Свет
Њујорк како Скопје – паралелни собири за и против џамијата
Откако скопјани се изнагледаа и изнаслушаа аргументи „за“ и „против“ изградба на црква на централниот градски плоштад, „модата“ ги зафати и њујорчани кои во недела организираа два собира за џамијата во близина на урнатите Кули близначки од Светскиот трговски центар
Приврзаниците и противниците на изградбата на големиот исламски центар со џамија во непосредна близина на местото каде некогаш се издигнуваат кулите на Светскиот трговски центар урнати во терористичкиот напад од 11-ти септември 2001 г. во недела протестираа во центарот на Менхетен. Како што пренесува Reuters, до судир меѓу двете страните во наелектризираната атмосфера не дошло заради бројното полициско обезбедување.Полицијата го одржувала редот, покрај со бројната присутност и со подигнување барикади со што бил спречен блискиот контакт меѓу двете групи. Противниците на изградбата на џамијата на Менхетен носеле блузи со натписи „Не за џамијата“, фотографии од терористичките напади пеејќи го хитот на Брус Спрингстин „Born in the USA“. Како што пренесува CNN, бил забележан и натписот „Не се сите муслимани терористи, но сите терористи беа муслимани“. Според проценките на телевизијата, поборниците за изградба на џамијата ги имало околу 250 додека бројката на противниците е процената на 450. Натписите на транспарентите што ги носеле поддржувачите на изградбата на исламскиот верски центар, главно биле во одбран на уставното право на слобода на вероисповедта. Планот за изградба на исламски културен центар на местото каде во терористичкиот напад за кој се обвинети исламистичките радикали на Ал Каеда загинаа околу три илјади луѓе, поттикна во САД жестока јавна полемика, од која не е поштеден ниту американскиот претседател Барак Обама кој позитивно се изрази за слободата на изградбата на споменатиот центар. Републиканците оваа тема ја употребија за директни напад врз Обама, но неговата изјава не наиде на одобрување и кај неговите демократи, кои пред претстојните избори ќе се борат да ја задржат предноста во Конгресот. Покрај тоа, последните анкети заради искажаниот став на Обама, покажуваат дека се’ повеќе Американци погрешно сметаат дека нивниот претседател е муслиман.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

