Свет
Шефот на руската ФСБ предупредува на зголемен ризик од териризам
Многу земји ќе се соочат со растечките глобални терористички закани, изјави ви четврток шефот на риската Федерална служба за безбедност (ФСБ), Александар Бортников, пренесува агенцијата РИА
„Една анализа на тековните проблеми со тероризмот покажува покашување на ризикот од териристички закани во повеќето држави на светот, без оглед на нивниот економски развој, воен потенцијал или државно уредување“, вели Бортников . Тој додава дека најсмртоносните закани од терористилки напади се насочени кон САД, Русија, велика Британија, Шпанија, Израел, Авганистан, Ирак и многу други држави. „Понекогаш цели региони се под влијание на тероризмот“, вели пефот на ФСБ, мислејќи на насилниот регион на Северен Кавказ. Бортников вели и дека само од почетокот на годинава, руските безбедносни служби спречиле 23 терористички напади и привеле повеќе од 250 милитанти што, според него, е резултат на информации од странските партнери и добро темпираните заеднички истражни мерки. Тој повика на натамошна соработка помеѓу националните и меѓународните безбедносни тела во мултилатерални формати, за да се зголеми ефективноста на борбата против глобалниот тероризам. Бортников изрази посебна загриженост поради можноста од терористички напади во текот на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година. „Една реална закана од Ал каеда предизвика откажување на релито „Дакар 2008“, за прв пат во историјата на оваа престижна трка. Во овој поглед, намерите на неколку водачи на терористички организации во врска со Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година се јасно примени на знаење“, вели Бортников. Русија го зголеми нивото на узбуна по неодамнешните напади во Москва и во севернокавкаската република Дагестан.Во нападот во метрото во Москва на 29 март годинава загинаа 40 луѓе, а преку 100 беа ранети. На 31 март во експлозија на две бомби во градот Кизлјар во дагестан загинаа 12 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

