Свет
Во Москва двојно повеќе починати од вообичаеното
Стапката на смртност во Москва е двојно зголемена откако градот е прекриен со смог и отровни гасови предизвикани од стотиците големи шумски пожари во Подмосковје, објави во понеделник локалната власт на руската престолнина
„Во нормални околности, во Москва на ден умираат меѓу 360 и 380 луѓе. Само денска починаа околу 700. Нема никаква тајна во тоа. На улиците секојдневно е 40 степени Целзиусови“, изјавил началникот на градската канцеларија за задравство Андреј Селцовски, пренесува РИА Новости.Селцовски додава дека огромните жештини се главната причина за зголемената смртност. Бројката итнервенции е зголемен за четвртина, а најголем дел од интервенциите отпаѓаат на срцевите и респираторните проблеми. Ова е првапт откако со главниот град на Русија завладеаја невообичаено високи температури за овој климатски појас, а кои траат речиси месец и половина, градските власти да објавата какво и да е статистички податок за тоа. Московските мртовечници и болници се преполни, дури еден од градските крематориуми соопшти дека заради „преоптовареност, нема да прима нови работи“. Пожарникарите се борат со огнената стихија на површина од 1.740 квадратни километри, што е големинатан а Лихтенштајн. Шумските пожари во цела Русија инаку зафатија површина од вкупно 200 илјади хектари, а според официјалниот информации директно од пожарите смртно настрадале 52 лица.Првпат во илјадалетната историја на Москва се случуваат вакви високи температури, соопшти во понеделникот директорот на московскиот метеоролошки завод. „Ниту ние, ниту нашите предци доживеале вака високи температури од основањето на нашата држава“, изјавил началникот Александар Фролов во наменска изјава за државната руска телевизија. Тој додал дека станува збор за единствена, досега никаде не забележана појава, Метеоролошките служби веќе објавија дека горештините во западниот дел од Русија кој траат од почетокот на јули, ги надминале сите досега рекордни граници и во поглед на температурите и во должината на нивното траење, од отворањето на регистерот на модерна Русија пред 130 години, Така, по рекордните 38,2 степени Целзиусови измерени во Москва на 29-ти јули, во саботата беше измерена и апсолутно највисоката температура од 37,1 степен во царската руска престолнина Санкт Петербург која е посеверно од Москва. Заради незапаметените горештини и пожари во Русија од кои настрадаа и милиони хектари засеани со пченица, според проценките изгубено е околу 40 отсто од планираото производство пченица, рускиот премиер Владимир Путин забрани да се извезува, што придонесе за зголемување на цената на пченицата на светските пазари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон: Случајот Епстин ги засега САД, американското судство нека си ја врши работата
Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека американското судство треба да си ја врши работата во истрагата на аферата поврзана со американскиот осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
За време на посетата на Саемот за вино во Париз, Макрон изјави дека случајот Епстин „првенствено ги засега Соединетите Американски Држави“, пренесува „Фигаро“.
„Во тој случај, тамошното судство треба да си ја врши работата, и тоа е сè“, рече Макрон.
Во врска со поранешниот француски министер за култура Жак Ланг, кој е под истрага за неговите врски со Епстин и кој под притисок поднесе оставка од функцијата директор на Институтот за арапскиот свет, Макрон рече дека Ланг „донел одлука според својата совест“, пренесува Танјуг.
Регион
Хашим Тачи се соочува со 45 години затвор, обвинет е за убиства и тортура
Меѓународните обвинители за воени злосторства денес изјавија дека поранешниот косовски претседател Хашим Тачи ги контролирал етничките албански герилци и дека треба да биде прогласен за виновен за воени злосторства и да биде осуден на 45 години затвор.
Тачи и тројца други поранешни команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК) се обвинети за прогон, убиства, тортура и присилни исчезнувања за време и кратко по востанието од 1998-1999 година, кое на крајот донесе независност на регионот со мнозинско албанско население од Србија.
„Обвинетите извршија злосторства против своите противници за да ја преземат контролата врз Косово“, изјави обвинителката Кимберли Вест пред судот во Хаг. Таа додаде дека во 1998 и 1999 година, повеќе од 100 политички противници и наводни соработници на српските безбедносни сили биле убиени, а стотици биле злоупотребени во околу педесет логори под администрација на ОВК.
„Овој случај е за целта на четворицата обвинети да добијат и да остварат контрола врз целото Косово“, рече Вест кон крајот на речиси тригодишното судење во Специјалниот трибунал за воени злосторства за Косово со седиште во Хаг.
Тачи, кој беше премиер, министер за надворешни работи и претседател на независно Косово помеѓу 2008 и 2020 година, и другите обвинети ги негираат сите обвиненија. Адвокатите на Тачи, кои се очекува да дадат завршни зборови во среда, претходно тврдеа дека 57-годишниот Тачи немал вистинска власт над ОВК и нејзините воени команданти за време и по востанието.
Обвинителите тврдат дека Тачи и другите водачи на ОВК воделе насилна кампања против политичките противници, како и малцинските етнички Срби и Роми, со цел да преземат целосна контрола врз Косово.
Специјализираниот суд за Косово, во кој работат меѓународни судии и адвокати, беше основан во 2015 година за да се занимава со случаи на воени злосторства според косовскиот закон против поранешни герилци на ОВК. Многу Косовари веруваат дека судот е пристрасен и ги сметаат командантите на Ослободителната војска на Косово за херои кои го ослободија Косово од репресивната српска влада.
фото/ЕПА
Свет
Кремљ: Ситуацијата со горивото во Куба е критична
Кремљ објави дека ситуацијата со горивото во Куба е критична и дека американските обиди да ја „задушат“ економијата на островот предизвикуваат бројни тешкотии. Куба претходно презентираше план за рационализација на потрошувачката на гориво и заштита на клучните услуги за справување со продлабочената криза, пишува Ројтерс.
Комунистичката влада на Куба во петокот детално ги изнесе плановите за надминување на кризата, пркосејќи им на напорите на САД да го прекинат снабдувањето со нафта на карипскиот остров. Вашингтон претходно ја прогласи Куба за „невообичаена и вонредна закана“ за националната безбедност на САД.
„Ситуацијата во Куба е навистина критична. Свесни сме за тоа. Одржуваме интензивни контакти со нашите кубански пријатели преку дипломатски и други канали“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите.
Песков го нагласи незадоволството на Москва од американската политика кон Куба. „Тактиките на сузбивање на САД навистина создаваат многу тешкотии за земјата. Разговараме со нашите кубански пријатели за можни начини за решавање на овие проблеми или барем за обезбедување на секаква можна помош“, рече тој.
Неговите коментари беа одговор на прашање во врска со извештаите за недостиг на гориво за авиони и можните последици за руските туристи кои сакаат да ја напуштат Куба, долгогодишен сојузник на Москва. Минатата недела, рускиот амбасадор во Куба, Виктор Коронели, изјави за државната новинска агенција РИА дека Москва постојано ја снабдувала Куба со нафта во последните години и дека ќе продолжи да го прави тоа.

