Свет
Германскиот суд го пушти наводниот израелски шпион со кауција
Германскиот суд во петок го пуштил со каузција израелскиот државјани осомничен дека учествувал во јануарското убиство во Дубаи на еден од лидерите на палестинското движење Хамас, јави Associated Press
Изреалецот Ури Бродски за кого се претпоставува дека е агент на израелската тајна служба Мосад, кој е осомничен дека помагал во снабдувањето со пасоши со идентитет на германски државјанин за потребите на ликвидаторската група која во хотелска соба во Дуаби го ликвидираше во јануари годинава хамасовиот водач Махмуд ал-Мабух, беше во четвртокот испорачан на Германија од Полска каде беше уапсен по меѓународна потерница на 4-ти јуни на аеродромот во Варшава. Полскиот суд процени дека шпионирањето против Германија во Полска не е кривично дело, така што на Бродски во Германија ќе може да му се суди за фалсификување но не и за шпионажа. Бродски кој поседува и полски и израелски пасош ги негира обвинувањата и тврди дека е обичен бизнисмен„Бродски сега може да се врати во Израел, која тој ќе посака“, изјавил обвинителот Рајнер Волф, според цитатот на агенцијата. Според него, и обвинителстово и судот едногласно одлучиле да го ослободат Израелецот со кауција, но износ не е соопштен. Началникот на полицијата во Дуаби, генералот Дахи Халфан Тамим, изјави во јуни дека Обедиентите арапски емирати ќе бидат задоволни доколку Бродски биде казнет во Германија доколку се докаже дека неговата вмешаност во убиството кое е ограничено само на фалсификувањето на пасошот на Германецот. Инаку Тамим тогаш нагалси дека ОАЕ може исто така да да побара негова екстрадиција. Германија, како и повеќето западни држави беше револтирана од фактот што нејзини пасоши биле употребени од припадниците на тимот атентатори на Мосад за кои се верува дека на 19-ти ноември во хотел крај Дубаи го убиле ал-Мабух кој беше еден од главните основачи на военото крило на Хамас, „Бругадите на ал-Изедин Касам“.Полицијата во Дубаи го обвинува Мосад за убиството на Махмуд ал-Мабхуд, еден од водачите на исламската организација Хамас. Според полицијата во Дубаи, осомничените за убиството пристигнале од Париз, Рим, Милано и од Хонг Конг, а по убиството се расштркале по светот. Двајца од нив заминале за Иран со брод.Атентаторите користеле лажни пасоши со имињата и податоците на сопствениците на документите, а осомничени се 27 луѓе, од кои 12 со докумнети на британски државјани.Во март Интерпол со ова вкупно издаде 27 потерници за убиството на ал-Мабхуд во неговата хотелска соба крај Дубаи. Претходно, на 18-ти февруари Интерпол издаде 11 потерници по исто толку осомничени лица. Овие 11-мина патувале со лажни британски, ирски, француски и гермаски пасоши. Шестмина од нив се Британци кои живеат во Израел и негираат какваи да е вмешаност во убиството, а тврдат дека идентитетите им се украдени.Австралиската влада остро реагираше на употребата на австралиски пасоши на луѓето кои може да се вмешани во убиството, па на Израел му е јасно ставно до знаење дека доколку истрагата покаже дека злоупотребата на нивните пасоши, на некој начин е спонзорирано од израелските надлежни, одговорот нема да биде пријателски. И другите земји, чии пасоши се појавуваат кај осомничените ги повикале на разговор амбасадорите од Израел во нивните земји.Израел ниту ја потврдува, ниту ја негира вмешаноста, но нивниот министер за надворешни работи вели дека тоа не може да се поврзи со убиството. Мабхуд, роден во појасот Газа, живеел во Сирија од 1989 г. и израелските и палестинските извори велат дека играл улога на шверцер на иранско оружје за милитантите во Газа. Неименуван разузнавачки извор претходно изјави дека ал-Мабхуд бил клучната личност преку која во појасот Газа пристигнувале иранските ракети со дострел од 40 километри. Меѓутоа, ни тој не потврдил дека Израел има некакво учество во неговата смрт.Во соопштението по повод убиството, Хамас потврди дека ал-Мабхуд бил еден од втемелувачите на военото крило на организацијата која изведе стотици бомбашки напади против израелски цели. Движењето, исто така, вели дека тој бил мозокот во заробувањето и убиството на двајца израелски војници за време на палестинската револуција во осумдесетите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.