Свет
Авганистанка го напуштила мажот, талибаните и ги отсекле носот и ушите
Осумнаесетгодишната Ајша во Авганистан била сурово казнета од нејзиниот сопруг, заради тоа што го напуштила додека тој бил во борба
Девојката додека сопругот не бил дома, била злоставувана од неговите роднини, по што таа се решила да побегне. Една вечер нејзиниот сопруг и уште еден маж ја фатиле кога се обидувала да побегне. Додека неопознатиот ја држел, сопругот и ги отсекол ушите и носот, како казна што го напуштила што ја донел талибанскиот суд.„Да не побегнеше, веројатно не би преживеала меѓу нив“, пишува њујоршки Time кој на насловнаат страница ја донесува фотографијата од осакатената девојка а целата сторија ќе може да ја проследите во следното издание на магазинот Форум овој петок.Меѓутоа, обајвувањето на фотографијата предизвика полемика во западната јавност. Некои сметаат дека објавувањето на грозоморната фотографија е предупредување на јавноста дека жените и децата може да станата најголемите жртви доколку се повлечат западните меѓународни сили и талибаните повторно дојдат на власт. Други, пак, го осудуваат обајвувањето на ваквите страшни фотографии.Ајша сега се наоѓа во Кабул во засолниште за жени и чека на пластична операција која ќе и биде извршена во САД, пишвува весникот.На крајот од август минатата година, талибаните пред авганистанските претседателски и покраински избори се закануваа со драконски казни за гласање. Повеќето Авганистанци се чувствуваа безбедни, но казната стигна еден 40-годишник кому му беа отсечени носот и ушите. Лал Мохамад додека одел на гласање, бел пресретнат од талибани и откако го мачеле му ги отсекле носот и ушите, како што според нивното право се нагрдуваат престапниците
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

