Свет
Од „Парадата љубовта“ 20 мртви и 512 повредени
Бројката жртви од несреќата на најголемата техно журка во германскиот град Дуизбург се зголеми на 20 лица а бројката повредени што ја соопштија локалните власти изнесува 512, пренесе Reuters
Оваа информација за медиумите ја соопштила премиерката на федералната држава Северна Рајна-Вестфалија, Ханелоре Крафт. Претходно беше соопштено за 19 загинати и 340 повредени. Во последниот извештај се додава и дека 43 учесници на манифестацијата која викендов собра 1,4 милиони посетители од целиот свет се наоѓаат во критична состојба.Нациоанлноста и полот на последната жертва не се соопштени а досеа беше објавено дека загинаа 11 жени и осум мажи, од кои седум се странци, две лица од Шпанија и по една од Австралија, Босна и Херцеговина, Кина, Италија и Хоалндија. Причина за стампедото според досегашните извештаи е паниката која се јавила во тунелот кој водел до старата железничка станица во градот каде се одржуваше годинешново издание на Love Parade кога лицата кои работеле на фестивалот го затвориле излезот на тунелот, кој води кон локацијата каде се одржувал настанот, затоа што бил преполн. Влезот на тунелот меѓутоа не бил затворен и луѓето продолжувале да влегуваат во него..Авторот на идејата за Парадата, познатиот диџеј Доктор Моте, целата вина ја префрлил на организаторите на манифестацијата. Организаторитет на манифестацијата објвија во недела дека саботното издание на најголмиот фестивал на техномузиката е последно.Традицијата на оваа манифестација која ќе ги собира младите и љубителите на музиката почна во 1989 г. во Берлин кога во тогаш Западен Берлин се собраа 150 поклоници на техно музиката.„Парадата на љубовта’ или Love Parade се одржува од 1989 г. и е најголемата светска техно журка, почната како демонстрација за мир, толеранција и разбирање низ љубов и музика. Од 1989 г. до 2006 г. се одржуваше секоја година во Берлин, пред да се пресели во Рурската област во 2007 г. Најголем број на учесници е забележен во 1999 г. кога учествувале 1,5 милион луѓе.Во 1990-те парадата беше сметана за најголема берлинска атракција која привлекуваше многу туристи од цел свет и ја промовираше германската престолнина како најпривлечно место за младите.Секоја година повеќе од милион учесници се собираат од цел свет во поворка која е долга повеќе километри на која се танцува, но се употребува и алкохол и недозволени супстанци, како што се екстази, кокаин и амфетамини. Групите за заштита на околината бараа од организаторите во Берлин бараа поставување огради за да не се уништуваат цвеќињата и дрвјата, но организаторите одбија затоа што сметаа дека тоа претставува опасност за учесниците на манифестацијата. Парадата се пресели од Берлин, откако започна спорот за дозволите за одржување и обврските на организаторите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

