Свет
Мора да се подигне ѕвоното во Мексиканскиот залив
Ѕвоното кое беше поставено на нафтената бушотина од која истекува сирова нафта во океанот за да се спречи загадувањето во Мексиканскиот залив, мода да биде подигнато заради формирање кристали слични на мраз сооштија од British Petroleum (BP)
„Формирањето хидрати беше голем технички предизвик. Ќе ни бидат потребни најверојатно два дена за да најдеме решение за овој проблем“, изјавил на прес-конференција Доуг Сатлес, директорот за експлоатација во британската нафтена суперкомпанија.Поставувањето на ѕвоното од челик и бетон тешко стотина тони е сложена операција која досега не беше изведена на толкава длабочина, од 1.600 метри. Оваа операција ја загрозуваат недостигот од светло, силни морски струи и особено притисокот на водената маса.Ова се сметаше за најдоброто кусорочно решение за запирање на истекување на нафтата од бушотина од која секојдневно се излеваат околу 800 илјади литри нафта во океанот, што е а 80 километри од брегот на сојузната американска држава Луизијана. Четирислојното ѕвоно со тежина од 100 тони кое треба да го спречи неконтролираното истекување нафта од урнатата нафтена платформа, беше спуштено во саботата наутро со помош на подводни роботи, пренесуваПо експлозијата и потонувањето на нафтената платформа Deepwater Horizon на 20-ти април во Мексиканскиот залив при што загинаа 11 работници, нафтата почна неконтролирано да истекува загрозувајќи го еко системот во заливот и јужните брегови на САД.Еколозите велат дека дури кога нафтената дамка ќе стигне до брегот, ќе може колку-толку да се согледаат последиците од оваа хаварија, кои според нив ќе бидат огромни од еколошки аспект и многу скапи од финансиска гледна точка, но и од политичка. British Petroleum предвидува дека трошокот ќе биде неколку стотини милиони долари, но откако ќе бидат поднесени разни тужби, таа сума неколкукратно ќе биде зголемена. Американските медиуми потсетуваат на катастрофата која во 1989 г. беше предизвикана со потонувањето на танкерот на Exxon „Валдез“ крај брегот на Аласка. Тоа досега е најголемото излевање на нафта од 11 милиони галони, но се претпоставува дека истата големина може да ја достигне и хаваријата во Мексиканскиот залив. Имено се предвидува дека само брегот може да го загадат околу 4,5 милиони галони нафта, со што Deepwater Horizon ќе биде една од најголемите светски еколошки катастрофи. Еxxon до денес има исплатено 4,3 милијарди долари отштети и за чистење на регионот од излеаната нафта.Американскиот претседател Барак Обама веднаш по хаваријата донесе мораториум на натамошните црпења нафта и пробни бушења во близината на американскиот брег, што инаку неодамна го дозволи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина ги повлекува тенковите Абрамс од борба: Пет од нив веќе се уништени во руските напади
Украина ги повлече од борбата тенковите Абрамс М1А1 испратени до неа од САД, делумно затоа што нападите со руски беспилотни летала ја попречија работата на тие тенкови и затоа што тие се цел на напади, изјавија за АП двајца американски воени претставници.
Засега, тенковите се преместени од првите линии на фронтот, а САД ќе соработуваат со Украинците за да најдат нова тактика за користење на тие тенкови, изјавија заменик-претседателот на Здружениот генералштаб, адмирал Кристофер Грејди и неименуван претставник на одбраната.
САД одобрија испраќање 31 тенк Абрамс во Украина во јануари 2023 година, откако украинските власти побараа нивна испорака, тврдејќи дека тенковите, кои чинат по околу 10 милиони долари, се од витално значење за пробивање на руските борбени линии.
Оттогаш фронтот значително се промени, особено поради употребата на руски извидувачки беспилотни летала, што им отежна на украинските сили да ги заштитат тенковите Абрамс од руски напади, бидејќи беспилотните летала брзо ги откриваат, наведува АП.
Агенцијата додава дека пет од 31 тенк Абрамс веќе се уништени во руските напади.
Свет
Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.
Во четвртокот, на состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објави Киев Индипендент.
„Во последните месеци, членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија“, рече Столтенберг.
Свет
Во Аргентина откриен нов вид диносаурус
Аргентинските палеонтолози објавија дека откриле нов вид диносаурус, наречен Chakisaurus nekul, кој живеел пред околу 90 милиони години во областа на денешна Патагонија.
Chakisaurus nekula е тревојаден диносаурус со средна големина, а фосилот е пронајден во природниот резерват Пуебло Бланко, во јужната провинција Рио Негро, каде што претходно биле пронајдени бројни остатоци од други диносауруси, цицачи и риби.
Се смета дека најголемиот чакисаурус достигнал големина од три метри во должина и 70 сантиметри во висина, а новите студии покажуваат дека овој тип на диносаурус трчал брзо и имал невообичаено закривена опашка, наведува Ројтерс.