Свет
На Флорида четири починати од „источен коњски енцефалитис“

Двајца жители на Флорида починале во јули а уште двајца во август од tkn. „источен коњски енцефалитис“, а во Мичиген е пријавенo пцовисување на коњ за кој се сомнева дека бил заразен со вирус кој се пренесува преку каснување од комарец, пренесува WTVB
Според американското министерството за здравство вирусот познат како „источен коњски енцефалитис“ (ЕЕЕ) предизвикува воспаление на мозокот и најчесто ги напаѓа невакцинираните коњи. Не постои вакцина за луѓето против оваа болест од која умираат една третина од заболените, додека оние кои ќе се излекуваат претрпуваат поголемо оштетување на мозокот.Освен ЕЕЕ, во поголемиот број окрузи во Флорида се забележани и помал број случаи на инфекција од „западнонилскиот вирус“, кој исто така се пренесува преку комарци. На ист начин се пренесува и денга треската, која ја има во два јужни окрузи во Флорида.Годинава се регистрирани 28 случаи на денга треска кои се заразиле во Флорида и 67 заразени во странство. Денга треската најчесто се сретнува во централните и јужноамерикански држави.Властите на Флорида се трудат да ги спречат овие болести со уништување на комарците, а населението се советува да носи облека која штити од каснување и да користат средства кои ги одбиваат комарците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русија: Се надеваме на продолжување на конструктивните разговори со САД

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва се надева на продолжување на „корисните и конструктивни разговори“ со САД.
Лавров рече дека очекува разговорите да продолжат денес во Алјаска. „Никогаш не правиме планови однапред. Знаеме дека имаме аргументи, јасна и разбирлива позиција и ќе ја презентираме“, рече Лавров.
Тој додаде дека многу веќе е постигнато за време на посетата на Стив Виткоф, кој зборуваше во име на претседателот Трамп, и дека за тоа зборувал и претседателот Путин. „Се надевам дека ќе го продолжиме овој конструктивен разговор“, заклучи Лавров.
Свет
Белата куќа го објави распоредот за средбата Трамп-Путин

Белата куќа го објави распоредот за средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.
Во 6:45 часот наутро по источно време (11:45 часот наутро по македонско време), американскиот претседател треба да ја напушти Белата куќа за Анкориџ, Алјаска, каде што ќе се одржат разговорите.
Средба
Трамп и Путин треба да ги започнат своите разговори околу 11:00 часот наутро по локално време (21:00 часот по македонско време). Тие ќе се сретнат приватно, со присуство само на нивните преведувачи.
Враќањето на Трамп
Американскиот претседател планира да го напушти Анкориџ и да се врати во Белата куќа околу 17:45 часот по локално време (03:45 часот по македонско време).
Европа
(Видео) Украина разнесе руски брод што превезувал иранско оружје

Украинските специјални сили извршија напад врз руското пристаниште Оља во регионот Астрахан, погодувајќи брод што превезувал делови од беспилотните летала „Шахед“ и иранска муниција. Се сомнева дека украинските беспилотни летала истовремено нападнале рафинерија за нафта во регионот Самара, објавува „Киев пост“.
Според соопштението од Генералштабот, нападот е извршен во четврток во соработка со Силите за специјални операции и други единици на одбранбените сили, со цел да се намали способноста на Русија да спроведува воздушни напади.
Пристаништето Оља е еден од клучните логистички центри за увоз на воена опрема од Иран. Бродот „Порт Оља 4“, кој наводно превезувал делови за беспилотни летала и муниција, бил погоден. Проценката на штетите е сè уште во тек.
Рано утрово, беспилотни летала од Краснодар нападнаа рафинерија во градот Сизран во регионот Самара. Мештаните пријавија до 10 експлозии од 4 часот наутро, а снимки и фотографии од пожар во објектот се појавија на Телеграм. Руските власти сè уште не ја потврдија штетата.
Украина официјално не коментираше до моментот на објавување.
Руското Министерство за одбрана тврди дека неговата воздушна одбрана соборила 53 украински беспилотни летала преку ноќ.
фото: принтскрин