Свет
Уапсени четири лица во врска со нападот на Тајмс сквер
Пакистанските власти уапсиле најмалку четири лица под сомневање дека соработувале со Фејсал Шахзад, кој е обвинет за неуспешниот обид да крене во воздух автомобил-бомба на њујоршкиот Тајмс сквер на 26 март
Еден од приведените е син на сопственик на кетеринг компанија, која доставува храна за елитни криленти, вклучително и амбасади, пренесуват светските агенции повикувајќи се на локалните меиуми.Американската амбасада во Исламабад се сомнева дека компанијата одржува врски со терористи. Според висок пакистански претставник, засега не е утврдено дали приведените биле директно вовлечени во планот на атентаротот.Триесетгодишниот Фејсал Шахзад, натурализиран Американец роден во Пакистан, подигна обвинение за обид за употреба на оружје за масовно уништување и обид за убивање и ранување лица во САД. Тој е обвинет дека во саботата навечер ја донел бомбата од домашно производство направена од бензин, гас пропан, пиротехники средства на Тајмс сквер.Тој во февруари годинава се вратил во САД по петмесечен престој во Пакистан, а во изјавата пред судот навел дека престојувал кај неговите родители. Постојат сомневања дека таму стапил во контакт со Ал Каеда или со талибаните.Фејсал Шахзад, беше уапсен на њујоршкиот меѓународен аеродром „Џ.Ф. Кенеди“ пред да одлета за Дубаи. Како што било наведено во документацијата дадена пред судот, тој изјавил дека самиот ја подготвил аматерската експлзоивна направа и ја довезол на познатата туристичка дестинација во Њујорк.Пакистанските власти во вторникот во Карачи уапсиле едно лице за кое се сомневаат дека е поврзано со неуспешниот атентат на њујоршки Тајмс сквер, изјавиле разузнавачки извори. Денеска пакистански разузнавачки извори соопштија дека имаат индициите дека Шахзад не дејствувал сам, а медиумите шпекулираат дека во врска со овој неуспешен напад е уапсено уште едно лие во Карачи.Пакистанските талибани уште во неделата ја преземаа одговорноста за обидот за крвав бомбашки напад на њујоршкиот Такмс сквер, со изјава објавена на исламистичка интернет страница . Во изјавата на Терик-е-Талибанк, како што се нарекуваат палестинските талибани, беше наведено дека обидот за бомбашки напад бил одмазда за убиството на двајца исламисти и муслимански маченици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во руски напад на Павлоград загинаа 12 лица
Во нападот на руски дронови што утрово беше извршен врз градот Павлоград загинаа 12 лица, а ранети се седуммина, соопшти шефот на воената управа на Дњепропетровската област, Александар Ганжа.
– Непријателско беспилотно летало експлодираше покрај службен автобус на едно од претпријатијата во Павлоградскиот округ. Според прелиминарните информации, 12 лица загинаа, а седуммина се повредени, се наведува во објавата на Ганжа.
Во исто време во руско бомбардирање на градот Славјанск во Доњецката област утрово загина 43-годишна жена, а уште една е ранета.
– Загина 43-годишна жена, жителка на Краматорск. Мое искрено сочувство до нејзиното семејство и пријателите. Една мештанка е повредена, информира началникот на воената управа на Славјанск, Вадим Љах.
Тој потврди дека во нападот се оштетени 14 повеќекатници, три автомобили, филијала на Нова пошта и деловен центар.
Свет
Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче
Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се на обвинителството.
Младиот швајцарски државјанин починал во болница во Цирих. Со неговата смрт, бројот на жртви од пожарот во барот „Le Constellation“ во швајцарскиот центар Кран-Монтана се искачи на 41 лице.
Пожарот избувна за време на забава за Нова година, на која присуствувале главно млади луѓе, откако прскалки го запалиле таванот. Пламенот брзо се проширил, а многу луѓе останале заробени во подрумот, не можејќи навреме да побегнат преку тесните скали.
Повеќе од 100 луѓе беа повредени, од кои околу 80 претрпеа тешки изгореници.
Јавното обвинителство води истрага за убиство од небрежност, нанесување телесни повреди и предизвикување пожар.
Свет
Две лица загинаа во најновите руски напади со дронови врз Украина
Маж и жена загинаа во украинскиот град Днипро откако Русија изврши нов бран напади со дронови во текот на ноќта, соопштија денеска официјални лица.
Во нападот избувнал пожар, а една куќа е целосно уништена, изјави воената гувернерка Олександр Ханжа во објава на Телеграм.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија во текот на ноќта извршила вкупно 90 напади со дронови низ целата земја, од кои околу десетина завршиле со директни погодоци.
Нападите се случуваат во време кога руски и украински претставници денеска треба да се сретнат во Абу Даби на нови разговори за можен крај на војната.
Разговорите следуваат по слична средба одржана минатата недела, прва по подолга пауза, но овојпат без присуство на американски посредници.
Со цел создавање позитивна основа за разговорите, Русија го прифати барањето на американскиот претседател Доналд Трамп привремено да ги запре нападите врз украинската енергетска инфраструктура, откако претходните напади врз електраните оставија илјадници луѓе без струја, греење и вода, при температури под нулата.
Според Кремљ, ограничениот прекин на огнот треба да трае до денеска.
Во меѓувреме, во Украина продолжуваат работите за обновување на снабдувањето со електрична енергија по вчерашниот прекин, предизвикан од дефект на далноводите.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека околу 1.000 домаќинства и натаму се без греење, откако тешкото руско бомбардирање ја оштети електроенергетската и топлинската инфраструктура на главниот град.

