Свет
Евакуација на болница во Бангкок што ја зазедоа демонстрантите
Глемата општа болница во тајландската престолнина во петок повеќето свои пациенти ги евакуирала откако ја запоседнаа стотина антивладини ддемонстранти мислејќи дека во неа полцијата заземала свои позиции
Болницата Чулалонгкорн со запреала сите подготовки за операции откако во четвртокто доцна ваечер стотина „црвенокошулаши“ ги исполниле болничките ходници.Болницата која има капацитет од 1.400 пациенти ги испратила во десет други болници во Бангкок, соопштила портпаролката на болницата. Таа прецизирала дека доколку пациентите немаат потешки симптоми, од нив се бара да го одложат лечењето.Од 10 април во Тајланд се зголемија тензиите меѓу владата и опозициските приврзаници, а во насилствата смртно настрадаа 27 лица а околу две илајди се ранети. Ова е најголемата политичка криза во Тајланд од 1992 г. Венг Тоџиракарн, лидерот на опозицијата, се извини велејќи дека ситуацијата излегла од контрола, бидејќи нагалсува дека практиката на демонстрантите не е да ги блокираат работите на болнциите и на другите јавни служби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

