на Украина, меѓу другото и со балистичка ракета „орешник“, наведувајќи дека тоа е одговор на наводниот напад врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во Валдaј кон крајот на декември.
Командата на Воздухопловството на Вооружените сили на Украина соопшти дека балистичката ракета со која на 8 јануари бил нападнат Лавов се движела со брзина од околу 13.000 километри на час.
Зеленски: Рускиот напад со „орешник“ беше демонстративно блиску до границата со ЕУ
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека рускиот ракетен напад со „орешник“ бил „демонстративно“ близу до границата меѓу Украина и Европската Унија.

Во своето обраќање, Зеленски рече дека балистичката ракета со среден дострел „орешник“ претставува предизвик и за земјите членки на ЕУ, како што се Полска, Романија и Унгарија, пренесе Ројтерс.
Свет
Сите демонстранти ќе бидат обвинети како „непријатели на Бога“, рече главниот обвинител на Иран
Главниот обвинител на Иран, Мохамад Мовахеди Азад, изјави дека сите демонстранти ќе бидат обвинети како „непријатели на Бога“, според иранските државни медиуми. Ова дело е казниво со смрт, пренесува Скај њуз.
Оваа одредба се однесува на „бунтовниците и терористите“ кои оштетиле имот и ја загрозиле безбедноста, како и на сите оние кои им помогнале, рече Мовахеди Азад.
Обвинителството треба брзо да ги подготви судењата и да не покажува никаква „благост, сочувство или попустливост“, додаде тој.
Иранската војска соопшти дека САД и Израел стојат зад неодамнешните немири во неколку градови низ земјата, предупредувајќи ги граѓаните за, како што рече, странски заговори насочени кон дестабилизација на Иран.
Во соопштението, армијата ги повика граѓаните да останат внимателни, да го зачуваат националното единство и да не подлегнуваат на, како што се наведува, „лажни тврдења за поддршка на иранскиот народ“. Се вели дека „непријателот“, чии „раце се извалкани со крвта на Иранците“, се обидува да поттикне нов бунт со лажни тврдења за поддршка на иранскиот народ.
Иранската полиција, пак, издаде предупредување до граѓаните со деца поради тековните протести.
– Со оглед на присуството на терористички групи и вооружени лица на некои собири и нивните планови за предизвикување смртни случаи, ги советуваме семејствата да се грижат за своите деца и тинејџери. За да се заштитат животите и имотот на луѓето, во тек е бескомпромисна и решителна акција против терористите – се вели во соопштението.
Протестите во Иран траат од 28 декември поради зголемувањето на цените и влошувањето на животниот стандард, откако вредноста на националната валута падна на рекордно ниско ниво.

