Свет
Отворен оган врз демонстрантите во Кашмир
Индиските војници отвориле оган врз стотици демонстранти кои се обиделе да преземат паравоено упориште во Кашмир, притоа убивајќи едно лице а ранувајќи најмалку пет, соопшти локалната полицијата која . Повеќе беа повредени во подоцнежните судири
Стотици луѓе излегоа на улиците на Шринагар, најголемиот град во областа на сојзуната држава Џаму и Кашмир, во знак на протест за смертта на 25-годишно момче во саботата кое починало како последица од претепувањето од индиските војници во демоснтрациите одржани миантата седмица, пренесе Associated Press.Кашмирската сојузна полција соопшти дека демонстрантите фрлале камења врз безбедносните сили и опколеле оклопно возило кое припаѓало на паравоените единци. Тие подоцна се обиделе да запалат еден бункер, изјавил Фарук Ахмед, висок полициски службеник кој потврдил дека е убиено едно лице. Портпаролот на кашмирската полција изјавил дека паравојнците го употребуиле оружјето во самоодбрана.„Покажавме максимална воздржаност. Нашите војници отворија оган во самоодбрана, откако демонстрантите се обидоа да го запалат бункерот“, изјавил Прабхакар Трипатхи, порптпарол на Сојузниот резервен полициски состав.По пукањето стотици демонстранти излегле на улиците извикувајќи ги паролите „Сакаме слобода“ и „Индиските сили да го напуштат Кашмир“, пренесува агенцијата, по што избувнале нови удири при шти полицијата и паравојницте испукале предупредувачки истрели и солзавец во толпата за да ги растераат демонстрантите. Притоа претставник на полицијата потврдил дека во судирите биле повредени најмалку шест демонстранти и пет војници биле повредени.„Ситуацијата е ставена под контрола и е воведена забраната за собирање во група на повеќе од пет лица“, изјавил Фарук Ахмед за AP.Анти-индиското расположение е силно изразено во Кашмир кој е населен со мнозинско муслиманско наеселени а е поделен меѓу Индија и Пакистан а од двете страни на границата се бара негово спојување во една држава. Од 1989 г. бунтовничките групи се организирани во герилска војан за издејствување независност на овој хималајскиот регион од Индија или нејзините соединување со соседен Пакистан. Досега во конфликот во Кашмир се убиени повеќе од 68 илјади луѓе, претежно цивили.Во јануари вооружените исламистички сепаратисти, кои убија еден полицаец и еден цивил кој им подлегна на повредите во болница, даваа отпор цел ден. Тие со себе имаа поголем арсенал автоматско оружје и гранати кои ги употребувале против војниците кои го опколиле хотелот.Одговорноста за нападот ја презема исламистичката група Џамат ал-Муџахид. Еден од напаѓачите беше пакистански државјанин, најверојатно од пакистанскиот дел на областа Кашмир која е предмет на тензии и војни меѓу Индија и Пакистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

