Свет
Тајланд на работ на граѓанска војна
Протести и блокади ширум внатрешноста на земјата во понеделникот и бомбашкиот напад против поранешниот премиер Силапа-Арча во неделата ги засилија стравувањата од граѓанска војна во Тајланд, откако премиерот Вејџаџива повторно ги одби барањата на демонстрантите за предвремени избори, јавува Reuters
Истовремено, демонстрантите уште повеќе го утврдија елитниот трговски округ во престолнината Бангкок, каде што се групирани од 12 март и ги повикаа демонстрантите од северните провинции на земјата да ги блокираат воените и полициските конвои со цел да ги спречат да стигнат до главниот град, со што уште повеќе се засилува чувството на безаконие. Премиерот Абхисит Вејџаџива во саботата повторно ги одби барањата на демонстрантите да свика избори во рок од 30 дена, кои би се одржале по 60 дена, со што ги уништи и последните надежите за крај на седумнеделните протести, кои го парализираа Бангкок и во кој до сега загинаа 26 луѓе. Надежите за мирна разврска уште повеќе се намалија кога во недела доцна навечер беше фрлена бомба врз полицискиот пункт во близина на домот на главниот советник на партијата Чарт Таи Патана и поранешен премиер Банхарн Силапа-Арча, при пшто беа рабнети најмалку 11 луѓе. Тој е познат по тоа што во својата политичка кариера безброј пати ја менувал приврзаноста кон една или друга политичка опција. Демонстрантите неколку пати го повикаа, заедно со другите лидери на коалиционите партии, да се повлечат од колаицијат и со тоа да создадат услови за предвремени избори, што е главно барање на антивладините демонстранти. Во меѓувреме, претежно сиромашните урбани и рурални припадници на антивладините „Цргвени кошули“ одговорија на повикот на своите лидери за отпор, со поставување на повеќе блокади во северните и источните провинции, упоришта на антивладиното движење. Со тоа демонстрантите уште повеќе му ја зголемија главоболката на премиерто Абхисит, образован на елитниот британски универзитет во Оксфорд, кој е под силне притисок на традиционалната владеачка класа да преземе порешителни мерки за разбивање на демонстрантите. Стотици „Црвени кошули“ во околината на Бангкок поставија блокади на сите пристапни патишта, со што го попречуваат пристигнувањето на полициски и воени засилувања во Бангкок. Нивните лидери тврдат дека огромниот број на антивладини демонстранти ја спречува војската да се обиде со сила да ги прекине протестите. Лидерите на демонстрантите им наредија да ги соблечат црвените кошули, за да им биде потешко на силите за безбедност да ги препознаат при евентуалниот обид за насилно растурање на протестите. „Владата не може да ризикува уште една рунда на неуспеси и посрамотување и ќе биде многу тешко да се избркаат демонстрантите, кои успеаја без многу жртви да се забарикадираат. Застојот најверојатно ќе потрае уште некое време. И двете страни ќе продолжат со меѓусебните закани, но многу е тешко да се замисли целосна победа на која и да било од страните во скоро време“, смета Принја Теванаруемиткул, професор по право на Универзитетот „Тамасат“. Шефот на генералштабот Анупонг Паочинда во неделата призна дека некои неактивни офицери им се приклучиле на демонстрантите, но негираше дека е дојдено до тежок расцеп внатре, во редовите на армијата. Од друга страна, повеќе аналитичари тврдат дека добро вооружени одметнати војници, предводени од пензионирани генерали, им се ставиле на располагање на демонстрантите и на нивниот лидер Таксин Шинаватра, кој беше протеран од премиерското место од страна на војската во 2006 година. „Црвените кошули“ тврдат дека сегашниот премиер Абхисит во 2008 година дошол на власт нелигитимно, преку колалиција составена од армијата, откако претходно судот ја укина коалиционата партија на поддржувачите на Таксин, со што тие останаа без мнозинство и паднаа од власт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Захарова: ЕУ треба да седне под маса за време на преговорите за Украина
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека претставниците на ЕУ во моментов немаат право да учествуваат во преговорите за решавање на украинската криза и дека затоа мора да останат „под маса“.
„Никој не ве чека вас (Европејците) таму, ниту ве поканиле таму. Не знаете како да се однесувате. Затоа веќе сте биле таму. Излажавте и измамивте, и сте фатени на дело. Затоа седите таму, под маса, и молчите“, изјави портпаролката на руското Министерство, пренесува ТАСС.
Таа, исто така, оцени дека украинската блокада на транзитот преку нафтоводот „Дружба“ ја загрозува енергетската безбедност на Унгарија, Словачка и цела Европа и дека „неактивноста на Брисел е изненадувачка“.
„Оваа акција на киевскиот режим со право предизвика негодување кај унгарските и словачките власти, кои ги сметаат деталните акции на киевскиот режим за директно кршење на нивниот суверенитет. Во овој контекст, недостасуваше соодветен одговор од европските институции, кои наводно ги штитат интересите на своите земји-членки, и отсуство на каква било реакција на украинските напади врз нафтоводот „Дружба“, рече Захарова, пренесува Танјуг.
Коментирајќи ја посетата на европските претставници на Киев по повод годишнината од почетокот на конфликтот на 24 февруари, Захарова рече дека посетата не донела ништо друго освен „празни фотографии и излитени слогани“ и дека украинскиот лидер Володимир Зеленски „не слушнал јасен одговор за временската рамка за пристапување на Украина во ЕУ“.
„Уште една русофобична десантна група направи политичко поклонение во украинската престолнина на 24 февруари. Нивното пристигнување беше наменето како демонстрација на непоколеблива посветеност на праведната борба на Украина, како што сите ја нарекуваат“, изјави Захарова.
Свет
Меланија Трамп ќе претседава со состанокот на Советот за безбедност на ОН
Првата дама на САД, Меланија Трамп, ќе претседава со состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации за четири дена, кога САД ќе го преземат ротирачкото претседателство со телото, соопшти денес Белата куќа.
Меланија Трамп ќе го нагласи образованието на состанокот како начин за промовирање на толеранција и светски мир, а тоа ќе биде првпат сопруга на актуелен претседател да претседава со телото од 15 члена, соопшти вчера кабинетот на првата дама.
Американскиот претседател Доналд Трамп е гласен во своите критики кон Обединетите нации уште од неговиот прв мандат во Белата куќа, велејќи дека светската организација со 198 члена е неефикасна и има потреба од реформи.
Сепак, тој зазеде попомирувачки став на состанокот минатата недела на неговиот Комитет за мир, иницијатива за која рече дека има за цел да ги реши светските конфликти, но која многу светски лидери ја отфрлија поради загриженоста дека има за цел да ги замени ОН.
„Комитетот за мир ќе се грижи за Обединетите нации и ќе се осигури дека тие функционираат правилно“, рече Трамп на 19 февруари.
„Ќе ги зајакнеме Обединетите нации. Ќе се осигуриме дека нивната инфраструктура е добра. Ќе им помогнеме финансиски и ќе се осигуриме дека Обединетите нации се одржливи“, рече тој.
фото/Depositphotos
Свет
Пет американски барања кон Иран, доколку не ги исполнат, ќе започнат напади
Соединетите Американски Држави влегуваат во преговори за нуклеарната програма на Иран со многу тешки барања. Вашингтон и Техеран сѐ уште се далеку од договор што би спречил војна, пишува „Волстрит џурнал“.
Американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер денеска започнаа клучна рунда разговори во Женева под силен притисок од „јастребите“ во администрацијата и републиканците во Конгресот да не се согласат на договор што би можел да се протолкува како отстапка за Иран.
Ова се петте клучни барања
Затворање и демонтирање на сите три главни нуклеарни централи: Фордоу, Натанц и Исфахан
Предавање на збогатениот ураниум на Соединетите Американски Држави
Договорот мора да биде траен, без временско ограничување
Без збогатување на ураниум (можна работа само на медицинскиот реактор во Техеран)
Само минимално олеснување на санкциите веднаш, повеќе само ако Иран го почитува договорот на долг рок
Според „Волстрит џурнал“, американските преговарачи требало јасно да стават до знаење дека Иран мора да ги демонтира своите три главни нуклеарни објекти – во Фордоу, Натанц и Исфахан – и да го предаде целиот преостанат збогатен ураниум на Соединетите Американски Држави.
„Ова може да биде последната шанса за постигнување договор“, рече Саид Голкар, вонреден професор на Универзитетот во Тенеси во Чатануга и експерт за иранската војска. „Ако тоа не функционира, САД ќе го решат со воени средства она што не можат да го решат со дипломатија“.
Иран инсистира на правото да збогатува ураниум, но нуди предлози за да се обиде да го смири Вашингтон. Тие вклучуваат намалување на нивото на збогатување од сегашните 60% на 1,5%, привремено суспендирање на збогатувањето за неколку години или повторна обработка под арапско-ирански конзорциум со седиште во Иран.
Дискусиите засега се хипотетички бидејќи нуклеарната програма на Иран беше во голема мера уништена во 12-дневната војна со Израел и САД минатиот јуни.
САД инсистираат на нула збогатување, но американските претставници велат дека преговарачкиот тим би можел да му дозволи на Иран да го рестартира реакторот во Техеран кој би користел многу ниско збогатен ураниум за медицински цели.
фото/Depositphotos

