Контакт

Свет

Грузија и Азербејџан бази за напад врз Иран

Објавено пред

Се шират шпекулации дека воздушните бази во кавкаските држави Грузија и Азербејџан би можеле да бидат употребени од страна на САД или Израел за воздушни напади врз Иран, се наведува во анализата на институтот СТРАТФОР

dobivaj vesti na viber

Колку што можеше да заклучи СТРАТФОР, трагата на овие гласини може да се проследи новинарскиот извор од Бахреин Акбар ал-Калеј, кој минатата недела тврдеше (цитирајќи само „извор“) дека неодамнешните извештаи за израелски авиони кои оперираат од база во Саудиска Арабија биле обична операција за дезинформирање на јавноста, за да се одвлече вниманието од напорите на САД и Израел на Кавказот.Последниот наплив на извештаи најверојатно потекнува од написот од 18 јуни, од сензационалистичкиот американски  новинар Гордон Даф. Како и да е, гласините дека Грузија е можна база за воздушни напади врз Иран датираат барем од 2008 година. Никогаш не се докажа дека гласините се точни, а СТРАТФОР нема веродостојни докази дека тековните гласини се разликуваат од претходните.Теоретски, Кавказот не би бил лоша локација за користење на воздушните сили за напад врз Иран. Според американското сценарио, борбените авиони кои би оперирале од овие бази би служеле како надополнување на оние кои оперираат од другите бази во регионот, како и големиот број на носачи на авиони (најмалку двојно повеќе од бројот кој сега се наоѓа во рамките на 5-та флота, која има два носачи).Поголемиот дел на иранската воздушна одбрана е ориентирана кон Ирак, Персискиот залив и Заливот на Оман, бидејќи е најверојатно американски воздушен напад да се изведе од американските борбени авиони кои оперираат од Ирак, од базите во арапските заливски држави и од носачите на авиони на отворено море. Згора на тоа, базите во Кавказот би биле многу поблиску до некои клучни цели во Иран, како што е Техеран и околината.Можноста да пријдат од Каспиското море на американските авиони ќе им даде можност да минат помалку време над иранска територија, со што ќе се овозможи по0голем број на борбени мисии. Исто така, со бази во Кавказот, САД ќе можат да го нападнат Иран од сите страни , со што уште повеќе ќе ја искомплицираат состојбата со иранската противвоздушна одбрана, која и без тоа се соочува со големи проблеми.Во моментов постојат отприлика по десеттина големи аеродроми и во Џорџија и во Азербејџан. Некои од нив (вклучувајќи гии најголемите) се чини дека се уште се оперативни и можат да понудат задоволителен квалитет за американските воени авиони. Но, ниту еден од најдобрите аеродроми не е изолиран, а повеќето писти се барем изложени на погледите на околните селски заедници, ако не и на цел град. Ова екстремно го отежнува , ако не го прави и невозможно, прикривањето на подготовките, а уште помалку на пристигнувањето на ескадрилите од борбени авиони.Поизолираните писти се главно од советско време и потребно е значително реновирање, кое би вклучило и тешка механизација и цели ридови од материјали, пред да бидат подготвени за употреба од американските борбени авиони. Дури и активните, употребливи аеродроми од советско време, кои се дизајнирани за руските авиони со многу погруба опрема за слетување и не одговараат на американските стандарди за борбените млазњаци. Исто така, најверојатно ќе биде потребно и значителното реновирање, ако не и изградба од корен, на објектите за филтрирање и чување на горивото. А во многу случаи ќе биде потребно и додатно асфалтирање, за да можат авионите ефикасно да се вртат на пистите.Она што сакаме да го кажеме е дека за сета оваа работа ќе биде потребно многу време, а ако се подготвува напад, тогаш работите ќе требало да започнат пред месеци. А, ќе беше многу тешко сета таа работа да се сокрие од мештаните, кои не само што ќе го забележеа зголемениот сообраќај на камиони и другите активности, туку ќе се почувствуваа и ефекти врз локалната економија.Во секој  случај, борбените ескадрили и инфраструктурата и поддршката која им е потребна многу тешко може да се сокријат. Доставата на борбени и транспортни авиони дури и во активна воздушна база ќе биде забележано во поширока географска област – доволно широка за да не може да се спроведе цврста контрола на информациите.  Ова особено би важело за изолираните и долго занемарувани аеродроми, бидејќи наглото зголемување на бучавата од моторите и бројот на летови веднаш ќе стане очигледно дури и за најнеупатениот набљудувач.Во меѓувреме, сито така ќе почна да се одвива транспорт на материјали и потрепштини и по копно. Сето ова е тешко, ако не и невозможно, да се сокрие од Москва, бидејќи руското ФСБ има силно присуство на теренот и увид во состојбата и во двете држави, а нема да може да се сокрие ниту од руските сателити.Оваа логична реалност ги присили САД сериозно да ги изложат своите намери и во минатото и во операцијата „Пустински штит“ и „Пустинска бура“ во 1990-91 година, како и при операцијата „Слобода за Ирак“ во 2003 година. Неможноста да се сокрие вакво натрупување на материјали и опрема не ја спречува операцијата, но го отежнува криењето на подготовките за неа.А тоа е многу повеќе од обичен технички предизвик.Причините поради кои САД не го напаѓаат Иран – и прават се што е потребно да го спречат Израел да го стори тоа – се јасни. Според проценката на американското разузнавање, Иран се уште не се одлучил дали ќе произведува нуклеарни орудија, а и ако се одлучи да произведе, ќе минат уште најмалку две години да го достигнат тоа ниво. Потоа, тука се предизвиците на тоа да се знае каде точно да се нападне, бидејќи разузнавачките информации за распоред на иранските нуклеарни инсталации се екстремно ограничени. Во меѓувреме, политичката и безбедносната динамика во Ирак се уште е исклучително кршлива, а и глобалната економија се уште се влечка: последно нешто што и е потребно е криза во теснецот Хормуз (од каде што минува поголемиот дел од нафтата која се црпи во регионот).Американското повлекување од Ирак и од Авганистан, како и економското заздравување, едноставно се многу повисоки приоритети за Белата куќа и има многу малку индикации дека дошло до битна промена во овие приоритети. Се додека не се случи нападот, сировата способност на САД да го нападне Иран не е ништо друго, освен алатка за преговори.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Трамп: САД се подготвени да им помогнат на демонстрантите во Иран

Објавено пред

САД „се подготвени да им помогнат“ на иранските демонстранти, изјави американскиот претседател Трамп, додека бројот на загинати во демонстрациите низ Иран се искачи на повеќе од 100, соопштија активисти.

dobivaj vesti na viber

Додека протестите низ Иран влегуваат во третата недела, иранските власти воведоа комуникациски прекин, а државните медиуми за немирите ги обвинуваат „терористичките агенти“ од САД и Израел.

Бројот на загинати во протестите се зголеми од 65 на 116, со над 2.600 уапсени лица, според американската новинска агенција „Активисти за човекови права“.

Американскиот претседател, кој го бомбардираше Иран минатото лето, ја објави својата поддршка за демонстрантите на Truth Social.

„Иран гледа кон слобода, можеби како никогаш досега“. САД се подготвени да помогнат!“, рече тој.

Не е јасно на каков вид поддршка мисли Трамп, а неговата изјава доаѓа еден ден откако кажа дека САД „многу силно“ би го погодиле Техеран доколку иранската влада „почне да убива луѓе“.

Британската министерка за надворешни работи, Ивет Купер, синоќа ја пофали „храброста“ на демонстрантите кои излегуваат на улиците и покрај насилната репресија.

„Ова се основни права: слобода на говор, мирно собирање и користењето на тие права никогаш не смее да биде проследено со закана од насилство или одмазда“, изјави таа.

Претходно, иранскиот јавен обвинител, Мохамад Мовахеди Азад, упати закани кон демонстрантите дека ќе се соочат со обвинение за „мохаребех“ и ќе им се суди како „непријатели на Бога“.

Делото „мохаребех“ во Иран се казнува со смртна казна.

Обвинителот додаде дека обвинението ќе важи за „немиротворци и терористи“ кои оштетувале имот, ја загрозувале безбедноста, како и за оние кои им помагале.

Исти закани во петокот упати и обвинителот од Техеран, Али Салехи, откако врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ги обвини демонстрантите дека дејствуваат во интерес на Доналд Трамп.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) „Европските идиоти сакаат војна, ова е она што ќе го добиете“, рече Медведев и објави снимка од руски напад со балистичка ракета

Објавено пред

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, објави снимка од руски напад врз западна Украина, во кој беше искористен системот „орешник“, како предупредување до европските функционери кои, како што наведе, ја промовираат идејата за распоредување на НАТО и европски трупи во Украина.

dobivaj vesti na viber

„На крајот на краиштата, владејачките европски идиоти сакаат војна во Европа. Илјада пати е кажано: Русија нема да прифати никакви европски или НАТО трупи во Украина, но не – ‘Микрон’ (францускиот претседател Емануел Макрон) продолжува да ја шири оваа бедна глупост. Па добро, тогаш, да се соочиме со тоа. Ова е она што ќе го добиете“, напиша Медведев на социјалната мрежа Икс, приложувајќи снимка од надзорни камери од напад со ракетниот систем „орешник“, пренесува агенцијата РИА Новости.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во ноќта меѓу 8 и 9 јануари е изведен напад на територијата на Украина, меѓу другото и со балистичка ракета „орешник“, наведувајќи дека тоа е одговор на наводниот напад врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во Валдaј кон крајот на декември.

Командата на Воздухопловството на Вооружените сили на Украина соопшти дека балистичката ракета со која на 8 јануари бил нападнат Лавов се движела со брзина од околу 13.000 километри на час.

Зеленски: Рускиот напад со „орешник“ беше демонстративно блиску до границата со ЕУ

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека рускиот ракетен напад со „орешник“ бил „демонстративно“ близу до границата меѓу Украина и Европската Унија.

Во своето обраќање, Зеленски рече дека балистичката ракета со среден дострел „орешник“ претставува предизвик и за земјите членки на ЕУ, како што се Полска, Романија и Унгарија, пренесе Ројтерс.

Прикажи повеќе...

Свет

Сите демонстранти ќе бидат обвинети како „непријатели на Бога“, рече главниот обвинител на Иран

Објавено пред

Главниот обвинител на Иран, Мохамад Мовахеди Азад, изјави дека сите демонстранти ќе бидат обвинети како „непријатели на Бога“, според иранските државни медиуми. Ова дело е казниво со смрт, пренесува Скај њуз.

dobivaj vesti na viber

Оваа одредба се однесува на „бунтовниците и терористите“ кои оштетиле имот и ја загрозиле безбедноста, како и на сите оние кои им помогнале, рече Мовахеди Азад.

Обвинителството треба брзо да ги подготви судењата и да не покажува никаква „благост, сочувство или попустливост“, додаде тој.

Иранската војска соопшти дека САД и Израел стојат зад неодамнешните немири во неколку градови низ земјата, предупредувајќи ги граѓаните за, како што рече, странски заговори насочени кон дестабилизација на Иран.

Во соопштението, армијата ги повика граѓаните да останат внимателни, да го зачуваат националното единство и да не подлегнуваат на, како што се наведува, „лажни тврдења за поддршка на иранскиот народ“. Се вели дека „непријателот“, чии „раце се извалкани со крвта на Иранците“, се обидува да поттикне нов бунт со лажни тврдења за поддршка на иранскиот народ.

Иранската полиција, пак, издаде предупредување до граѓаните со деца поради тековните протести.

– Со оглед на присуството на терористички групи и вооружени лица на некои собири и нивните планови за предизвикување смртни случаи, ги советуваме семејствата да се грижат за своите деца и тинејџери. За да се заштитат животите и имотот на луѓето, во тек е бескомпромисна и решителна акција против терористите – се вели во соопштението.

Протестите во Иран траат од 28 декември поради зголемувањето на цените и влошувањето на животниот стандард, откако вредноста на националната валута падна на рекордно ниско ниво.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија14 часа

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија15 часа

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија16 часа

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ17 часа

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија18 часа

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет19 часа

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет20 часа

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ21 час

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија21 час

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет22 часа

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа22 часа

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет22 часа

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...

Македонија2 дена

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...

Економија2 дена

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат...

Македонија2 дена

Снег и заладување низ земјава, од следната седмица утрински температури под -10

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините....

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има...

Топ2 дена

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во...

Свет2 дена

Трамп: Го откажав вториот напад врз Венецуела

Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад...

Економија2 дена

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...