Свет
Стерилизација на сите Кинези кои имаат едно дете
Меѓународната организација за човекови права Амнести интернешнал предупреди дека кинеските лекари на југот од земјата следните денови ќе работат да го исполнат налогот на владата да стерилизираат 10 илјади лица
Како што известува организацијата, медицинскиот персонал во градот Пунингун ќе треба да го оствари планот на кинеската влада за надзор на популацијата, со стерилизирање на близу десет илјади луѓе од овој град кои веќе имаат едно дете.Некои кинески медиуми пренеле дека за оние што се спротиставуваат на програмата за стерилизација се предвидени остри санкции, а на двојките кои досега не се согласиле наводно им биле уапсени родителите или блиски роднини. Така, во Пунингун веќе биле уапсени повеќе стотини лица. Амнести интернешанел ја нарече присилната стерилизација измачување и тортура. Директорката на британскиот огранок на оваа меѓународна организација, Кејт Ален изјавила згрозување од постапките на властите на југот од Кина.„Страшно е властите да се користат со вакви методи, а податоците за апсење на членовите на семејството на оние над кои се спротиставуваат на стерилизацијата се алармантни“, изјавила Ален.Инаку кинеската популациска политика на едно дете се спроведува од 1979 г. за да се смали енормната стапка на наталитет со што власта смета дека ќе се намалат и економските и еколошките проблеми на државата. Оженетите двојки во градовите можат да имаа едно дете, а само во случај првото дете да е девојче, се дозволува и второ дете. Според податоците на меѓународните организации за заштита на човековите права, од почетокот на спроведување на оваа политика до 2000-та биле спречени на овој начиј околу 250 милиони породувања. Кинеската власт, пак, смета дека води исправна политика и во нејзините планови е да ја спроведува и во следните 50 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.