Свет
Јарослав Качински го идентификуваше телот на братот и на неговата сопруга

Братот близнак на загинатиот полски претседател ги идентификувал рано утрово телата на претсеадателот Лех Качински и неговат сопруга Марија, пренесе РИА Новости, цитирајќи полски извор
„Јарослав Качински ги идентификуваше телата на својот брат и на неговата сопруга на местото на несреќата“, потврдил полскиот парламентарец Макс Крашковски. Според полската новиска агенција PAP, Јарослав Качиснки идентификацијата ја потврдил во ноќта сабота наспроти недела и веднаш се вратил во Полска. Телото на загинатиот претседател Лех Качински и на неговата сопруга Марија директно треба да бидат пренесени од Смоленск во Варшава.Талата на другите жртви во несреќата со хеликоптер биле пренесени во Москва, каде попладнево ќе отпочне конечната идентификација што ќе ја вршат роднините.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп му предложи на Зеленски САД да ја преземат контролата над електраните

Американскиот претседател, Доналд Трамп, му предложи на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, САД да ја преземат контролата врз украинските електрани за да се осигура нивната безбедност, пренесува „АП“.
Трамп му рекол на Зеленски дека САД „може да бидат многу корисни во управувањето со овие постројки со својата експертиза за електрична енергија и комунални услуги“, се вели во изјавата на државниот секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност Мајк Волц.
Трамп додал и дека „американската сопственост на овие електрани може да биде најдобра заштита за таа инфраструктура“.
Свет
Трамп и Зеленски разговараа: Ние сме на вистинскиот пат

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека разговарал по телефон со украинскиот лидер Володимир Зеленски околу еден час.
„Само што имав многу добар телефонски повик со украинскиот претседател Зеленски. Траеше околу еден час“, напиша Трамп на својата платформа „Трут Соушал“.
Тој истакна дека голем дел од дискусијата се базирала на вчерашниот телефонски разговор на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин „за да можат и Русија и Украина да се усогласат со нивните барања и потреби“.
„Ние сме на вистинскиот пат и ќе побарам од државниот секретар Марко Рубио и од советникот за национална безбедност Мајкл Валц да дадат точен опис на точките за кои се разговараше“, рече американскиот лидер, додавајќи дека наскоро ќе биде објавено официјално соопштение.
Трамп и Путин во вторникот, за време на телефонскиот разговор, се согласија Русија привремено ќе ги запре нападите врз украинските енергетски капацитети. Путин рече дека вооружувањето и мобилизацијата на Украина мора да бидат прекинати во контекст на американската идеја за привремен прекин на огнот во траење од 30 дена, соопшти Кремљ.
Зеленски претходно денеска најави дека ќе разговара со Трамп и рече дека очекува да слушне повеќе за плановите на американскиот претседател за спроведување на прекинот на огнот.
Свет
Џорџа Мелони: Разговорот Трамп – Путин создаде надеж за ставање крај на војната во Украина

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави денеска дека разговорот меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, создал надеж за завршување на војната во Украина.
„Тоа е првиот зрак на надеж, кој оди во насока на она што беше договорено меѓу администрацијата на Трамп и Зеленски во Џеда“, рече таа.
Мелони исто така го повтори повикот на НАТО да ја прошири заштитата, според член 5, на Украина, без членството на таа земја во алијансата, истакнувајќи дека тоа е единствениот ефикасен план за заштита, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.