Свет
Во Атина разговори Папандреу – Нетанјаху
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделник пристигна во Атина на дводневна посета, една откако неговиот грчки колега Јоргос Папандреу го посети него во Тел Авив и во период на влошени односи меѓу Израел и Турција
Ова е прва посета на израелски премиер на Грција во целата 60-годишна историја на еврејската држава.Пред денешната средба со Нетанјаху, Папандреу имаше телефонски разговори со египетскиот претседател Хосни Мубарак, со палестинскиот претседател Махмуд Абас и со генералниот секретар на Арапската лига, Амр Муса.Висок грчки владин функционер, кој побара да остане анонимен, за Аssociated Press изјавил дека Папандреу сакал да го слушне мислењето на арапските лидери за блискоисточниот мировен процес, вклучувајќи ги и напорите за обновување на директните преговори помеѓу Израелците и Палестинците, пред да се сретне со израелскиот колега.Папандреу, кој истовремено го држи и ресорот за надворешни работи во неговата влада, активно работеше на посредување помеѓу Арапите и Израел во периодот кога претходниот пат беше шеф на грчката дипломатија пред десет години.Двајцата премиери, покрај денешната средба, утре кратко ќе го посетат островот Парос, по што посетата на Нетанјаху завршува. Израел во последниов период ја засилува и воената соработка со Грција, особено во поглед на воените индустрии на двете земји.Во меѓувреме, односите на Израел со повеќедеценискиот единствен сојузник во регионот, Турција, се повеќе се влошуваат. Турција е, исто така, традиционален ривал на Грција. Израелски експерти на ова поле сметаат дека Израел мора да најде нов сојузник во регионот, а Тел Авив исто така се надева и дека затоплувањето на односите со Грција ќе ја присили Турција да го омекне својот став кон Израел. Но, тие предупредуваат и дека Турција сигурно нема така да ја протолкува посетата на Нетанјаху на Атина.„Сметам дека во Израел погрешно се разбра оти Турција ќе се почувствува загрозена или изнервирана од посетата. Дури мислам и дека никој во Турција нема ниту да ја забележи посетата. Турција на своите односи со Грција не гледа како на стратешки или воен ривалитет. Ова сигурно нема да ја натера Турција да ги преиспита своите односи со Израел“, вели Алон Лиел поранешен израелски висок дипломатски претставник во Анкара. Чиел исто така изгорено се сомнева дека Грција може да ја замени Турција како посредник помеѓу Израел и арапските држави.Грчките левичарски групи најавија демонстрации пред израелската амбасада во Атина, како знак на протест поради израелскиот напад врз хуманитарната флотила во мај и политиката за Блискиот исток
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кинески астронаути заробени во вселената откако беа погодени од вселенски отпад
Тројца кинески астронаути – Ванг Џие, Чен Жонгруи и Чен Донг – ќе мора да го продолжат својот престој на вселенската станица Тјангонг откако нивниот модул за враќање беше погоден од сомнително парче вселенски отпад, соопшти Кинеската вселенска агенција (CMSA).
Инцидентот се случил само неколку часа пред закажаното враќање на Земјата, што довело до одложување на мисијата Шенжоу-20. Засега не е познато колку е оштетена капсулата или кога екипажот ќе може да се врати.
Астронаутите кои престојуваат во Тјангонг од 24 април успешно ги предадоа должностите на новиот екипаж на Шенжоу-21, кој пристигна на 31 октомври. CMSA изјави дека во моментов се спроведува детална анализа на влијанието и проценка на ризикот за да се обезбеди безбедноста на сите шест астронаути на станицата.
Досега, кинеските власти не објавија никакви дополнителни информации за обемот на штетата или новиот датум на враќање.
Фото: принтскрин
Свет
ЕУ постигна договор за поврзување на Киев со Европскиот фонд за одбрана
Украина ќе биде поврзана со Европскиот фонд за одбрана – ова е вклучено во привремениот договор постигнат меѓу Советот на ЕУ и Европскиот парламент за мерки за стимулирање на инвестициите во одбраната во тековниот буџет на ЕУ со планот „Вооружете ја Европа“.
Одлуката ја нагласува континуираната посветеност на ЕУ кон безбедноста, отпорноста и постепената интеграција на Украина во европската одбранбена индустриска база.
За таа цел, двете институции се согласија да ја прошират финансиската поддршка на ЕУ во рамките на Хоризонт Европа за претпријатија со двојна намена и претпријатија поврзани со одбраната.
Договорот мора повторно да биде одобрен од Советот и Европскиот парламент пред официјално да стапи во сила.
Свет
Полска и Романија воведуваат нов систем на оружје за одбрана од руски беспилотни летала
Полска и Романија воведуваат нов систем на оружје за одбрана од руски беспилотни летала, по серијата повреди на воздушниот простор на земјите-членки на НАТО во последните неколку месеци.
Системот „Меропс“ со седиште во САД, доволно мал за да се смести во задниот дел на пикап со средна големина, може да идентификува беспилотни летала и да им се приближи, користејќи вештачка интелигенција за навигација кога сателитските и електронските комуникации се прекинати, објавува АП.
Покрај распоредувањето во Полска и Романија, „Меропс“ ќе го користи и Данска, изјавија воени претставници на НАТО, истакнувајќи дека одлуката е донесена како дел од напорите за зајакнување на одбраната на источниот дел на алијансата.
Целта е границата со Русија да биде толку полна со оружје што Русија дури и да не помисли на инвазија, од Норвешка на север до Турција на југ, изјавија претставници. Потребата за ваков вид технологија стана очигледна откако околу 20 руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор на почетокот на септември.
Авиони од повеќе милиони долари мораа да одговорат на беспилотни летала вредни десетици илјади долари.
Подоцна, Романија се соочи и со упад на беспилотни летала, додека аеродромите во Копенхаген, Минхен, Берлин и Брисел беа привремено затворени поради беспилотни летала.
Беспилотни летала се забележани и во близина на воени бази во Белгија и Данска, според написите.
Фото: принтскрин

