Свет
Повеќе од 30 лица се разболеле од колера во источните области на Кина
Повеќе од 30 лица се разболеле со колера во источната кинеска провинција Анхој, пренесе кинеската агенција Синхуа цитирајќи ги локалните власти
<!– @page { margin: 0.79in } P { margin-bottom: 0.08in } –> Епицентарот на оваа опасна болест бил идентификуван во округот Меншен уште на 16-ти август. Од 33-ца хоспитализиран со дијагноза со потврдено заболување од колера, 13 луѓе биле излекувани и веќе ја напуштиле болницата, пренесува кинеската агенција. Според локалните здравствени власти, во главната болница во округот Анхој во моментот се спроведувале лабораториски истраги за речиси 40 локални жители. Тие се хоспитализирани со сомневање дека станува збор за присуство на опасната болест. Во споменатиот регин на исток од Кина се уште е на сила наредбата за затворање на сите ресторани и улични кисоци за брза храна. Дезинфицирани се и затворени и сите интернет- кафулиња и други објекти каде се служат прехранбени производи и пијалаци, а на дезинфекција се подложени и сите други јавни објекти и институции, пренесува агенцијата. „Ние ќе направиме се што е потребно за да се спречи ширењето на оваа зараза и појава на смртни случаи од болеста“, изјавил заменик-началникот на Одделот за здравство на округот, Ванг Лин. Според него, исто така, се прави и проверка на квалитетот на водата од сите извори кои се користат за вода за пиење во областа. Во округот Меншен живеат околу милион луѓе. Изворот на болеста се уште не е идентификуван. Со истрагата, било утврдено дека првите три пациента кај кои била потврдена колерата, се хранеле во три различни ресторани во градот. Колерата се акутни цревна инфекции предизвикана од бактерии од видот Vibrio cholerae. По правило се распростанува во форма на епидемии, предизвикувајќи брзо губење на телесните течности и електролити и дехидрација на различни степени до хиповолемички шок и смрт кај заразените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.