Свет
Израел ќе ја ублажи блокадата на појасот Газа
Израел ќе ја ублажи блокадата на Газа и ќе дозволи влез на голем број прехрамбени производи, но ќе ја задржи забраната за доставување на градежни материјали, пренесуваат агенциите
Израел ќе ја ублажи блокадата на Газа и ќе дозволи влез на голем број прехрамбени производи, но ќе ја задржи забраната за доставување на градежни материјали, пренесуваат агенциите„Израелските власти ќе дозволат внесување на одреден број производи, кои досега беа забранети“ изјави началникот на Бирото за врски со Израел во појасот Газа, Раед Фатух.Тој појасни дека листата со дозволи за увоз на производи вклучува овошни сокови, салата, чипсови, шеќерни производи.Мерката треба да стапи на сила на почетокот на следната недела во моментот, кога Израел е подложен на критики од меѓународната јавност заради крвавиот напад на 31 мај против хуманитарниот конвој кај Газа.Портпаролот на израелската армија ги потврди мерките и подвелече дека ова решенеие било донесено пред неколку недели и тие се дел од политиката за ублажување на блокадата и немаат врска со нападот на конвојот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ОН: Израелските воздушни напади врз Јемен се алармантни
Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска ја осуди ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Јемен, велејќи дека израелските воздушни напади врз јеменскиот меѓународен аеродром Сана, пристаништата на Црвеното Море и електраните се алармантни.
Израел потврди дека вчера погодил повеќе цели поврзани со проиранските Хути во Јемен, вклучувајќи го и меѓународниот аеродром Сана. Медиумите блиски до Хутите јавуваат дека загинале најмалку шест лица.
„Денешните израелски воздушни напади врз меѓународниот аеродром Сана, пристаништата на Црвеното Море и електраните во Јемен се особено алармантни“, рече портпаролот на генералниот секретар на ОН на брифинг со новинарите, изразувајќи загриженост за ризикот од натамошна регионална ескалација.
Свет
Путин: Словачка би можела да биде домаќин на мировни преговори со Украина
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е отворена за словачкиот предлог да биде домаќин на мировните преговори со Украина за ставање крај на конфликтот.
Путин, кој оваа недела беше домаќин на словачкиот премиер Роберт Фицо во Кремљ, рече дека Фицо, жесток противник на поддршката на Европската унија за Украина, понудил неговата земја да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина.
Путин рече дека словачките власти би биле среќни нивната земја да биде платформа за преговори.
„Ние не се противиме на тоа, ако се работи за тоа. Зошто да не? Словачка зазема толку неутрална позиција“.
Словачка е меѓу членките на ЕУ од Централна и Источна Европа кои се скептични за поддршката за Украина и ги поддржуваат преговорите за ставање крај на војната со Русија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано ја критикуваше Словачка, која граничи со Украина, за пријателскиот тон на Фицо кон Русија по враќањето на власт во 2023 година.
Путин постојано повторува дека Русија е отворена за преговори за ставање крај на војната со Киев, но дека без оглед на тоа ќе ги постигне своите цели во Украина.
Свет
Хамас: Најмалку 50 загинати во израелските воздушни напади врз Газа
Најмалку 50 лица загинаа во израелски воздушен напад врз зграда во северниот дел на Појасот Газа, соопштија доцна синоќа здравствените власти под контрола на Хамас.
Истиот извор објави дека меѓу жртвите има пет вработени од блиската клиника во Беит Лахиа: педијатар, лаборант, техничар и двајца болничари. Веста ја потврди и директорот на болницата Камал Адван, Хусам Абу Сафија.
Информацијата не е независно проверена, а израелската војска не била подготвена да ги коментира наводите.
Во меѓувреме, Израелците објавија дека еден од нивните војници загинал за време на судирите во северниот дел на Појасот Газа. Претходно, палестинските медиуми објавија дека најмалку девет Палестинци загинале, а неколку други се ранети во израелски напад во северниот дел на Појасот Газа.
Во извештајот на новинската агенција ВАФА се вели дека куќите во градот Газа биле погодени синоќа во воздушен напад. Цивилната заштита под контрола на Хамас соопшти дека најмалку 13 лица загинале, а околу 40 се повредени. Израелската војска соопшти дека ќе го истражи извештајот.