Контакт

Свет

Пронајдено телото на Качински и двете „црни кутии“

Објавено пред

Телото на загинатиот послки претседател Лех Качински е пронајдено на местот на несреќата како и двете „црни кутии“ останати во урнатините на авионот кој утрово се урна крај Смоленск, пренесе РИА Новости

dobivaj vesti na viber

За агенцијата оваа информација ја потврдил висок државен службеник, Другите поединости не се објавуваат , освен дек ан алице место биле иднетификувани уште неколку тела. Пронаоѓањето на двете „црни кутии“, на претседателскиот авион „Тупољев 154“ го соопшти рускиот министер за вонредни состојби Сергеј Шојгу, додавајќи дека веќе почнало нивното преслушување и експертиза.Портпаролот на партијата Право и праведност (PiS) во меѓувреме изјави дека братот близнак на претседателот и поранешен премиер на Полска, Јарослав Качински, исто така отпатувал за Смоленск.„Скршен е од трагедијата, но храбар“, изјавил портпаролот Мариуш Блашчак.Неговата состојба е потешка затоа што нивната 84-годишна мајка повеќе од цел месец е во болница во тешка сосотјба, што биал и причината Јарослав да остане дома. Според последните официјални информации на руското министерство за вонредни сосотјби дека во авионот се наоѓале 96 лица, од кои 88 членови на државната делегација кои патувала на 70-годишнината на масакрот во Катинската шума од 1940 г., која е 20 километри од Смоленск. Приближувајќи се кон воениот аеродром во Смоленск, авионот се урнал на два километра пред пистата. Според руските медиуми пилотот уште од белоруската контрола на летањето бил предупредуван да се спушти во Минск, бидејќи над Смоленск видливоста била многу мала, а авионот закачил во блиските дрвја откако по четврти пат се обидел да се приземји.  Како што јавуват руските агенции со истрагата од местото на несреќата ќе ракјоводи лично рускиот премиер Владимир Путин, а ќе присуствува и неговиот полски колега Доналд Туск.Рсуката истрага разгелдува ти можни причини за несреќата: лошите временски услови, човечка грешка или техничка грешка. Полска ќе спроведе своја независна истрага.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Се уморил од грабежот: крадец провалил во стан во Русија, а потоа заспал во него

Објавено пред

Крадец заспал во стан во рускиот град Благовешченск откако го ограбил.

dobivaj vesti na viber

Сопственичката го пронашла во таква состојба откако се вратила дома од работа, објави Одделот на Министерството за внатрешни работи на Амурскиот регион.

Жената пријавила во полиција дека, по враќањето од ноќната смена, пронашла непознат маж во својот дом, пренесува РИА Новости.

„Се покажа дека крадецот влегол во куќата низ прозорецот во текот на ноќта, со намера да изврши кражба, знаејќи дека сопствениците не се таму. Осомничениот ги спакувал телевизорот и моторната пила во чантите, но, претпоставувајќи дека сопственичката ќе биде отсутна долго време, решил да се одмори и заспал. Сопственичката на куќата го пронашла во таква состојба кога се вратила од работа“, се наведува во извештајот.

Полицијата го привела осомничениот за обид за кражба на станот.

Станува збор за 45-годишен локален жител со претходно криминално досие за кражба и трговија со дрога.

Против него е покрената кривична постапка, а РИА потсетува дека обидот за кражба извршен со нелегално влегување во дом носи казна затвор до шест години.

Како превентивна мерка, на крадецот му е дадена писмена обврска да не го напушта просторот и да се однесува соодветно.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Паника во американската воена база поради сомнителен пакет

Објавено пред

Неколку лица се разболеле и биле однесени во болница откако сомнителен пакет со бел прав бил доставен до воздухопловната база „Ендрус“ во американската држава Мериленд, според официјални лица и извори запознаени со истрагата, пренесува CNN.

dobivaj vesti na viber

Според соопштението од базата Ендрус, инцидентот се случил кога едно лице го отворило пакетот, што довело до евакуација на две згради и воспоставување безбедносен кордон, пренесува CNN.

Тимовите за итна интервенција реагирале брзо и утврдиле дека нема непосредна закана, по што случајот бил предаден на Канцеларијата за специјални истраги.

Неколку лица кои биле во контакт со пакетот, или во негова близина, биле транспортирани во медицинскиот центар во рамките на базата.

Првичниот тест не открил присуство на опасни супстанции, но истрагата продолжува.

Сè уште не се познати степенот и природата на симптомите кај оние кои се разболеле.

Тимот за опасни материјали го напуштил местото на настанот синоќа.

Просторијата каде што бил отворен пликот – во зградата каде што се наоѓа Центарот за подготвеност на Националната гарда – е сè уште затворена.

Базата „Ендрус“, која се наоѓа во близина на Вашингтон, е позната, меѓу другото, по тоа што се користи за патувања на американскиот претседател, потпретседателот и членовите на кабинетот.

Лидерот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, беше во базата еден ден пред инцидентот, во средат, пренесуваат светските медиуми.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Заплови „Фуџијан“, најновиот и најмоќен кинески носач на авиони

Објавено пред

Најновиот кинески носач на авиони „Фуџијан“ официјално е пуштен во служба, што претставува значаен чекор во напорите на Пекинг да ја достигне поморската моќ на САД, јави кинеската државна телевизија CCTV. На церемонијата на островот Хаинан присуствувал и претседателот Шји Џинпинг, кој симболично го активирал катапултот на палубата.

dobivaj vesti na viber

„Фуџијан“ е трет и технолошки најнапреден носач на авиони во кинеската флота, прв опремен со електромагнетни катапулти (EMALS) – технологија што досега ја поседува само американскиот „USS Gerald R. Ford“. Со тоа се овозможува полетување на авиони со поголем товар и поголем дострел.

Иако користи конвенционален погон, за разлика од американските нуклеарни носачи, „Фуџијан“ со истиснина од 80.000 тони се смета за најмоќниот кинески брод досега и извор на национална гордост. Во Кина веќе се гради и четврти носач, познат како „Тип 004“, кој се очекува да има и нуклеарен погон.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Откриен еден од убијците во Чашка, по вториот се трага – жртвата намамена, застрелана во глава и оставена покрај пат

Велешкото Обвинителство донесе Наредба за истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител за убиство....

Македонија47 минути

„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика

По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското...

Регион3 часа

Албанија усвои закон за родова рамноправност по бурна расправа

Албанскиот парламент доцна синоќа го усвои Законот за родова рамноправност, по повеќечасовна и остра дебата. Законот беше изгласан со 77...

Свет3 часа

Сенатот ја изблокира резолуцијата што ќе го спречеше Трамп да ја нападне Венецуела

Републиканците во американскиот Сенат ја блокираа резолуцијата што ќе му забранеше на претседателот Доналд Трамп да ја нападне Венецуела без...

Македонија3 часа

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува...

Македонија16 часа

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци

Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој вели дека...

Македонија17 часа

Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презема градоначалничката функција

Со куса средба и букет свежо цвеќе заврши примопредавањето на должноста градоначалник на Град Скопје меѓу досегашната градоначалничка Данела Арсовска...

Македонија19 часа

Јаневска ќе ја почитува одлуката на Мицкоски доколку реши да ја смени

Министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање, дали доколку има реконструкција на владата таа ќе остане...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски ќе ја реконструира партијата, па потоа Владата: Фокусирани сме на партискиот конгрес на 6 декември

Реконструкција на Владата нема да има пред партискиот конгрес на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, кој е закажан за 6 декември. Премиерот...

Топ20 часа

Бомба најдена во автомобил во гаража во Скопје, сопственикот на возилото добил заканувачка порака, МВР влегло во објектот

Ноќеска, околу 1 часот по полноќ, непознато лице влегло во гаража од семејна куќа во скопската населба Бит-пазар, во сопственост...

Македонија21 час

„Скопје го менуваме од корен“: Ѓорѓиевски го презеде раководењето со Градот

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва почнува акцијата за чистење на...

Македонија21 час

(Видео) Николоски: Го потпишавме договорот за изградба на заедничкиот пограничен тунел со Бугарија, железничкиот Коридор 8 има стратешко, економско и безбедносно значење за Балканот и Европа

Железничкиот Коридор 8 е еден од најважните трансевропски транспортни коридори, кој има стратешко, економско и геополитичко значење за целиот Балкан...

Македонија21 час

(Видео) ДИК ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори 2025 година за...

Македонија24 часа

АХВ заплени небезбедна храна со непознато потекло по спроведен вонреден инспекциски надзор

По добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство...

Регион1 ден

Црна Гора сè поблиску до Европската Унија: познат е можниот датум за влез

Црна Гора го доби својот најповолен извештај за напредокот во европската интеграција откако ги започна преговорите за пристапување со Европската...

Македонија1 ден

Пронајдено безживотно тело на млада жена во Тетово, Обвинителството изврши увид

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно...

Европа1 ден

(Видео) Украина нападна клучна рафинерија длабоко во Русија, се шират снимки

Украинските војници наводно нападнале и оштетиле руска рафинерија за нафта во Волгоград преку ноќ, додека експлозии потресле неколку други енергетски...

Свет1 ден

Израелски заложник за држењето во Газа: Бев гол, само му се молите на Бога да престане

Ром Браславски, неодамна ослободен израелски заложник, тврди дека бил подложен на „ужасна“ и понижувачка сексуална злоупотреба додека бил во заробеништво...

Европа1 ден

Итен состанок во Белгија за беспилотните летала: „Тие се видени над воени бази“

Советот за национална безбедност на Белгија денес ќе одржи итен состанок откако мистериозни дронови предизвикаа хаос во воздушниот сообраќај и...

Свет1 ден

САД во ОН ја претстави нацрт-резолуцијата за планот на Трамп за Газа

САД им претставија на своите партнери во Советот за безбедност на ОН нацрт-резолуција со која се обидуваат да го поддржат...