Свет
Осум мртви во насилства во Ирак
Во неколку напади во петок во Ирак загинале осум лица, меѓу кои тројца од убиените се припадници на сунитските милиции кои преминаа на страната на владата во Багдад
Припадниците на сунитската племенска пара-полиција во областа северозападно од ирачкиот главен град , биле убиени по полноќ, откако вооружени лица го нападнале контролниот пункт кој го обезбедувале, пренесе AFP.Во центарот на Аш-Шакрат во домиантно сунитската покраина Сахедина, вооружени лица стрелале врз контролен пункт на локалната сунитската полиција, потврдил полициски извор за агенцијата. Тројцата припадници на паравоената формација Sahwa (Будење) или наречени уште и Синови на Ирак кои се под контрола на Советот за будење, биле убиени а други тројца биле ранети во истиот напад. Овие груапции се формирани од поранешни бунтовници кои склучија договор со американските војски и со ирачката влада и се свртија против нивните довчерашни соборци од редовите на ирачките сунити и локалната Ал Каеда. Според официјален Багдад, тие ја одиграле клучната улога во намалувањето на насилството во Ирак последните години.Ирачките безбедноснни сили објавија во петок дека уапсиле пет лица за кои тврдат дека се припадници на ирачката ќелија на Ал Каеда. Тие наводно признале дека организирале некои од нападите кои во средата беа зиведени со автомобили бомби. Во овие напади беа убиени вкупно 53 лица а ранети повеќе од 300.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

