Свет
Ослободени шест заложници од автобусот во Манила
Киднаперот на туристичкиот автобус со Манила ослободил шест заложници по три часа откако го извршил грабнувањето на автобусот, пренесе агенцијата Синхуа повикувајќи се на локалните медиуми
Во понеделник наутро полицаец кој добил отказ идентификуван како Роландо Мендоза вооружен со автомат М-16 киднапирал туристички автобус во центарот на главниот град на Филипини, барајаќи да биде вратен во службата. Во автобусот имало 21 турист од Хонгонг, потврдила за кинеската агенција, компанијата Hongthai Travel – туроператорот кој го организирал туристичкото патување на кинеските граѓани на Филипините, меѓу кои најмногу се жители на Хонгконг.Според последните податоци од филипинската полиција, грабнувачот ослободил шест заложници, три деца, водичот и две возрасни лица. Според агнцијата Синхуа, операцијата за ослободување на заложниците е следена и од претставници на амбасадата на Кина во Манила. Ова бил последен ден од престојот на кинеските туристи во Манила, чија возраст се движи од четири до 72 години, и тие во понеделник навечер требало да отапатуваат за Хонгконг. Според началикот на полицијата во Манила, Леокадио Сантијаго, се уште траат преговорите со грабнувачот. Тој во 1986 г. бил одликуван како еден од десетмината најдобри полицајци на Филипините, а во јануари годинава добил отказ откако бил осомничен дека помагал во изнуда и фалсификување докази. Инаку ова не е прво масовно киднапирање во филипинската престолнина. Во март 2007 г., сопственик на интернат од сиромашно предградие на Манила, Армандо Дукат грабна автобус со повеќе од 30 од неговите воспитаници сакајќи да го привлече вниманието на јавноста врз проблемите во образованието и сместувањето, како и на корупцијата на Филипините. Заложниците тогаш беа ослобдени истата вечер, откако властите ветија дека ќе обезбедат бесплатно образование за сите ученици на Дукат. Две седмици пред овој инцидент, група припадници на специјалната филипинска полиција извршија упад во судот во предградие на Манила, ослободувајќи група заложници. За време на операцијата, беа убиени грабнувачот каскадерот Алмар Виљегас и неговата девојка, додека заложниците биел ослободени без жртви. Причина за таа заложничка драма беше долгогодишното нерешавање на имотно-правен спор за сопственост врз земјиште.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

