Свет
Русија ќе потроши 466 милијарди евра на оружје
Русија ќе потроши 466 милијарди евра за купување на ново оружје во текот на 2011 и 2020 година, соопшти рускиот министер за одбрана Анатолиј Сердјуков
„Тоа е минималната сума што ни е потребна за да ги снабдиме вооружените сили со модерно оружје“, изјави Сердјоков.Првпат по неколку децении, Русија може да купи оружје од САД, изјавил министерот, а пренесува агенцијата Бгнес.„Ние сме заинтересирани за некои нови американски воени технологии. Има многу работи кои не интересираат, телекомуникациите како основа за автоматизираните системи за управување, како и информатичките технологии“, дополнил министерот.Иако предвидената сума нема во целост да ги задоволи потребите на Русија за наоружување, сепак министерот кажал дека и оваа бројка е доволна со оглед на другите буџетски трошоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

