Свет
Бомба рани осум лица во Индија

Рачно изработена бомба експлодирала во близина на стадион за крикет натпревар во градот Банглор во јужна Индија
Информацијата за осумте жртви на локалниот телевизиски канал Suparma, ја потврдил локалниот полициски началник, Шанкар Бидар.„Се чини дека експлозивната направа била прицврстена на ѕид, недалеку од стадионот“, изјавил дека експлозијата била слаба.Според полициските подотаци, бомбата била прицврстена на ѕидот во кругот на стадионот во близина на влезот 12 на стадионот.Бомбата експлодирала половина час пред почеток на натпревар од професионалната индиска лига во крикет меѓу екипите на Банглор и Мумбаи. Во тоа време на стадионот веќе биле влезени 40 илјади гледачи.Местото било евакуирано, а полициските единици спровеле истрага а мечот е привремено одложен,
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Хамас ги врати телата на уште четворица заложници, Израел се закани со одмазда

Хамас ги врати телата на уште четири израелски заложници, потврди израелската војска (ИДФ). Телата се идентификуваат, а останките беа собрани во ковчези од страна на членови на Црвениот крст и предадени на израелската армија вчера вечерта.
Размената се случи откако Израел се закани дека ќе ја ограничи хуманитарната помош за Газа сè додека Хамас не ги врати телата на сите 28 заложници за кои се знае дека се убиени. Палестинската вооружена група во понеделник предаде 20 живи и четири мртви заложници.
Во исто време, Црвениот крст објави дека Израел ги вратил телата на 45 Палестинци кои биле држени во израелските затвори во Газа, објави Би-би-си.
Првите четворица убиени заложници, чии тела Хамас ги предаде во понеделник, беа идентификувани како 22-годишниот Даниел Перец, 53-годишниот Јоси Шараби, 26-годишниот Гај Илуз и 23-годишниот Непалец Бипин Џоши. Израелските одбранбени сили соопштија дека процесот на идентификација на новопредадените тела е сè уште во тек.
Според планот за прекин на огнот предложен од американскиот претседател Доналд Трамп и прифатен од Израел и Хамас, размената на сите 48 заложници требаше да заврши до пладне во понеделник.
Иако сите живи заложници се вратени, притисокот врз Хамас и израелската влада се зголемува поради 20-те тела што сè уште не се вратени. Палестинците стравуваат дека одложувањето на предавањето може да го загрози кревкото примирје и продолжувањето на преговорите.
„Хамас мора да го исполни својот дел од договорот и да ги направи потребните напори за да ги врати телата на сите заложници на нивните семејства за достоинствен погреб“, соопшти Израелските одбранбени сили.
Израелскиот министер за одбрана предупреди дека „секое одложување или избегнување ќе се смета за грубо кршење на договорот“ и дека Израел „ќе одговори соодветно“.
Поради прекршувањата на прекинот на огнот, израелските власти одлучија да ја ограничат испораката на хуманитарна помош и да го одложат отворањето на граничниот премин Рафа со Египет. Хамас тврди дека има тешкотии во лоцирањето на телата на убиените заложници.
Според израелските медиуми, во текстот на договорот се наведува дека и Хамас и другите палестински фракции однапред предупредиле дека можеби нема да можат да ги пронајдат сите тела во предвидениот рок.
Израелски функционер објави дека меѓународна работна група наскоро ќе започне со потрага по останките на заложниците кои не се вратени. „Голем товар е отстранет, но работата не е завршена. Телата не се вратени како што беше ветено! Втората фаза започнува веднаш!“, објави Трамп на Икс.
фото: принтскрин
Свет
Сирискиот претседател оди во посета на Путин

Сирискиот привремен претседател Ахмед ал-Шаара ќе ја посети Москва во обид да ги обнови односите со Русија и да пронајде нови области на политичка и економска соработка, соопшти сириската влада.
Во соопштението објавено од сириската државна новинска агенција САНА се вели дека ал-Шаара ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговараат за регионални и меѓународни прашања, како и за начините за зајакнување на соработката меѓу двете земји.
Ал-Шаара, исто така, ќе се сретне со сириската заедница таму за време на престојот во Русија, се вели во соопштението.
Ова е прва посета на Ал-Шаара на Русија откако ја презеде власта минатиот декември, кога го предводеше бунтовничкиот сојуз што го собори Башар ал-Асад.
Русија е еден од најголемите сојузници на сирискиот диктатор, кој сега живее во Москва со своето семејство.
Посетата следува по телефонскиот разговор во февруари меѓу двајцата претседатели, за време на кој Путин ја нагласи поддршката на Русија за единството и стабилноста на Сирија и ја изрази својата подготвеност да преговара за договорите што Москва ги потпиша со поранешниот режим.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Трамп во пресрет на одлуката за Украина: „Имав добри односи со Владимир. Многу сум разочаран“

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека е „многу разочаран“ од рускиот претседател Владимир Путин, неколку дена пред посетата на украинскиот лидер Володимир Зеленски на Вашингтон.
„Многу сум разочаран, бидејќи Владимир и јас имавме многу добри односи. Веројатно сè уште имаме“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа, додавајќи: „Не знам зошто тој ја продолжува таа војна“.
Трамп рече дека Путин не сака да го заврши конфликтот, што остава „многу лош“ впечаток, според новинската агенција ДПА.
„Тој може да го заврши. Може да го заврши многу брзо“, рече тој.
Американскиот претседател, исто така, ја пофали Украина за нејзиниот отпор кон Русија и зборуваше за посетата на украинскиот претседател Зеленски на Вашингтон во петок.
„Тој сака оружје. Би сакал Томахавки“, рече Трамп, кој не ја исклучува можноста за снабдување на Украина со овие моќни американски крстосувачки ракети со дострел до 2,5 илјади километри.
фото: принтскрин