Свет
Тајни документи на НАТО за убиства на цивили во Авганистан
Тајни документи на НАТО кои се појавиле во јавноста тврдат дека НАТО силите убиле стотици авганистански цивили во текот на војната, а тие несреќи воопшто не биле пријавени, а евроспките членки на Алијансата изразија надеж дека протечените документи за Авганистан нема да влијаат врз војната
Повеќе од 90 илјади документи на американската војска покажуваат дека во несреќни случаи во текот на шестгодишната војна во Авганистан загинале повеќе стотици цивили. Овие податоци не се објавени, ниту бројот на цивилните жртви бил пријавен.Интернет страницата www.wikileaks.org, која служи за бесплатно анонимно собирање и објавување на доверливи документи од цел свет, за ова откритие информираше во недела, а за тоа биле информирани и весниците The New York Times и лондонски Guardian, како и германски Der Sriegel.Белата куќа го осуди откривањето на документите бидејќи со тоа наводно се загрозуваат животите на Американците и нивните партнери.Американскиот советник за национална безбедност, генералот Џим Џонс, изјави дека документите го опфаќаат периодот од јануари 2004 до декември 2009 г., за време на владеењето на претседателот Џорџ Буш.Генералот Џонс тврди дека тоа се случувало пред сегашниот претседател Барак Обама да ја најави новата стратегија со повеќе средства за Авганистан, но и со порешителни акции против Ал Каеда и талибаните во Пакистан. Европските членки на НАТО изразија надеж дека истекувањето на 91.000 доверливи документи на армијата на САД за Авганистан нема да имаат влијание врз се пожестоката војна, пренесува Асошиејтед прес.Во недела, интернет страницата за дигање на узбуни „Викиликс“ објави 91.000 документи на армијата на САД кои се однесуваат на изминатите шест години од војната, меѓу кои има и непријавени инциденти во кои се убиени авганистански цивили и тајни операции против талибански функционери.Зборувајќи пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел во понеделник, шефот на германската дипломатија, Гвидо Вестервеле, предупреди на можните „повратни удари“ и ги повика сите засегнати страни во Авганистан да работат заедно кон национално помирување.И неговиот британски колега Вилијам Хејг истакна дека во последно време е постигнат значителен прогрес во изградбата на авганистанската држава и ја изрази својата надеж дека ваквите истекувања нема да ја затрујат позитивната атмосфера.НАТО, кој командува и со американските воени единици во Авганистан, одби да го коментира настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Наскоро добри вести во врска со крајот на војната во Украина
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека неговата администрација наскоро може да има добри вести во врска со нејзините напори за ставање крај на речиси четиригодишната војна во Украина.
„Мислам дека се справуваме многу добро со Украина и Русија. Ова е прв пат да го кажам тоа.
Мислам дека може да имаме добри вести“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба на Белата куќа, објави Ројтерс. Специјалниот американски претставник Стив Виткоф ќе присуствува на преговорите со делегациите на Русија и Украина во Абу Даби, објави денес Белата куќа.
Претходно, Зеленски објави дека следната рунда трилатерални преговори меѓу Украина, Соединетите Американски Држави и Русија за крајот на војната во Украина ќе се одржи на 4 и 5 февруари во Абу Даби, во Обединетите Арапски Емирати.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека одложувањето на втората рунда мировни преговори за Украина во Абу Даби е резултат на несогласувања во распоредот на делегациите и дека нови разговори ќе се одржат на 4 и 5 февруари, пренесува Танјуг. На претходната средба во Абу Даби од 23 до 24 јануари, фокусот на преговорите беше ставен на крајот на војната и понатамошниот процес на мировни договори.
Свет
Норвешкиот премиер му одговори на Трамп, испрати порака до ЕУ: „Не заборавајте, пријатели“
Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе го отфрли неодамнешното тврдење на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД „никогаш не добиле ништо“ од НАТО. Зборувајќи на Безбедносната конференција во Осло во понеделник, Сторе рече дека колективната безбедност се заснова на личен интерес, а не на добротворност, објави агенцијата Анадолија.
„Звучи сосема погрешно кога американскиот претседател во Давос вели дека ние сме дале сè на НАТО, а Алијансата не дава ништо за возврат. Тоа е неточно. Едноставно неточно“, рече Сторе, додавајќи дека колективната безбедност „не е добротворна организација“, туку нешто што е „создадено од личен интерес“.
Сторе ги наведе американските закани со царини кон сојузниците и обидот за преземање на Гренланд како примери за промени во светот, опишувајќи ги како алатки за политички притисок. Затоа, тој ја нагласи потребата од продлабочување на европската соработка во областите на безбедноста, одбраната и трговијата, како и од преиспитување на улогата на САД во европската безбедност.
„Нашата цел е мудро да трошиме за одбрана, така што таа навистина ќе се вклопи во регионалните планови. Но, ќе направиме повеќе. Стратешки ќе ја продлабочиме нашата соработка со нашите водечки европски партнери, со Обединетото Кралство“, рече тој.
„Не заборавајте, пријатели, ЕУ е клучна за нашата безбедност. Но, земјите-членки на ЕУ претставуваат 20 проценти од воениот капацитет на НАТО. Околу 80 проценти доаѓаат надвор од ЕУ: САД, Канада, Турција, Велика Британија, Норвешка“, додаде тој.
Свет
НАСА ја стопира мисијата: Одложено патувањето на астронаутите околу Месечината
НАСА денеска соопшти дека ја одложува мисијата за испраќање четворица астронаути на патување околу Месечината, откако за време на проверката на ракетата биле забележани технички проблеми.
Менаџерите на мисијата спроведувале детална проба на лансирањето, позната како „wet dress rehearsal“ (симулација на лансирање со полнење гориво), во Вселенскиот центар Кенеди на Флорида, кога инженерите откриле истекување на водород во основата на ракетата Space Launch System, пренесе Ен-Би-Си њуз.
Поради тоа, НАСА била принудена да го прекине тестот нешто по полноќ по источноамериканско време, при што останувале околу пет минути и 15 секунди до симулираното одбројување за лансирање.
Нешто по 2:00 часот наутро по источноамериканско време, НАСА соопшти дека се откажува од лансирањето на мисијата Artemis II околу Месечината, со цел тимовите да ги анализираат податоците и да изведат нова проба од типот „wet dress rehearsal“.
Според најавите, новото лансирање се планира најрано во март.
Агенцијата наведе дека на располагање има прозорци за лансирање од 6 до 9 март, како и на 11 март, а доколку биде потребно, и дополнителни датуми во април.
Претходната, беспилотна мисија Artemis I околу Месечината во 2022 година беше одложена за шест месеци поради истекување на водород, откриено за време на првата „wet dress rehearsal“ проба.
Со оглед на тоа што за првпат луѓе ќе летаат на ракетата Space Launch System и во капсулата Orion, влогот за мисијата Artemis II е исклучително висок.

