Свет
Неизвесно одржувањето на игрите на Комонвелтот
Спортските игри на Комонвелтот треба да се одржат во Индија од 3-12 октомври. Но како што стојат работите може да се случи тие да бидат откажани поради неподготвеноста на домаќините за големиот спортски настан
Дури и Tiems of India објави дека од 34 резиденцијални сместувачки капацитети само 18 се комплетни. Доцни завршувањето на санитариите, водоводот, електриката, интернет пристапот, покриеноста со телефонија. Претседателот на Федерацијата на игрите на комонвелтот Мајкл Фенел деновиве имаше контакти со владата на Индија заради настанатиот проблем. Роковите се пробиени. Индијците сега за два дена треба да завршат нешто за што е потребно 20 дена. Претседателот на Федерацијата на Нов Зеланд Дејв Кари на една радио станица изјави дека пред да одлучи дали спортистите од Нов Зеланд ќе учествуваат на игрите во Индија, ќе се консултира и со колегите од останатите репрезентации, но како што во моментов се работите сè повеќе изгледа дека домаќинот нема да биде подготвен за оваа манифестација.Ne само некомплетноста на објектите туку според некои репрезентации не се задоволени стандардите во сместувачките капацитети, па така четири репрезентации Нов Зеланд, Канада, Шкотска и Ирска добија сместување на нови локации. Конечната одлука за тоа дали некои репрезентации ќе останат или ќе ги напуштат игрите ќе се донесе деновиве.Овие поплаки на делегациите вчера беа во сенка на немилиот настан кога вооружено лице од мопед пукаше во туристи и рани двајца пред најголемата индиска џамија Џама Махид. Туристите се опоравуваат во болница, а напаѓачот не е најден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина ги повлекува тенковите Абрамс од борба: Пет од нив веќе се уништени во руските напади
Украина ги повлече од борбата тенковите Абрамс М1А1 испратени до неа од САД, делумно затоа што нападите со руски беспилотни летала ја попречија работата на тие тенкови и затоа што тие се цел на напади, изјавија за АП двајца американски воени претставници.
Засега, тенковите се преместени од првите линии на фронтот, а САД ќе соработуваат со Украинците за да најдат нова тактика за користење на тие тенкови, изјавија заменик-претседателот на Здружениот генералштаб, адмирал Кристофер Грејди и неименуван претставник на одбраната.
САД одобрија испраќање 31 тенк Абрамс во Украина во јануари 2023 година, откако украинските власти побараа нивна испорака, тврдејќи дека тенковите, кои чинат по околу 10 милиони долари, се од витално значење за пробивање на руските борбени линии.
Оттогаш фронтот значително се промени, особено поради употребата на руски извидувачки беспилотни летала, што им отежна на украинските сили да ги заштитат тенковите Абрамс од руски напади, бидејќи беспилотните летала брзо ги откриваат, наведува АП.
Агенцијата додава дека пет од 31 тенк Абрамс веќе се уништени во руските напади.
Свет
Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.
Во четвртокот, на состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објави Киев Индипендент.
„Во последните месеци, членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија“, рече Столтенберг.
Свет
Во Аргентина откриен нов вид диносаурус
Аргентинските палеонтолози објавија дека откриле нов вид диносаурус, наречен Chakisaurus nekul, кој живеел пред околу 90 милиони години во областа на денешна Патагонија.
Chakisaurus nekula е тревојаден диносаурус со средна големина, а фосилот е пронајден во природниот резерват Пуебло Бланко, во јужната провинција Рио Негро, каде што претходно биле пронајдени бројни остатоци од други диносауруси, цицачи и риби.
Се смета дека најголемиот чакисаурус достигнал големина од три метри во должина и 70 сантиметри во висина, а новите студии покажуваат дека овој тип на диносаурус трчал брзо и имал невообичаено закривена опашка, наведува Ројтерс.